Томо Шијак

македонски сликар

Томо Шијаковиќ-Шијак (15 март 1930 во Косово Поле29 декември 1998 во Скопје) — македонски сликар, меѓу првите македонски уметници што го проблематизирал сликарството како дисциплина.[1][2]

Томо Шијак
Роден Томо Шијаковиќ
15 март 1930
Косово Поле, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починал 29 декември 1998(1998-12-29) (возр. 68)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Народност Србин
Занимање сликар
Деца Ѓорѓи Шијаковиќ и Арна Шијак

Животопис

уреди

Шијак е роден во Косово Поле, тогашна Србија на 14 март 1930 година. Уште од најрана младост кај него се јавил огромен интерес за ликовно претставување на сопствените опсервации.

По завршувањето на средното уметничко училиште во Скопје, студирал ликовна уметност на Академијата за ликовни уметности во Љубљана, а потоа бил на студиски престој во Париз.

Самостојно излагал во Скопје, Белград и Ниш. Учествувал на Биеналето во Саун Пауло (1969) и на Биеналето во Венеција (1978). Имал доста изложби, исто и посмртно, чии дела ги наследил неговиот син Ѓорѓи Шијаковиќ, виш конзерватор.[3] Негова ќерка е глумицата Арна Шијак.[4]

Се занимавал со карикатура, илустрација, сценографија, плакат и фотографија. Во неговото творештво се разликуваат неколку фази: посткубизам, апстракција, варијанти на поп-артот и концептуални постапки, кои кон крајот на шеесеттите години резултирале во првите објекти во македонската современа уметност: мусандри и неомусандри. Во нив ги обединил сликарските, вајарските и дизајнерските аспекти. Овој модел на ликовно обликување просторно го применил во ентериерот на зградата на Градскиот комитет во Скопје (1970) и во хотелот „Дрим“ во Струга (1977).

Починал во Скопје на 29 декември 1998 година.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шијачки“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1652. Text "series " ignored (help)
  2. „ТОМО ШИЈАКОВИЌ – ШИЈАК“. ДЛУМ. Архивирано од изворникот на 2013-03-30. Посетено на 2013-05-05.
  3. „Рецензија - Шијаковите дела сугерираат студена рационалност и дишановска измерливост“. Нова Македонија. 14 мај 2012. Посетено на 2013-05-05.
  4. ГОСПОДЕ БОЖЕ: Името и идентитетот со жесток говор вчера на плоштад го бранеше глумицата Арна Шијаковиќ од Косово Поле!