Отвори го главното мени

Џерба (арапски: جربة За снимкава ˈʒɪrbæ) — најголемиот остров во Северна Африка, кој се наоѓа во Заливот Габес[1], на брегот на Тунис. Островот има површина од 514 км2. Според пописот од 2004 година, островот имал население од 139.544 жители, додека најновата официјална проценка (од 1 јули 2014 година) изнесува 163.726. Цитирајќи ја долгата историја на еврејското малцинство во Џерба, Тунис барал заштита на статус на светско наследство на островот на УНЕСКО[2].

Џерба
ISD highres ISS002 ISS002-749-82 3.JPG
Џерба is located in Тунис
Џерба
Џерба
Географија
МестоГабес
Површина514 км2
Управување
Најголема населбаХумт ел-Сук (pop. 75,904)
Демографија
Население163,726 (2013 Estimate)
Густина на население309 /km2 (800 /sq mi)
Етнички групиБербери, Арапи, Евреи and Црнци)

ИсторијаУреди

Легендата вели дека Џерба бил остров на Лотофагите (јадење лотос)[1][3], каде што Одисеј бил заглавен на неговото патување низ Средоземното Море. Традицијата на еврејското малцинство на Џерба вели дека во 586 година п.н.е., некои од свештениците на израелскиот храм кои биле во можност да избегаат од уништувањето на Ерусалим и храмот, се населиле во Џерба. Невообичаено висок процент на Евреи на островот до ден-денес го одржуваат семејниот статус на свештеничката каста, а генетската врска е потврдена со ДНК-тестирање[4].

Островот, кој се викал Менинкс до 3 век од н.е., вклучува три главни градови. Едниот од нив, чие денешно име е Бургу, се наоѓа во близина на Мидун во центарот на островот. Друг град, на југоисточниот брег на островот во Менинкс е наведен од Плиниј Постариот. Трет важен град бил древниот Харибус. Островот бил густо населен во римскиот и византискиот период, а веројатно и увезувал голем дел од жито што го трошиле неговите жители. Островот се појавува во Појтингеровата таблица во 4 век.

 
Тврдината Гази Мустафа

Во текот на средниот век, Џерба бил окупиран од муслиманите Ибади, кои го сметале за свој. Христијаните од Сицилија и Арагон ја оспориле сопственоста на островот со Ибадите. Останките од овој период вклучуваат бројни мали џамии кои датираат уште од 12 век, како и две значителни тврдини.

Островот бил контролиран двапати од норманското Кралство Сицилија: во 1135-1158 и во 1284-1333. Во текот на вториот од овие периоди бил организиран како феудално господарство со следните господари: 1284-1305 - Роџер I, 1305-1307 и 1307-1310 - Роџер II (двапати), 1310 - Карло, 1310 - Франсиск-Роџер III; исто така имало кралски гувернери, чии времиња на власт делумно се преклопуваат со оние на лордовите: 1305-1308 - Симон де Монтолиу, 1308-1315 Рамон Мунтанер.

Во 1503 година, пиратот Орук Барбароса и неговиот брат Хајредин Барбароса ја презеле контролата врз островот и го претвориле во нивната главна база во западниот Медитеран, со што ја довеле под контрола на Отоманското Царство. Шпанија започна катастрофален обид да го освои во ноември 1510 година. Во 1513 година, по три години во егзил во Рим, семејството Фрегози се вратило во Џенова, а Отавијано бил избран за дужд, а неговиот брат, архиепископот Федериго Фрегосо (подоцна кардинал), станал негов главен воспитувач, и бил ставен на чело на армијата и ја бранел републиката од внатрешните и надворешните опасности, особено потиснувањето на берберките пирати. Кортоголи од Тунис го блокирал брегот со ескадрила, а во рок од неколку дена заробил осумнаесет трговци, по кое добил команда од џеновската флота, во која служел и Андреја Дорија, да изврши инвазија и окупација на островот, враќајќи се во Џенова со голем плен.

Шпанските сили се вратиле во Џерба во 1520 година, и овој пат го освоиле островот. Двапати бил окупиран од Шпанија, од 1521 до 1524 и од 1551 до 1560 година.

На 14 мај 1560 година, отоманската флота, под команда на Пијале-паша и Драгут, ја поразиле Светата лига на Филип II во битката кај Џерба. Од тоа време до 1881 година, Џерба припаѓал на Отоманското Царство.

Подоцна, островот бил дел од францускиот колонијален протекторат, а подоцна кога Тунис прогласил независност, Џерба бил вклучен во составот на неговата територија.

Археолошко теренско истражување на Џерба спроведено помеѓу 1995 и 2000 година открило над 400 археолошки локалитети.

ГеографијаУреди

Островот има блага клима за регионот и плодна почва. Сепак, до воведувањето на сегашните нивоа на напредно наводнување и водоснабдување со вода, месецот октомври имал тенденција да обезбеди приближно 25% од вкупните годишни врнежи на дождот на островот. Летните дневни температури редовно достигнуваат многу високо ниво, што го прави раното човечко живеење помалку фаворизирано од северниот дел на земјата. Неговиот најголем град е Хумат Сук, со население од околу 65.000 жители. Познат по своите плажи и зајдисонца, островот е популарна туристичка дестинација, особено со француски, германски и италијански туристи. Ова е едно од ретките преостанати места во Тунис, каде сеуште се зборува берберски јазик. Друг фактор кој привлекува некои туристи во Џерба е дека, во 1976 година, градот Аџим бил користен како место каде биле снимени дел од сцените за филмот Војна на ѕвездите.

