Мајкл Кејн (роден Морис Џозеф Мајклвајт; 14 март 1933) — англиски филмски глумец и автор. Кејн се појавува во повеќе од сто филмови и е еден од најпрепознатливите и најпочитуваните британски глумци.

Мајкл Кејн
Кејн во 2008 година
Роден(а)Морис Џозеф Мајклвајт
14 март 1933(1933-03-14)(91 г.)
Саутварк, Лондон, Англија
НационалностБританец
Занимањеглумец, автор
Активен период1956–денес
СопружникПатриција Хејнс
(1955–1962; разведени)
Шакира Кејн
(1973–денес)
Деца2 ќерки

Животопис

уреди

Кејн е роден во Саутварк, југоисточен Лондон,[1] од татко господин Морис Џозеф Мајклвајт, работник во рибен маркет, и мајка Елен Франсис Мери (моминско презиме Барчел), готвачка и чистачка по куќи. Таткото на Кејн е католик, па Кејн беше одгледан по протестантската религија на мајка му. Тој израсна во Камбервел, учел во училиштето Вилсон (во тоа време Wilson's Grammar School) и за време на Втората светска војна беше евакуиран во Норфолк. Во 1944 тој го положи неговиот завршен испит и го напушти училиштето на 16 години откако заврши четврти степен. Ја отслужи својата воена обврска од април 1952 до 1954, служејќи во Германија и во борба во Корејската војна.

Глумечка Кариера

уреди

Кога Кејн првпат стана глумец, тој го избрал глумечкото име Мајкл Скот. Неговиот агент наскоро го информирал дека некој друг глумец веќе го користи тоа име, и дека мора веднаш да смисли некое друго. Разговарајќи со својот агент од телефонска говорница во Лондон, Кејн разгледувал наоколу за инспирација, забележал дека филмот „Буната на Кејн“ (The Caine Mutiny) почнувал да се прикажува во киното Одеон, и одлучил да го смени своето име во Мајкл Кејн. Тој еднаш се пошегувал со еден новинар велејќи дека ако погледнел на другата страна ќе завршел како „Мајкл сто и еден далматинец“.[2]

Глумечката кариера на Кејн започна во Хоршам, западен Сасекс. Тој одговори на понудите за асистент на сценскиот менаџерот за Horsham – засновано на Westminster Repertory Company. Ова му овозможи пат до театарот „Carfax“. После неколку мали улоги, Кејн влезе во очите на публиката како британски воен офицер од висока класа во 1964 во филмот Зулу. Ова се покажало парадоксално, бидејќи Кејн порадо го користел регионалниот акцент отколку хитеро изговорот кој се сметал за правилен за филмските глумци. Во тоа време жаргонот на Кејн на работничка класа, исто како и ливерпулскиот акцент на Битлси се појавија пред американската и британската јавност. Зулу беше блиско пратен од две од неговите најпознати улоги: шпионот Хари Палмер во The Ipcress Filе (1965), и главен лик кој брка жени, во Alfie (1966). Тој продолжил да го игра Палмер и во подоцнежни два филма, Funeral in Berlin (1966) и Billion-Dollar Brain (1967). Кејн својот прв филм во САД го сними во 1966, по покана од Ширли МекЛејн да ја глуми спротивната неа во Gambit. Уште во првите две недели, додека престојувал во хотелот Beverly Hills, ги запознал Џон Вејн и агентот "Swifty" Лазар со кои останал во долгогодишно пријателство.

