Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ресен
Св. Великомаченик Ѓорѓи — црква во градот Ресен, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Ресенско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Свети Великомаченик Ѓорѓи
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Ресенско |
Парохија | Прва ресенска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°5′22.8″N 21°0′31.9″E / 41.089667° СГШ; 21.008861° ИГД |
Место | Ресен |
Општина | Ресен |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓи |
Архитектонски опис |
Во црквата има две римски надгробни плочи од мермер. Едната е вградена во подот со натписот нагоре, а другата е во западниот ѕид однадвор. Таа стела има две полиња, на кои релјефно се претставени бисти на маж и жена. Плочите ое селото Козјак.[1]
„Свети Ѓорѓи“ долго време била единствената црква во Ресен. Во 1844, 1846 и 1848 година во неа работеле истакнатите зографи Михаил Анагност и син му Никола Михајлов.[2]
Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович напишал во „Очерк путешествия по Европейской Турции“:
„ | Град Ресна (Ресен), оддалечен на четири часа од езерото, е населен со Македонци[3] и има црква, посветена на Свети Ѓорѓи и грчко училиште“.[4] | “ |
Во 1872 г. со создавањето на Бугарската егзархија започнале жестоки борби помеѓу бугарската и грчката пропаганда. Така, во 1894 г. егзархиската општина ја изградила втората црква во градот — „Св. Кирил и Методиј“, додека „Св. Ѓорѓи“ продолжила да работи под врховенството на Цариградската патријаршија.[5]
Во 2012 г. градските власти решиле да постават часовник на камбанаријата на „Св. Ѓорѓи“. Ова бил потег за конечно враќање на градскиот часовник по уништувањето на старата Саат-кула во градот.[6]
Слики
уреди-
„Свети Онисифор, Света Матрона и Свети Порфириј“, 1849 г.
-
Икона на „Св. Кирил и Методиј“, 1868 г.
-
Иконостасот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
- ↑ Николоски, Дарко (3 - 5 јуни 2012, с. 355). „Прилог кон делото на зографот Никола Михаилов“ (PDF). Ниш и Византија XI: зборник радова. Симпозиум „Ниш и Византија XI“, Ниш. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-04-08. Посетено на 8 април 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Македонците ги нарекува „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Григорович, Виктор. Очерк путешествия по европейской Турции, 1877, стр. 108.
- ↑ Радев, Симеон (1969). Ранни Спомени. София: Български писател. стр. 263–264. Посетено на 14 март 2014 г. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „И Ресен имал своја саат-кула“. Општински Информативен Центар - Ресен. Архивирано од изворникот на 2019-05-01. Посетено на 2019-05-01.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ресен на Ризницата ?