Премиер лига на Англија

(Пренасочено од Премиер лигата)

Премиер лига на Англија (англиски: Premier League) или само Премиер лига — највисоката фудбалска лига во Англискиот лигашки систем. Во лигата се натпреваруваат 20 клуба и истата се состои од промоција и испаѓање од и во Фудбалската лига. Премиер лигата е најгледаната спортска лига во светот,[1] како и најбогатото фудбалско првенство.[2] Исто така, таа е фудбалска лига со најголеми приходи во светот, со вкупни приходи на тимовите од околу 1,93 милијарди фунти во сезоната 2007-2008.[3]

Премиер лига на Англија
ЗемјаАнглија Англија
Останати клуб(ови) одВелс Велс
КонфедерацијаУЕФА
Основана20 февруари 1992
Број на клубови20
Нивоа на пирамида1
Испаѓање воЧемпионшип лига (втора лига)
Домашен купФА Куп
Тековен првакМанчестер Сити Манчестер Сити (8. титула)
(2020-2021)
Најмногу титулиМанчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
(20 титули)
ТВ партнериСкај Спортс
Мрежно местоМрежно место
Трофеј
Премиер лига на Англија 2021-2022

Премиер лигата е основана на 20 февруари 1992, кога клубовите во Првата дивизија на Фудбалската лига решиле да се одделат од Фудбалската лига која била основана уште во 1888 година, за да искористат профитабилен договор за продажба на своите телевизиски права. Досега во неа учествувале 43 различни клуба, а само 7 од нив успеале да станат шампиони: Манчестер Јунајтед (13 пати), Манчестер Сити (6), Челси (5), Арсенал (3), Блекбурн Роверс (1), Лестер Сити (1) и Ливерпул (1). Актуелен шампион е Манчестер Сити, победник во сезоната 2021-2022.

Според УЕФА — во пресрет на сезоната 2020-2021 — таа е рангирана на второто место меѓу националните фудбалски лиги во Европа, мерено според достигнувањата на клубовите во последните пет години, и се наоѓа единствено зад шпанската Ла Лига.

Историја

уреди

Почетоци

уреди
 
Оригиналното лого на Премиер лигата

И покрај значајните европски успеси за време на 1970-тите и раните 1980-ти, доцните 1980-ти биле означени како најниска точка во англискиот фудбал. Стадионите се распаѓале, навивачите биле сè помалку заинтересирани, хулиганството се појавило повторно, а англиските клубови биле отстранети од европските натпреварувања за период од пет години, поради случувањата на стадионот „Хејсел“ во 1985 година.[4] Првата дивизија на фудбалската лигата, која била првото ниво на англискиот фудбал уште од 1888, сега била зад други лиги во светот како што била италијанската Серија А и шпанската Примера Дивисион, и според посетеноста и според приходите, а најдобрите англиски играчи оделе да играат во други земји.[5] Но, како и да е паѓачкиот тренд почнал да се намалува во 1990-тите со добрите резултати на англиската репрезентација на Светското првенство во 1990, каде стигнале до полуфиналето. Европското фудбалско власничко тело ја прекинала забраната со што англиските тимови заиграле повторно во Европските натпреварувања по 5 години пауза. Тејлор Репорт стандардот, за безбедноста на стадионите, за да се прекинат несреќите како онаа на Хилсборо бил прифатен во јануари истата година и дел од стадионите биле реконструирани.[6]

Телевизиските пари станале многу поважни, Првата Дивизија добивала 6,3 милиони фунти за двегодишен договор во 1986, но кога се обновувал договорот, во 1988, таа добивала 44 милиони фунти за 4 години.[7] Преговорите во 1988 биле прв знак дека лигата ќе се распадне. Десет екипи се заканувале дека ќе ја напуштат лигата и ќе оформат нова “Суперлига“, но најпосле биле наговорени да останат.[8] Како што се зголемиле капацитетите на стадионите и посетеноста и приходотите пораснале, но повторно најдобрите екипи најавувале дека ќе ја напуштат лигата, бидејќи не добивале доволно од зголемениот прилив на пари во спортот.