По завршувањето на 1960-тите со еднакво ироничниот филм „Италијанска работа“, со Ноел Кауард, и голема улога на RAF воен пилот, водач на ескадрила Canfield, во Battle of Britain (1969), Кејн влезе во 1970-тите со Get Carter, Британски гангстерски филм. Кејн беше доста зафатен низ 1970-тите, со успех вклучувајќи го и Sleuth (1972), спротивен Sir Laurence Olivier и The Man Who Would Be King (1975), глумејки со Шон Конери. До крајот на декадата, тој се пресели во САД, но неговиот избор на улоги почнуваше да бива критизиран. Тој снимаше во просек два филма годишно, но вклучувајќи ги и големите промашувања како што се The Swarm (1978), Beyond the Poseidon Adventure (1979), The Island (1980) и The Hand (1981). Иако имал и подобри улоги, како улогата во Educating Rita (1983) за коа ја доби наградата BAFTA и улогата во Hannah and Her Sisters (1986) за која доби Оскар, продолжи да се појавува и во небитни улоги како во Jaws: The Revenge (1987) и Bullseye! (1990). За него Кејн славно изјави „Го немам гледано филмот, но по се изгледа дека е ужасен. Како и да е, ја имам видено куќата која ја изгради и таа е ужасна“. 1990-тите беа добро време за Кејн, бидејќи имасе добри улоги. Раните 1990-ти ги карактеризира глумејки ги Ebenezer Scrooge во мјузиклот Muppet Christmas Carol (1992), злобник во On Deadly Ground (1994) каде главна улога имаше Steven Seagal, две продолженија како Harry Palmer и неколку телевизиски филмови. Како и да е, неговата репутација како поп икона беше сѐ уште недопрена, благодарение на улогите што ги имаше во филмовите како The Italian Job и Get Carter. Неговатаизведба во 1998-мата во Little Voice беше видена како враќање на формата и со неа освои Златен Глобус. Следеа уште подобри улоги, вклучувајќи ги The Cider House Rules (1999), за која го доби вториот Oscar, Last Orders (2001), The Quiet American (2002) и други кои му помогнаа да ја рехабилитира својата репутација. Некои од Кејновите класици беа преснимени да се доближат до понова, помлада публика, вклучувајќи ги The Italian Job, Get Carter, и Alfie. Во 2005-та го играше батлерот на Bruce Wayne во серијата филмови за Бетмен. Во 2006 се појави во филмовите Children of Men и The Prestige. Кејн беше номиниран за оскар 6 пати, освојувајки ја првата академска награда во 1968 за филмот Hannah and Her Sisters, а втората во 1999 за The Cider House Rules, и во двата случаи за споредна улога. Во 1993 беше назначен за Commander of the Order of the British Empire (CBE) аз неговите дејствија во драмата, а во 2000 беше „витезуван“ со што стана Sir Maurice Micklewhite. За разлика од повеќето глумци кои го присвојуваат своето уметничко име за секојдневна употреба, Кејн суште го користи своето вистинско име кога не работи. Кејн е популарен како импресионист и мимичар, со специфични гласовни манири, сепак, мошне лесно за имитирање. Повеќето заклучоци за Кејн ја вклучуваат неговата позната изрека „Не многу луѓе го знаат тоа“. Peter Sellers го иницираше ова кога тој се појави на Паркинсоновото шоу на BBC1 na 28.10.1972 и кажа „Не многу луѓе го знаат тоа“. Ова е мојата импресија за Мајкл Кејн. Гледате, Мајк секогаш цитира од Гинисовата книга на рекорди. Како од пушка, ќе каже нешто од книгата. „Сте знаеле ли дека на човек облечен како канаринец, му требаат пет и пол секунди да падне од врвот на Big Ben на земјата? Е, не многу луѓе го знаат тоа“. Во 1983, во филмот „Educating Rita“, на Кејн му беше доделена реченица со комична содржина која подоцна во телевизиската програма Harry Enfield's на Paul Whitehouse беше пародирана, претставувајки се себеси со реченицата "Моето име е Michael Paine, и јас сум соседот со голем нос." Кејн е еден од двата глумци номинирани за Academy Award за глума (било главна или споредна) во секоја деценија од 1960 па наваму. Другиот е Џек Николсон.

Музичка кариера

уреди

Caine е обожавател на chillout музиката и затоа тој прави компилирано микс ЦД наречено „Cained“ кое беше издадено во раниот Октомври. Според Caine, тој се сретнал со Елтон Џон, и разговарал за музичките вкусови, кога Кејн тврдел дека тој создал chillout миксови како аматер со години. Тој сега имал договор со EMI, верувајки дека ќе биде во регион од £5,000,000 годишно. Исто така, во музиката, Кејн изведил вокални примери за Британскиот бенд „Madness“ за нивниот хит во 1984 „Michael Caine“ на кој неговата ќерка беше обожавателка. Тој исто така пееше во некои филмски улоги, вклучувајќи го и мјузиклот „Muppet Christmas Carol“.

Приватен живот

уреди

Кејн живееше во близината на Leatherhead во Surrey. Исто така има живеено и во North Stoke, Oxfordshire; Clewer близу Windsor, Berkshire; и Chelsea Harbour во London. Тој беше женет со глумицата Патриција Хејнс од 1955 до 1958; тие имаат една ќерка, Доминик. Кејн беше женет и со глумицата и модел Шакира Бакш од 8 јануари 1973; тие имаат ќерка, Наташа. „Тој ја ожени Shakira Baksh во Лас Вегас, Невада, на 8 јануари 1973“. Кратко време откако почина неговата мајка, Кејн и неговиот помлад брат, Стенли, дознале дека имаат постар полубрат кој се викал Дејвид. Тој боледувал од тешка епилепсија и бил чуван во болница целиот негов живот. Иако нивната мајка редовно го посетувала својот прв син во болницата, дури ни нејзиниот сопруг не знаел дека тоа дете постои. Дејвид починал во 1992 година.

