Национален парк
Национален парк — заштитен природен или полуприроден предел во сопственост на владата на една земја. Во ваквото подрачје се забранети градежни потфати, експлоатација на природните ресурси и менување на теренот, а се дозволува негово користење за рекреација и еколошки активности. Првиот национален парк во светот е Јелоустоун во САД, основан во 1872 г., иако самата идеја е постара. Првиот во Македонија е Пелистер, прогласен во 1948 г. Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП или IUCN), и неговата Светска комисија за заштитени области, националните паркови се класификуваат како заштитени области од II категорија. Најголемиот национален парк во светот е Североисточен Гренланд, основан во 1974 г. Според МСЗП во светот постојат околу 7000 национални паркови (2010).[1]
Критериуми
уредиВо 1969 г. МСЗП донеле одлука дека едно место е национален парк ако има релативно големо подрачје со особени својствени одлики.[2] За национален парк се смета место:
- со еден или повеќе екосистем кој не е материјално видоизменет со експлоатација и населување од човекот, каде раститтелните и животинските водиви, геоморфолошките места и живеалишта се од особен научен, образовен и рекреативен интерес и кои содржат природни предели со значителна убавина.
- каде највисокиот надлежен орган во земјата спречил и отстранил експлоатација и населување во целата област штом може и да налага почитување и заштита на еколошките, геоморфолошките и естетските особености поради кои областа е прогласена за национален парк.
- каде на посетителите им се дозволува влез, од посебни услови, за инспиративни, образовни, културни и рекреативи цели.
Во 1971 г. се донесени дополнителни критериуми за појасно утврдување на подобноста на една област:
Во Македонија
уредиВо Република Македонија има три национални парка:
Покрај ова, во постапка е разгледувањето за прогласување на Шара за четврт национален парк.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-07-28. Посетено на 2011-10-13.
- ↑ Gulez, Sumer (1992). A method of evaluating areas for national park status.
Надворешни врски
уреди- Национален парк на Ризницата ?
- Национални паркови во Македонија (македонски)
- За националните паркови во Македонија[мртва врска] (македонски)
- База на заштитени области во светот Архивирано на 18 октомври 2007 г. — ООН (англиски)
- Национални паркови во светот Архивирано на 19 јануари 2008 г. (англиски)