Ресенска керамичка колонија
Ресенската керамичка колонија претставува меѓународна манифестација за вајарство која се одржува секоја година во Отешево и Ресен[1]. Колонијата е формирана во 1973 година, со цел да го сочува специфичното традиционално творештво на грнчарите од Ресен и да овозможи создавање современи остварувања во керамика. Во почетокот оваа манифестација била од југословенски карактер, за подоцна да прерасне во манифестација со меѓународен карактер. Во 2000 година колонијата станала и член на светското семејство на керамичари, куратори, музејски работници, ликовни критичари, високи школи, институти, факултетски центри, сите поврзани преку творештвото во керамика, во Меѓународната академија за керамика“. Ресенската керамичка колонија е една од 10те која е под закрила на УНЕСКО. Во ателјето кое се наоѓа во Отешево до 2010 година работеле 239 уметници од 28 држави од целиот свет и оставиле фонд од над 1.000 експонати. Галеријата на современа керамика е сместена во зградата „Сарај“ во Ресен и е формирана во 1991 година, каде на површина од 300 m² , се изложени повеќе од 400 дела од учесниците во Колонијата. Се смета за една од најбогатите збирки со автори, стилови од различни периоди, изразни средства и сл. на поширокиот простор на Европа. Оваа колонија се организира во рамките на манифестацијата Преспански јаболкобер, и се одржува во август.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Колонии“. Визит Пелагонија. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2012-05-19.
- ↑ „Почнува ресенска керамичка колонија“. Дневник. 3 август 2009, 11:13. Посетено на 2012-05-19. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Уникатната македонска уметничка колонија во Ресен - Southeast European Times (22 јули 2009)