Ден на бројот пи — два празника кои се слават помеѓу математичарите ширум светот, а со кои се одбележува важноста на бројот пи (π).

ПИ-та од јаболки на Институтот за информатика при УКИМ, Скопје
„π-пита“ од прослава на денот на Делфтскиот технолошки универзитет, Холандија
Славенички пити од Масачусетскиот технолошки институт, САД

Денот во математичкиот свет се слави секој 14 март, зашто ако го напишете датумот во облик на м.дд тогаш се добива наједноставната апроксимација на бројот π: 3,14.

Момент во текот на денот, кој е особено значаен е во 1 час и 59 минути (или наутро или попладне), бидејќи тогаш го бројот π е зададен со пет децимални места и изгледа вака: 3,14 1 59.

Со необврзувачка одлука на Конгресот на САД со која 14 март 2009 се прогласува за Национален ден на бројот π. Со ова им се предлага на училиштата да го одбележат денот на овој број.[1][2]

Денот на апроксимацијата на бројот пи

уреди

Во земјите како Македонија каде датумот се запишува во формат дд.мм вообичаено како ден на бројот π се одбележува 22 јули, односно 22/7.

Останато

уреди

Друг важен детал во врска со овој ден е тоа што на 14 март се одбележува роденденот на Алберт Ајнштајн.

Литература

уреди
  1. „H. Res. 224“. 2009-03-12. Архивирано од изворникот на 2014-12-10. Посетено на 2009-03-14.
  2. McCullagh, Declan (11 март 2009). „National Pi Day? Congress makes it official“. Politics and Law. CNET News. Архивирано од изворникот на 2022-03-18. Посетено на 14 март 2009.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди