Битерфелд-Волфен
Битерфелд-Волфен (германски: Bitterfeld-Wolfen) — град во округот Анхалт-Битерфелд, Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа во југоисточна Саксонија-Анхалт, западно од реката Мулде, е површина на која главно се наоѓа тешка индустрија и јагленокопи. Градот бил создаден со спојување на градовите Битерфелд и Волфен и општините Грепин, Холцвајсих и Талхајм на 1 јули 2007.
Битерфелд-Волфен | |
Битерфелд-Волфен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Анхалт-Битерфелд |
Градоначалник | Петра Вуст |
Основни податоци | |
Површина | 88 км2 |
Надм. височина | 75−90 м |
Население | 37.894 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 431 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | ABI |
Пошт. бр. | 06731–06749 |
Повик. бр. | 03493, 03494 |
Портал | www.bitterfeld-wolfen.de |
Местоположба на град Битерфелд-Волфен во рамките на округот Анхалт-Битерфелд | |
Координати | 51°37′N 12°19′E / 51.617° СГШ; 12.317° ИГД |
Географија
уредиБитерфелд-Волфен е 25 километри североисточно од Хале и околу 35 километри северно од Лајпциг. Источно се наоѓа езерото Мулдештаузе, јужно езерото Гојче, западно лежи Зандерсдорф. Градот се наоѓа во природниот резерват Битерфелдер Бергбауревие.
Соседни општини
уредиСоседни општини се (од север во насока на стрелките на часовникот) Рагун-Јесниц, Мулдештаузе, Делич, Зандерсдорф-Брена и Цербих.
Клима
уредиПросечната температура на воздухот во Битерфелд е 10,0 °C и годишни врнежи од 518 мм.
Историја
уредиСпојување на градот
уредиНа 1 јули 2007, независните градови Волфен и Битерфелд и општините Грепин, Талхајм и Холцвајсих биле споени да ги создадат новиот град Битерфелд-Волфен.
Битерфелд
уредиБитерфелд има околу 15.000 жители (2006). Бил првпат споменат во 1224. Како дел од Електорат Саксонија, потпаднал под пруската Провинција Саксонија во 1815. До административната реформа во 2007, бил главен град на округот Битерфелд.
Волфен
уредиВолфен има приближно 24.000 жители (2006). Се наоѓа северно од Битерфелд. Волфен бил првпат споменат околу 1400. Откривањето на јагленот во 1846 и изградбата на фабриката за бои Agfa во 1895 ја донела индустријата во градот, а со тоа и раст на градот.
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
- ↑ Deutscher Wetterdienst, Normalperiode 1961-1990