Вилхелм Бјеркнес
Вилхелм Бјеркнес (14 март 1862 - 9 април 1951) — норвешки физичар и метеоролог.
Вилхелм Бјеркнес | |
---|---|
Роден(а) | 14 март 1862 |
Починал(а) | 9 април 1951 |
Државјанство | Норвежанец |
Полиња | физика и метеорологија |
Бјеркнес е еден од основачите на метеорологијата како наука. Го основал Бергенскиот геофизички институт во 1917 г. и низа метеоролошки станици низ цела Норвешка. Врз основа на податоците добиени од тие станици, Бјеркнес и неговите соработници го откриле постоењето на воздушните маси разделени со фронтови и ја развиле теоријата што го опишува создавањето и исчезнувањето на воздушните фронтови.