КлимаУреди

Климатски податоци за Џерба (1961–1990, 1898–денес)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 27.7
(81.9)
35.2
(95.4)
35.0
(95)
38.6
(101.5)
43.7
(110.7)
46.0
(114.8)
45.2
(113.4)
46.3
(115.3)
42.8
(109)
40.0
(104)
33.5
(92.3)
28.6
(83.5)
46.3
(115.3)
Прос. висока °C (°F) 15.9
(60.6)
17.5
(63.5)
19.5
(67.1)
22.0
(71.6)
25.5
(77.9)
28.6
(83.5)
31.9
(89.4)
32.3
(90.1)
29.9
(85.8)
26.0
(78.8)
21.3
(70.3)
17.1
(62.8)
24.0
(75.2)
Сред. дневна °C (°F) 12.5
(54.5)
13.5
(56.3)
15.2
(59.4)
17.8
(64)
21.0
(69.8)
24.4
(75.9)
26.9
(80.4)
27.7
(81.9)
25.9
(78.6)
22.3
(72.1)
17.3
(63.1)
13.7
(56.7)
19.9
(67.8)
Прос. ниска °C (°F) 8.9
(48)
9.2
(48.6)
11.0
(51.8)
13.4
(56.1)
16.4
(61.5)
19.7
(67.5)
21.9
(71.4)
22.9
(73.2)
21.6
(70.9)
18.2
(64.8)
13.7
(56.7)
10.2
(50.4)
15.6
(60.1)
Најниска забележана °C (°F) 0.0
(32)
1.0
(33.8)
4.0
(39.2)
5.0
(41)
6.0
(42.8)
12.0
(53.6)
15.0
(59)
14.0
(57.2)
14.0
(57.2)
10.0
(50)
3.0
(37.4)
1.0
(33.8)
0.0
(32)
Прос. врнежи мм (ин) 28.5
(1.122)
20.5
(0.807)
19.0
(0.748)
13.3
(0.524)
5.1
(0.201)
1.2
(0.047)
0.8
(0.031)
3.3
(0.13)
19.8
(0.78)
53.5
(2.106)
33.8
(1.331)
35.8
(1.409)
234.6
(9.236)
Прос. бр. врнежливи денови 4 4 3 3 2 1 0 0 2 4 4 4 31
Прос. релативна влажност (%) 69 67 66 66 65 66 63 65 69 68 67 70 67
Сред. бр. сончеви часови месечно 207.7 207.2 244.9 264.0 313.1 321.0 375.1 350.3 276.0 248.0 213.0 204.6 3.224,9
Сред. бр. сончеви часови дневно 6.7 7.4 7.9 8.8 10.1 10.7 12.1 11.3 9.2 8.0 7.1 6.6 8.8
Извор бр. 1: NOAA[5]
Извор бр. 2: Meteo Climat (record highs and lows)[6]
Климатски податоци за Џерба
Month Jan Feb Mar Apr May Jun Jul Aug Sep Oct Nov Dec Year
Average sea temperature °C (°F) 16.0
(61.0)
15.0
(59.0)
16.0
(61.0)
17.0
(63.0)
19.0
(66.0)
22.0
(72.0)
26.0
(79.0)
28.0
(82.0)
27.0
(81.0)
25.0
(77.0)
22.0
(72.0)
18.0
(64.0)
20.9
(69.8)
Mean daily daylight hours 10.0 11.0 12.0 13.0 14.0 14.0 14.0 13.0 12.0 11.0 10.0 10.0 12.0
Average Ultraviolet index 3 4 6 8 9 10 11 10 8 6 4 3 6.8
Извор#1: Weather2Travel (морска температура) [7]
Извор#2: Weather Atlas [8]

Администрација и населениеУреди

Островот се состои од три од три региони во рамките на Тунисскиот департман Меденин, именувани по трите градови кои ги формираат нивните административни центри:

Име Арапско име Население
Попис 2004
Население
Проценка 1 јули 2013
Џерба Хумат Сук جربة حومة السوق 64,919 74,808
Џерба Мидун جربة ميدون 50,459 58,575
Џерба Аџим جربة أجيم 24,166 25,558

КултураУреди

Во селото Ер-Ријад се наоѓа познатата синагога „ел-Гриба“ која се смета за една од најстарите во светот. Таа е предмет на обожување на Евреите од целиот свет, што довело до развој на туризмот со посетители од други развиени земји.

Тврдината Гази Мустафа се наоѓа во Хумат Сук. Исто така, на островот се наоѓаат уништени или зачувани антички и понови предмети од оригиналната локална архитектура од различни периоди.

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1   Jerba“. Енциклопедија Британика (XI) 15. (1911). Cambridge University Press. (англиски)
  2. Centre, UNESCO World Heritage. „Regional Workshop on the World Heritage Nomination Process“. UNESCO World Heritage Centre. конс. 6 December 2018. 
  3. Polybius; Strabo 1.2.17.
  4. „WATCH: Candle lighting in Djerba - a Jewish community to admire - Diaspora - Jerusalem Post“. www.jpost.com. конс. 6 December 2018. 
  5. „Jerba Climate Normals 1961–1990“. National Oceanic and Atmospheric Administration. конс. January 24, 2015. 
  6. „Станица Џерба“ (француски). Météo Climat. конс. 13 јули, 2017. 
  7. „Djerba Climate and Weather Averages, Tunisia“. Weather2Travel. конс. 19 July 2014. 
  8. „Djerba, Tunisia – Climate data“. Weather Atlas. конс. 4 April 2017. 

Надворешни врскиУреди

  Оваа статија содржи текст од дело сега во јавна сопственостGirba“. Католичка енциклопедија. (1913). Robert Appleton Company.

Координати: 33°47′N 10°53′E / 33.783° СГШ; 10.883° ИГД / 33.783; 10.883