Основање

уреди

По завршувањето на сезоната 1990-1991, бил изнесен предлог за основање на нова лига, која ќе носи повеќе пари по натпревар. Договорот на членовите основачи, бил потпишан на 17 јули 1991 година од екипите што требало да се натпреваруваат во највисоката дивизија на лигата, со што биле утврдени основните правила за формирање на Премиер лигата.[9] Новоформираната највисока дивизија требало да има комерцијална независност од Фудбалскиот сојуз и Фудбалската лига, давајќи и дозвола на Премиер лигата да преговара за сопствени договори за емитување и спонзорства. Аргументот даден во тоа време бил дека дополнителниот приход ќе им овозможи на англиските клубови да се натпреваруваат со најсилните екипи низ Европа.[10] Грег Дајк човекот кој играл значајна улога во создавањето на Премиер лигата, сепак заедно со ITV (од кои бил дел и LWT) загубиле во наддавањето за правата на емитување: BSkyB победил со понуда од 304 милиони фунти во текот на пет години, а BBC го добиле пакетот за емитување на хајлајтси од натпреварите преку емијијата Натпреварот на денот.

Клубовите од Првата дивизија масовно се повлекле од Фудбалската лига во 1992 година, а на 27 мај истата година Премиер лигата била формирана како ограничена компанија, работејќи во канцеларија во тогашното седиште на Фудбалскиот сојуз во Ланкастер Гејт.[5] Тоа значело крај на 104-годишното раководење на Фудбалската лига со четирите дивизии. Од тогаш Премиер лигата раководи со една, а Фудбалската Лига со три дивизии. Немало измени во форматот на натпреварувањето, бројот на клубови бил ист, а отпаѓањето и влегувањето во лигата било исто како помеѓу старите Прва и Втора Дивизија.

Основачи на Премиер лигата биле следниве 22 клуба: Арсенал, Астон Вила, Блекбурн Роверс, Вимблдон, Евертон, Ипсвич Таун, Квинс Парк Ренџерс, Ковентри Сити, Кристал Палас, Ливерпул, Лидс Јунајтед, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Миделсбро, Норич Сити, Нотингем Форест, Олдам Атлетик, Саутхемптон, Тотенхем Хотспар, Челси, Шефилд Венздеј и Шефилд Јунајтед.

1992-1995; Почетокот на првенството и првите сезони

уреди

Триумфите на Манчестер Јунајтед со Алекс Фергусон

уреди
 
Марк Хјуз, еден од најзаслужните за титулите на Манчестер Јунајтед во првите две изданија на Премиер лигата.

Така набргу по основањето, првите натпревари во новоформираната Премиер лига на Англија тргнале со сезоната 1992-1993. Првите натпревари се одиграле во сабота на 15 август 1992. Првиот гол во новоформираната лига бил дело на Брајан Дин од Шефилд Јунајтед, кој само по пет минути игра ја затресол мрежата на Манчестер Јунајтед во победата на сечилата со 2-1 на Брамал Лејн.[11][12] Првата сезона во Премиер лигата завршила со победа на Манчестер Јунајтед, што била прва титула за црвените ѓаволи по 26 години чекање. Тие завршиле на врвот на табелата со удобни 10 бода предност пред вицешампионот Астон Вила. Норич Сити водел на табелата во поголемиот дел од сезоната, но нивните надежи за титулата згаснале во последните недели од сезоната останувајќи и математички надвор од игра на три кола пред крајот на сезоната, откако загубиле со 3-1 од Ипсвич Таун. Норич сепак завршил на третото место, изборувајќи пласман во европските натпреварувања. Кристал Палас, Мидлсбро и Нотингем Форест биле првите клубови кои испаднале од Премиер лигата. Теди Шерингам од Тотенхем Хотспар бил најдобар стрелец во сезоната 1992-1993, со 22 постигнати гола.

Во летото 1993 година, трансферот на Рој Кин од испаднатиот Нотингем Форест во Манчестер Јунајтед бил најскапиот трансфер регистриран од англиски клуб и изнесувал 3.75 милиони фунти. Засилени со 22-годишниот ирски играч од средниот ред, во сезоната 1993-1994 играчите на менаџерот Алекс Фергусон ја одбраниле титулата од претходната сезона. Манчестер Јунајтед воделе речиси од почетокот до крајот на второто издание на Премиер лигата, завршувајќи со 8 бодови предност во однос на нивниот најблизок конкурент Блекбурн Роверс, кои завршиле на второто место. На третото место завршил Њукасл Јунајтед, благодарение на фантастичната сезона на нивниот напаѓач Енди Кол, кој постигнал 34 гола и бил најдобар стрелец за сезоната.

