Вилтен
Вилтен (германски: Wilthen) — град во округот Бауцен, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа близу границата со Чешка, 9 километри јужно од Бауцен и 50 километри источно од Дрезден.
Вилтен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Бауцен |
Градски единици | 3 |
Градоначалник | Михаел Херфорт (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 17,06 км2 |
Надм. височина | 288 м |
Население | 4.827 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 283 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | BZ |
Пошт. бр. | 02679–02681 |
Повик. бр. | 03592 |
Портал | Матична страница |
Местоположба на градот Вилтен во рамките на округот Бауцен | |
Координати | 51°6′N 14°24′E / 51.100° СГШ; 14.400° ИГД |
Географија
уредиСоседни општини се Обергуриг, Гроспоствиц, Киршау, Ширгисвалде, Штајнигтволмсдорф. Вилтен денес се состои од центалната населба и некои помали села. Делови на градот се именувани: Сора, Ингерсдорф и Таутевалде.
Историја
уредиВилтен првпат бил спомнат во 1222. Во 1669, селото добило статус на град и пазарно место. Но, сè уште се сметало како село, бидејќи одржувало само неколкупати годишно пазари. Триста години подоцна, повторно станал град. Од 1972, Вилтен е службено прогласен за воздушна бања (Erholungsort).
Култура, знаменитости и туризам
уредиГрадот се наоѓа во „Lausitzer Bergland“, ридски регион помеѓу Саксонска Швајцарија и Житавски Планини, во Лужичките планини. Вилтен нуди многу можности за туризам, како искачување и планинарење, воедно и голем број на ресторани.
Стопанство
уредиНа почетокот на 19-от век, градот започнал да станува познато место на текстилната индустрија, машинската, производството на пластика и алкохол. Важни претпријатија денес се: Wilthener Weinbrennerei/ Hardenberg Wilthen AG, KEW Kunststofferzeugnisse GmbH Wilthen, Lakowa GmbH Kunststoffbe- und verarbeitung, VTN Härterei Wilthen GmbH, SLM GmbH и Schumann Kies- und Hartsteinwerke.
Наводи
уреди- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
Надворешни врски
уреди- Вилтен на Ризницата ?
- Матична страница