Карлос Ејтор Кони (португалски: Carlos Heitor Cony) (14 март 1926, Рио де Жанеиро, Бразил) - бразилски писател.

Карлос Ејтор Кони (португалски: Carlos Heitor Cony) (14 март 1926

Животопис

уреди

Карлос Кони е роден во 1926 година, во Рио де Жанеиро, но кога бил на четиригодишна возраст неговото семејство се преселило во блискиот град Нитерои. Како последица на стресот што го преживеал при прелетување на хидроавион, Кони привремено ја загубил способноста за говор и до петгодишна возраст не прозборел ни збор. Оттука, за да избегне дополнителни стресови, неговото семејство одлучило да му обезбеди домашно образование. Во 1934 година, семејството на Кони повторно се вратило во Рио, а поради проблемите со говорот тој бил предмет на исмејување од неговите врсници. Подоцна, во текот на 1960-тите, Кони бил често прогонуван од воената диктатура. Инаку, целиот работен век го поминал како писател и новинар при што бил истакнат колумнист на „Folha de Sao Paolo“.[1]

Творештво

уреди

Во 1956 година, под влијание на Жан Пол Сартр, Кони го напишал романотУтроба“. Следната година, со делото „Секојдневна вистина“, напишано за само девет дена, учествувал на конкурс за најдобар роман при што ја освоил наградата „Мануел Антонио де Алмеида“. Во 1958 година го напишал романот „Безбедносна тула“ и повторно ја освоил истата награда. По избувнувањето на револуцијата во 1964 година, Кони продолжил интензивно да работи и ги објавил хрониките „Акти и факти“, романот „Пред летото“ и еден расказ вклучен во збирката „Седум смртни гревови“, објавена во 1964 година со учество на значајни имиња од интелектуалната елита на Бразил. Во 1974 година излегол деветтиот роман на Кони, „Пилат“ и тогаш објавил дека повеќе нема да пишува романи, така што следниот негов роман, „Квази меморија“, се појавил дури во 1995 година. Како признание на неговото творештво, Кони бил избран за член на Бразилската академија на уметностите. Исто така, тој бил добитник на бројни награди, меѓу кои и наградата „Мачадо де Асис“ за животно дело, којашто ја добил во 1996 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Антологија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 282-283.