Либен (Шпревалд)

град во Германија

Либен (Шпревалд) (германски: Lübben (Spreewald), долнолужички: Lubin (Błota)) — град и административно седиште на округот Даме-Шпревалд, во областа Долна Лужица, сојузната покраина Бранденбург, Германија.

Либен (Шпревалд)
Замок Либен
Замок Либен
Замок Либен
Грб на Либен (Шпревалд)
Либен (Шпревалд) во рамките на Германија
Либен (Шпревалд)
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Даме-Шпревалд
Градски единици 6
Градоначалник Лотар Бретербауер (ДХС)
Основни податоци
Површина 119,91 км2
Надм. височина 50 м
Население 13.966 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 116 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LDS
Пошт. бр. 15907
Повик. бр. 03546
Портал www.luebben.de
Местоположба на градот Либен (Шпревалд) во рамките на округот Даме-Шпревалд
Карта
Карта
Координати 51°57′N 13°54′E / 51.950° СГШ; 13.900° ИГД / 51.950; 13.900

Историја

уреди

Замокот Лубин во Лужичката марка бил првпат споменат во 1150, а самиот град добил градски права во 1220. Од 1301 градот бил во посед на монасите од Опатијата Добрилуг, кои го продале на војводата Рудолф I од Саксо-Витенберг во 1329. По неколку конфликти со маркгрофовите Вителсбах од Бранденбург, Лужичката марка конечно била освоена од императорот Карло IV во 1367, кој го припоил Либен во Кралството Бохемија. Во 15 век, Либен станал седиште на бохемискиот администратор и на покраинското собрание за Долна Лужица.

Во 1526, Хабсбуршката династија го наследила Кралството Бохемија, вклучувајќи ја Лужица, но во 1623 бил доделен на изборниот кнез Јохан Георг од Саксонија. Конечно со потпишување на Прашкиот мир, градот потпаднал под Саксонија. По Напеоновите војни повторно се нашол во пруската покраина Бранденбург.

Знаменитости

уреди
  • Биосферен резерварт Шпревалд
  • Замок Либен, повторно изграден на средновековни темели во 17 век
  • Дворец Нојхаус во Штајнкирхен, изграден во 1801
  • Романска црква Св. Панкрас во Штајнкирхен, изградена на почетокот на 13 век, една од најстарите зачувани цркви во Долна Лужица
  • Црква Паул Герхарт
  • Римокатоличка црква Св. Троица, изградена во 1862

Наводи

уреди
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди