Светлана Христова-Јоциќ

Светлана Христова - Јоциќ (Ресен, 27 февруари 1941 - Скопје, 27 април 2012) — македонска поетеса, есеист и писател за деца. Завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како новинар во Радио Скопје. Била секретар и претседател на ДПМ и покренувач и главен и одговорен уредник на ревијата „Стожер“. Член e на македонскиот ПЕН центар и на ДПМ. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“.[1]

Светлана Христова - Јоциќ
Светлана Христова - Јоциќ на гробот на Петре М. Андреевски
Роден/а27 февруари 1941
Македонија Ресен
Починат/а27 април 2012
Скопје
Занимањепоет, есеист и романописец
ПартнерПетре М. Андреевски, Владо Јоциќ
ДецаСергеј Андреевски

Книжевно творештво

уреди
  • Калесница (поезија, 1970)
  • Скришен ковчег (поезија, 1974)
  • Сињо (поезија, 1980)
  • Последна битка (повест за деца, 1980)
  • Алка за нишалка (позија за деца, 1981)
  • Еа (поезија, 1984)
  • Хагада (поезија, 1987)
  • Зачатие (поезија, 1990)
  • Самечка ќелија (поезија, 1993)
  • Душница (избор поезија, 1993)
  • Гусларот (повест за деца, 1993)
  • Стровиште (роман, 1994)
  • Силенто (поезија, есперанто, 1995)
  • С. Бесмертна (поезија, 1996)
  • Голема молитва (поезија, 2000)
  • Крста и монистрото (2003)
  • На ште срце (поезија, 2012)

Извори

уреди
  1. Маринела Јовановиќ, Нада Филева: „Мал охридски литературно-научен лексикон“, Охрид 2002