Ахмед Нијази-бег
Ахмед Нијази-бег Реснели (турски: Resneli Ahmet Niyazi Bey, албански: Ahmet Njazi Bej Resnja, 1873 — 17 април 1913) — отомански војник, политичар, учесник во Младотурската револуција кој воедно е и еден од почетниците на истата во 1908 година. По потекло бил Албанец.
Ахмед Нијази-бег Ресенли Resneli Ahmet Niyazi Bey | ||
Роден | 1873 Ресен, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 17 април 1913 Валона, Албанија убиство | |
Националност | Албанец | |
Познат | водач на Младотурската револуција | |
Занимање | потполковник |
Животопис
уредиНијази-бег е роден во Македонија, во градот Ресен според кој го добива и прекарот Ресенли или во превод ресенчанец. Во армијата го добива чинот потполковник. Бил член на битолскиот комитет „Единство и прогрес“ и бил видно лице меѓу младотурците во Македонија. Со неговото одметнување во планина на 3 јули 1908 година започнала Младотурската револуција. На 5 јули упатил прокламација до христијанското население во Дебар, Преспа, Струга, Ресен и Охрид во кое го повикува на заедничка борба против султановиот апсолутизам.[1]
Во април 1909 година зема учество во задушувањето на контраударот против младотурците во Истанбул.
Во 1911 година учествувал во војната против Италија за Триполитанија.
Нијази-бег бил убиен во Валона, Албанија на 17 април 1913 година, од луѓе на султанот, на пат за Истанбул. Според друга верзија тој е убиен во Драч, качувајќи се на брод.[2] Според Петар Чаулев, Нијази-бег не бил убиен по нечие решение, туку поради лична омраза и одмазда.[3]
Сарајот на Нијази-бег во Ресен од 1978 година е Дом на културата.[4]
Галерија
уреди-
Изглед на домот на Нијази бег, во Ресен, 1909
-
Нијази бег, водач на Младотурската револуција. Фотографирано од браќата Манаки (пресликана)
-
Нијази бег во првиот ред, и Черчиз бег (на кој му е подигнат споменик во Гирокастра), на чело на своите единици. Снимени се на платото пред зградата на друштвото „Партизан“. Фотографирано од браќата Манаки (Битола, 1908) (скршена плоча)
-
Портрет на Нијази бег. Фотографирано од браќата Манаки (Скршена плоча, Битола, 1907)
Наводи
уреди- ↑ Јусуф Хамза „Младотурската револуција во Османлиското Царство“, „Логос-А“, Скопје, 1995, 535-538 стр.
- ↑ Хамза, цит. дело, 148 стр.
- ↑ П. Чаулевъ „Скипния (Албания)“, Цариградъ, 1924, 6 стр.
- ↑ Resneli Niyazi Bey & Niyazi Resnelioğlu
Литература
уреди- „Спомените на Нијази“, МАНУ, Скопје, 2011.
Надворешни врски
уреди- Виктор Цветаноски „Уриетот бил за да не се отцепи Македонија?“ Архивирано на 27 февруари 2009 г.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |