Прец
Прец (германски: Preetz) — град во округот Плен, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Во градското јадро се наоѓа мало езеро, Кирхско Езеро.
Прец | |
Градското собрание на Прец | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Плен |
Градоначалник | Волфганг Шнајдер (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 14,4 км2 |
Надм. височина | 24 м |
Население | 16.024 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 1.113 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | PLÖ |
Пошт. бр. | 24211 |
Повик. бр. | 04342 |
Портал | www.preetz.de |
Местоположба на градот Прец во рамките на округот Плен | |
Координати | 54°14′12″N 10°16′56″E / 54.23667° СГШ; 10.28222° ИГД |
Историја
уредиПрвото спомнување на Прец потекнува од 1185 година, кога Екбрехт Пронцесис пишувал за местото Порец. Потеклото на името Прец се верува дека потекнува од словенскиот термин „по рече“ или „по река“. Во 1221 година, терминот „Порецие“ се појавил, а во 1442 година Преце.
Првата градска црква била изградена во 1210 година. Во 1211 година, грофот Албрехт фон Орламинде основал бенедиктански манастир: манастир Прец. Манастирот бил повторно основан од Адолф IV фон Шауенбург во 1226 година и бил доделен на монасите. Во 1268 година била изградена црквата во манастирот. Манастирот бил највисока административна власт до 1867 година и ја извршувал судската власт во градот.
Прец вовел улично осветлување во 1852 година. Железничката станица била изградена во 1864 година, а Градското собрание во 1871 година. Дабовото дрво пред Градското собрание, посадено во 1871 година, сè уште постои.
Ограничени градски права, Прец добил на 17 мај 1870 година, а целосните во 1901 година.
Познати луѓе
уреди- Алисон Мак — глумица
- Ото Армстер — офицер
Меѓународни односи
уредиЗбратимени градови
уредиПрец е збратимен со следниве градови:
- Бландфорд Форум, Велика Британија (од 1979 г.)[2]
- Штавенхаген, Германија (од 1990 г.)
- Тапа, Естонија (од 1990 г.)
- Неман, Русија (од 1991 г.)
Наводи
уреди- ↑ „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)
- ↑ „Dorset Twinning Association List“. The Dorset Twinning Association. Архивирано од изворникот 2012-06-21. Посетено на 1 август 2013.
Надворешни врски
уреди- Прец на Ризницата ?
- Официјална страница
Оваа статија за место во Шлезвиг-Холштајн е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |