Никола Анелка
Никола Себастјан Анелка (роден на 14 март 1979) — француски фудбалски тренер и поранешен играч, кој играл на позицијата напаѓач.
Никола Анелка | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 14 март 1979 | ||
Роден во | Ле Шене, Франција | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | м | 1,85||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Повлекување | 1 јануари 2016 (36 г.) | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1996-1997 |
![]() | 10 | (1) |
1997-1999 |
![]() | 65 | (23) |
1999-2000 |
![]() | 19 | (2) |
2000-2002 |
![]() | 39 | (10) |
2001-2002 |
→![]() | 20 | (4) |
2002-2005 |
![]() | 89 | (37) |
2005-2006 |
![]() | 39 | (14) |
2006-2008 |
![]() | 53 | (22) |
2008-2012 |
![]() | 125 | (37) |
2012-2013 | Шангај Шенхуа | 22 | (3) |
2013 |
→![]() | 2 | (0) |
2013-2014 |
![]() | 12 | (2) |
2013-2014 | Мумбаи Сити | 13 | (2) |
Репрезентација | |||
1998-2010 |
![]() | 69 | (14) |
Раководител на екипите | |||
2012 | Шангај Шенхуа (играч-тренер) | ||
2015 | Мумбаи Сити (играч-менаџер) | ||
|
Тој исто така е и поранешен репрезентативец на Франција.
Технички карактеристикиУреди
Поранешниот менаџер на Челзи, Карло Анчелоти го опишал Анелка како брз играч со одлични способности за игра во воздухот, техника, шут и фантастично движење без топка.
КариераУреди
КлубовиУреди
Анелка ја започнал својата кариера во Париз Сен Жермен, но набргу потоа се преселил во Арсенал каде му се приклучил на неговиот сонародник Арсен Венгер. Тој веднаш станал редовен член на почетната постава и ја освоил наградата за најдобар млад играч на годината следната сезона. Во 1999 година Реал Мадрид го ангажирал Анелка за £ 22.300.000, што било рекордна сума во тоа време, но тој не се снашол најдобро во мадридскиот клуб и се вратил во Париз Сен Жермен за договор од £ 20.000.000. Покрај редовните настапи во првиот тим во Париз, квалитетот на Премиер лигата го привлекува Анелка уште еднаш, и тој отишол најпрво на позајмица воЛиверпул во јануари 2002 година, а потоа му се приклучил на Манчестер Сити за 13.000.000 £ на почетокот на сезоната 2002-03.
По три сезони во Манчестер, тој се преселил во Фенербахче за две сезони пред да се врати во Англија приклучувајќи му се на Болтон - во договори вредни 7.000.000 и 8.000.000, милиони £ соодветно. Анелка направил трансфер во Челзи од Болтон за пријавена сума од 15.000.000 £ во јануари 2008 година. За време на неговите трансфери со текот на годините, неговата вкупна сума од трансферите изнесува нешто помалку од 90 милиони £. На 12 декември 2011 година, Шангај Шенхуа објавиле дека постигнале договор со Анелка за тој да му се приклучи на тимот во зимскиот трансферен прозорец.
Во јануари 2013 Анелка заминал на шестмесечен заем во италијанскиот Јувентус. Тој одиграл само три натпревари за Јувентус, но можел да биде задоволен со престојот во Италија бидејќи клубот го освоил скудетото во сезоната 2012-13, што за Анелка била трета различна титула државен првак по оние во Англија и Турција.
РепрезентацијаУреди
Анелка одиграл многу натпревари на репрезентативно ниво и ги освоил својоте први репрезентативни трофеи играјќи за Франција на Евро 2000 и на Купот на Конфедерациите следната година. Неговиот неуспех да се задржи на подолго на клупско ниво ги ограничило неговите репрезентативни настапи, но тој се вратил во репрезентацијата за Евро 2008. На 19 јуни 2010 година, Анелка бил исклучен од страна на француската фудбалска федерација по СП 2010 во Јужна Африка за "коментари насочени против националниот селектор, Ремон Доменек кого го нарекол неприфатлив за ФФФ, францускиот фудбал, како и принципите кои тие ги почитуваат. Два месеци подоцна, на Анелка му била дадена забрана за настап во репрезентацијата во наредните осумнаесет натпревари на Франција организирани од ФФФ, со што ја завршил својата репрезентативна кариера.
ТитулиУреди
КлупскиУреди
АрсеналУреди
- Премиер лига : 1997-98
- ФА Куп : 1997-98
- ФА Черити Шилд : 1998
Реал МадридУреди
- Лига на шампиони : 1999-2000
ПСЖУреди
- УЕФА Интертото куп : 2001
ФенербахчеУреди
- Супер лига : 2004-05
ЧелзиУреди
- Премиер лига : 2009-10
- ФА Куп : 2008-09, 2009-10
- ФА Комјунити Шилд : 2009
ЈувентусУреди
- Серија А : 2012-13
РепрезентативниУреди
Репрезентација на ФранцијаУреди
Надворешни врскиУреди
- Профил Архивирано на 16 ноември 2012 г. на SoccerSurfer.com
- Nicolas Anelka Free Sporting
- Профил на Шангај Шенхуа
- Никола Анелка