Пимен (Ресен, 3 октомври 1971), роден како Сотир Илиевскивладика на МПЦ - ОА, митрополит на европската епархија[1].


Европска епархија

Пимен
Европски митрополит
На должноста
2006 – во служба
Претходник Горазд
Наследник нема
Лични податоци
Роден(а) 3 октомври 1971
како Сотир Илиевски
Ресен
Националност Македонец
Професија Митрополит на МПЦ-ОА
Вероисповед Православен христијанин

Животопис

уреди

Пимен е роден во Ресен во 1971 година. Уште како студент на Теолошкиот факултет, кај него се родила желбата да отиде во манастир, па по завршување на трета година факултет, заминал во Водочкиот манастир во Струмица во 1997 година, каде и го добил монашкиот потстриг. Набрзо потоа, станал игумен на истиот манастир, период кога и вонредно го завршил Теолошкиот факултет. На предлог на Синодот на МПЦ, како Архимандрит, заминал во Париз во 2004 година, на постдипломски студии на „Св. Сергеј“ факултетот, каде и ја обавува парохиската служба во тамошната црковна општина. За време на студиите, г. Пимен е хиротонисан, заедно со Методиј и Климент, при што станува викарен епископ Пољански и како таков е ракоположен на соборот на сите Македонски светии во октомври 2005 година во „Св. Софија“ во Охрид. Најпосле на 6 април 2006 е поставен за митрополит Европски, при што го сели седиштето на епархијата во Малме, Шведска[2].

Како митрополит, по барање на некои дневни весници и интернет портали пишува и колумни секогаш со теолошка содржина и смисла.[3]

 
Од осветувањето на иконостасот во Неиве

Библиографија

уреди

Наводи

уреди
  1. Заревска, Радмила (5 јануари 2011). „На МПЦ-ОА и треба добар маркетинг“. Нова Македонија. Архивирано од изворникот на 2015-04-18. Посетено на 2011-01-05.
  2. „ВИКАРЕН ЕПИСКОП ПОЛЈАНСКИ Г. ПИМЕН / INTERVIEW“. МПЦ - ОА. 3 мај 2005. Посетено на 2011-01-05.
  3. http://mpc.org.mk/vest.asp?id=4745

Надворешни врски

уреди