Кејн е обожавател на фудбалскиот тим Челзи. Тривијалните книги напишани од Кејн ги вклучуваат и „Not a Lot of People Know That“, “Not a Lot of People Know This Either“, „Michael Caine's Moving Picture Show“ и „Not A Lot of People Know This is 1988“. Продолжувајќи од книгите премина во National Playing Fields Association (сегашно Fields In Trust) во кој Кејн беше почитуван поддржувач.

Пријателството со Terence Stamp

уреди

Во 1960s, глумецот Terence Stamp и Кејн делеа апартман, пред и како што стануваа славни (Stamp првпат стана славен после номинацијата за Оскар за улогата во „Billy Budd“). Во неговата автобиографија, „Double Feature“, Stamp ги опишува променливите инциденти со Кејн, вклучувајќи го и моментот кога Кејн му ја понуди улогата во „Зулу“ која му беше најважна за почетокот на кариерата. Ова беше неколку часа пред триесеттиот роденден на Кејн, што тој си го постави како краен рок да го „направи“ или да го напушти глумецството. Исто така, Кејн се обиде да го присили Stamp да ја смени одлуката да ја одбие улогата во „Алфи“, улога на ѕвезда која Кејн подоцна ја прифати. Понатаму во автобиографијата, „What's it All About“, Кејн изјавува дека сѐ уште се буди испотен во ноќта гледајќи го Terence како се согласува да го прифати неговиот совет. Нивното пријателство завшува на крајот на шеесеттите, и тоа е објаснето во контраст во автобиографиите на Stamp и Кејнe.

Филмографија

уреди
Главна Филмографија
Zulu (1964) | The IPCRESS File (1965) | Alfie (1966) | Gambit (1966) | The Wrong Box (1966) | Funeral in Berlin (1966) | Billion Dollar Brain (1967)  | The Magus (1968)  | Battle of Britain (1969) | The Italian Job (1969) | Too Late the Hero (1970) | Get Carter (1971) | Kidnapped (1971) | Pulp (1972) | Sleuth (1972) | The Black Windmill (1974) | The Romantic Englishwoman (1975) | The Man Who Would Be King (1975) | The Eagle Has Landed (1976) | A Bridge Too Far (1977) | California Suite (1978) | Dressed to Kill (1980) | Victory (1981) | Deathtrap (1982) | Educating Rita (1983) | Blame it on rio 1984 The Holcroft Covenant (1985) | Hannah and Her Sisters (1986) | Mona Lisa (1986) | The Fourth Protocol (1987) | Dirty Rotten Scoundrels (1988) | Jack the Ripper (1988) | Mr. Destiny (1990) |The Muppet Christmas Carol (1992) |Noises Off (1992)  On Deadly Ground (1994) | Little Voice (1998) | The Cider House Rules (1999) | Quills (2000) | Miss Congeniality (2000) | Shiner (2000 | Last Orders (2001) | The Quiet American (2002) | Austin Powers in Goldmember (2002) | Secondhand Lions (2003) | The Statement (2003) | Batman Begins (2005) | The Weather Man (2005) | Bewitched (2005) | Children of Men (2006) | The Prestige (2006) | Flawless (2007) | Sleuth (2007) | The Dark Knight (2008) | Is There Anybody There? (2008)

Награди и номинации

уреди

Академски награди

уреди
  • 1966 - Номиниран - Најдобар глумец во главна улога - Alfie
  • 1972 - Номиниран - Најдобар глумец во главна улога - Sleuth
  • 1983 - Номиниран - Најдобар глумец во главна улога - Educating Rita
  • 1986 - Добитник - Најдобар глумец за споредна улога - Hannah and Her Sisters
  • 1999 - Добитник - Најдобар глумец за споредна улога - The Cider House Rules
  • 2002 - Номиниран - Најдобар глумец во главна улога - The Quiet American

Други награди

уреди
  • New York Film Critics' за Најдобар Глумец за филмот Alfie
  • BAFTA за Најдобар Глумец за филмот Educating Rita
  • Златен Глобус за Најдобар Глумец за Educating Rita
  • GQMan of the Year – Награда за Животно Постигнување
  • Златен Глобус за Најдобар глумец за Dirty Rotten Scoundrels
  • Златен Глобус за Најдобар глумец за Jack the Ripper
  • Златен Глобус за Најдобар глумец за Little Voice

Наводи

уреди
  1. Births England and Wales 1837-2006
  2. Close (2001-03-02). „Michael Caine (I) | Interviews | guardian.co.uk Film“. London: Film.guardian.co.uk. Посетено на 2009-10-17.

Надворешни врски

уреди