Јуденбург е историски град во Штаерска, Австрија.

Јуденбург
Поглед од југозапад
Поглед од југозапад
Грб на Јуденбург
Јуденбург is located in Австрија
Јуденбург
Јуденбург
Местоположба во Австрија
Координати: 47°10′21″N 14°39′37″E / 47.17250° СГШ; 14.66028° ИГД / 47.17250; 14.66028
Држава Австрија
Покраина Штаерска
ОкругМуртал
Управа
 • ГрадоначалникХанс Долешал
Површина
 • Вкупна13,22 км2 (510 ми2)
Надм. вис.&10000000000000737000000737 м
Население (1 јануари 2014)
 • Вкупно9.191
 • Густина700/км2 (2,000/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски факс8750
Повик. бр.03572
Регист. таб.MT
Мреж. местоjudenburg.at

Градот е административен центар на округот Муртал, кој бил создаден на 1 јануари 2012 година од поранешните окрузи Јуденбург и Кнителфелд. Претходно, градот бил главен град на истоимениот округ.

На 1 јануари 2015 година, соседните општини Обервег и Рајфлинг биле придодадени кон Јуденбург.

Географија

уреди

Јуденбург се наоѓа во средишниот дел на Австрија, 210 километри југозападно од главниот град Виена. Главниот град на покраината Штаерска, Грац, е оддалечен 90 километри источно од градот

Градот е сместен во долината на реката Мура. Над градот се издигаат Алпите, или поточно Зиталските Алпи. Градот се наоѓа на надморска височина од 740 метри.

Историја

уреди
 
Градската кула

Археолошките наоди укажуваат на тоа дека областа била населена најмалку од времето на келтското кралство на Норик. Јуденбург првпат бил спомнат во 1074 година како меркатум Југинбурх, пазариштен град во рамките на имотите на замокот Епенстеин, наследното седиште на баварското благородничко семејство Епенстајнер, кое владеело како штаерски маркгрофови во 11. век. Името буквално означува „еврејско гратче“, асоцирајќи на потеклото на градот како трговска населба на патот од долината на Мура низ планинскиот превој Обдах, во кое Евреите играле главна улога, и затоа се претставени во грбот на градот.

По исчезнувањето на династијата Епенстајнер во 1122 година, имотите биле предадени на штаерските отакари и во 1192 година на династијата Бабенберг, кои биле војводи на Австрија од 1156 година. Јуденбург ги добил своите градски привилегии во 1224 година и правото да наплатува патарини во 1277 година. Градот прераснал во важен трговски центар за железна руда која била ископувана во блискиот Ајзенерц, но исто и за келтската валеријана која се користела за изработка на парфеми во 13. и 14. век. На Јуденбург дури и му бил доделен монополски статус при трговијата со валеријана од хабсбушкиот император Фридрих III во 1460 година. По неколку погроми, сите евреи биле протерани од Војводството Штаерска по наредба на императорот Максимилијан I во 1496 година. По пробивот во Италија, генералот Наполеон Бонапарт направил свое седиште во Јуденбург и бил таму, во ноќта на 7–8 април 1796 година, кога го потпишал јуденбуршкиот договор со австријците.

На почетокот на 20. век, градот бил еден од центрите на австриската челична индустрија и исто така гаризон на австроунгарската војска. Од 1910 до 1914 година, еден од првите тролејбуси во Австрија ја поврзал јуденбуршката станица со центарот на градот. Денес, само малку е останато од поранешната индустрија, но Јуденбург останува индустриски и трговски центар. Во мај 1918 година градот бил место на неуспешен воен бунт.

Јуденбург станал дел од Третиот Рајх по австрискиот Аншлус со Германија во 1938 година. За време на втората светска војна, подкамп на концентрациониот логор Маутхаузен бил сместен во близина,[1] каде по војната бил основан центар за раселени лица. Јуденбург исто така бил еден од неколкуте градови кои го виделе предавањето на Козаците на црвената армија

Меѓународни врски

уреди

Збратимени градови

уреди

Јуденбург е член на Douzelage, единствена асоцијација на збратимени градови која се состои од 27 градови од Европската Унија.[2][3]

Наводи

уреди
  1. Christine O’Keefe.Concentration Camps.
  2. „Douzelage.org: Home“. www.douzelage.org. Архивирано од изворникот на 2010-02-17. Посетено на 2009-10-21.
  3. „Douzelage.org: Member Towns“. www.douzelage.org. Архивирано од изворникот на 2009-04-06. Посетено на 2009-10-21.

Надворешни врски

уреди