Мурсија
Мурсија (шпански Murcia) — град во Југоисточна Шпанија, главен и најголем град на автономната заедница Мурсија. Мурсија е седми најголем град во државата со 442,573 жители во 2009 година (околу една третина од населението на регионот на Мурсија). Бројот на жители во метрополитенската област изнесувал 689,591 жител во 2010 година. Градот се наоѓа на реката Сегура, во североисточниот дел на Пиринејскиот Полуостров, каде што климатските услови опфаќаат жешки лета, благи зими и релативно ниско количество на врнежи.