Биоград на Море  (хрватски: Biograd na Moru) — град и општина во северна Далмација, Хрватска и е значаен бидејќи бил  поранешен главен град на средновековното хрватско кралство. Во Биоград денес жиивеат околу 5.569 граѓани (2011). Биоград е административно дел од задарската жупанија. Градот се наоѓа на брегот на Јадранското Море, со поглед на островот Пашман, на патот од Задар и Сукошан кон Водице и Шибеник.

Биоград на Море
Biograd na Moru
град
Поглед кон Биоград
Поглед кон Биоград
Држава Хрватска
Жупанија Задарска
Управа
 • ГрадоначалникИван Кнез
Површина
 • Земјишна35,5 км2 (137 ми2)
Население (2011)[1]
 • Вкупно5,569
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код23210
Повик. бр.023
Мреж. местоBiogradnamoru.hr

Градот Биоград е туристичко место. Првите туристи почнаале да пристигнуваат во 1920-те години од Чехословачка, а нејзиниот прв хотел е изграден во 1935 година.

Географија уреди

Биоград на Море се наоѓа на 28 километри јужно од Задар. Се наоѓа на мал полуостров опкружен со два мали залива: Солина на југ и Бошана на север; пред него се островите Планац и Света Катарина. Просечната температура во јануари е 7.3 °C и 23.9 °C во јули.[2] Биоград е единствената населба во општината.[1]

Историја уреди

Раносредновековниот град бил изграден врз основа на постара црква од 6 век за време на владеењето на војводата Бранимир во 9 век. Зградата подоцна станала катедрала на епископот на Биоград. Една од многу значајните одлики на оваа зграда се полукружните потпорници, кои се наоѓаат само во зградите во Хрватска во тоа време.[3]

Градот првпат се споменува како Белградон во хрониката De Administrando Imperio во средината на 10 век.[4] Постојат тврдења дека епископијата е основана во ова време врз основа на повелба чија автентичност е оспорена. Така, ова не е универзално прифатено од историчарите.[3]

За време на војните помеѓу Хрватска и Венецијанската Република во 1000 година, градот бил окупиран за кратко време од Венецијанците. За тоа време Биоград бил како замок, а нејзините граѓани служеле под раководство на Витале Михиел како гувернер.[5]

Во поновата историја, српските сили наметнаа значителна штета од бомбардирањето во периодот 1991-1993 година за време на Хрватската војна за независност.[6]

Население уреди

Биоград на Море имал население од 5.569 жители според пописот од 2011 година. Мнозинството се Хрвати (95%).[7]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Население по возраст и пол, по населени места, попис 2011: Биоград на Море“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012.
  2. „O Biogradu“. hoteladria.hr (хрватски). Архивирано од изворникот на 2013-07-19. Посетено на 2013-11-19.
  3. 3,0 3,1 Nikolina Uroda, Biogradska katedrala, Muzej hrvatskih arheoloških spomenika-Split, Zavičajni muzej Biograd na Moru pp. 22
  4. http://www.enciklopedija.hr/Natuknica.aspx?ID=7739
  5. http://templari.hr/strucni-radovi/ZNANSTVENI%20RAD%20-%20Detaljna%20povijest%20grada%20Biograda%20na%20Moru.pdf
  6. N. Klaić, I. Petricioli, Zadar u srednjem vijeku do 1409., Prošlost Zadra - knjiga II, Filozofski fakultet Zadar, 1976, page 181.
  7. „Насееление по етничка припадност, по градови/општиин, попис 2011: Задарска жупанија“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012.

Надворешни врски уреди