Изненадувањето: Блекбурн Роверс 1994-1995

уреди

За време на сезоната 1994-1995, продолжиле да паѓаат нови рекорди во поглед на трансферите: пред почетокот на сезоната Блекбурн Роверс се засилиле со 21-годишниот напаѓач на Норич Сити, Крис Сатон, за рекорд од 5 милиони фунти, пред рекордот за најскап трансфер да биде срушен повторно во јануари 1995 година, кога најдобриот стрелец од минатата сезона Енди Кол преминал од Њукасл Јунајтед во Манчестер Јунајтед за 6 милиони фунти.

По доминацијата на Манчестер Јунајтед во првите две сезони во кои тие со убелдива предност пред конкурентите ја освојувале титулата, сезоната 1994-1995 донела многу поголема возбуда и трката за титулата останала отворена до последните мигови од првенството. Блекбурн Роверс предводени од клупата од играчката легенда на Ливерпул, Кени Далглиш, воделе на табелата од средината на првенството па сè до последното коло во кое влегле со два бода повеќе од бранителот на титулата Манчестер Јунајтед. Во последното коло, кое изобилувало со многу возбуда, сепак немало промена на табелата иако Блекбурн загубиле на гостувањето кај Ливерпул со 2-1, тоа не успеале да го искористат нивните конкуренти од Манчестер кои одиграле само 1-1 со Вест Хем Јунајтед, што за Блекбурн значело прва титула по 1914 година. Тајната на изненадувачкиот успех на Роверс лежела во нивиот убиствен напаѓачки тандем (наречен САС) Алан Ширер - кој постигнал 34 гола и бил најдобар стрелец за сезоната - и Крис Сатон, кои заедно постигнале 49 од 80-те голови на клубот во лигата. Манчестер Јунајтед на крајот морал да се задоволи со второто место, но на 4 март 1995 година го поставиле рекордот за највисока победа во историјата на Премиер лигата совладувајќи го Ипсвич Таун со 9-0 (рекорд кој трае до денес иако овој резултат бил постигнат уште еднаш од страна на Лестер Сити 24 години подоцна). Во истиот натпревар, рекордното засилување на клубот Енди Кол станал првиот играч во историјата на Премиер лигата кои постигнал 5 гола на еден натпревар.

1995-1998; Намалување на бројот на екипите

уреди

Како резултат на настојувањето на ФИФА, во 1995 година Премиер лигата го намалила бројот на екипи од 22 на 20, со што воедно се намалил и бројот на натпреварите од 42 на 38 кола. Тоа се случило така што на крајот од сезоната 1994-1995 испаднале 4 екипи, а нивните места од Првата дивизија влегле само 2 екипи.

Новите успеси на Јунајтед на Фергусон

уреди
 
Сер Алекс Фергусон е најуспешниот менаџер во Премиер лигата со 13 освоени титули, сите со Манчестер Јунајтед.

Првиот дел од сезоната 1995-1996 го обележила екипата на Њукасл Јунајтед, која, благодарение на импресивната низа позитивни резултати, изградила важна предност пред своите соперници. Манчестер Јунајтед фатил приклучок до лидерот, откако го добиле директниот судир на Олд Трафорд и успеале да се вратат на 4 бода од црно-белите на Кевин Киген, пред негативната серија на резултати што ја однела разликата меѓу првите два клуба на табелата на 12 бода. Сепак, на преостанатите 14 натпревари, „црвените ѓаволи“ (кои повторно можеле да сметаат на Ерик Кантона, кој се вратил по 8-месечната суспензија која му била изречена во јануари претходната сезона) забележале 12 победи едно реми и еден пораз, додека Њукасл не можел да го поднесе притисокот во борбата за титулата и паѓале повеќепати: поразите во директниот судир одигран на Сент Џејмсис Парк и оној со 4-3 од Ливерпул на Анфилд биле кобни. Со прокоцкано водство, Њукасл се нашол на второто место поради послабата гол-разлика, и не успеале да ги добијат последните два натпревари во лигата, а Јунајтед ја освоил својата третата титула во последните четири години на Премиер лигата сите под водството на Фергусон.

Слично како и во претходната сезона така и во следната како главни фаворити за титулата влегле Манчестер Јунајтед и Њукасл Јунајтед, вторите засилени со најдобриот стрелец во претходните две изданија Алан Ширер од Блекбурн Роверс. Сепак, ниту третата сезона по ред во која Ширер завршил како најдобар стрелец (со 25 гола), ниту тренерската смена која во Њукасл го довела Кени Далглиш (единствениот менаџер до тој момент кој ја имал освоено Премиер лигата покрај Фергусон) на местото на Кевин Киген не им помогнала на страчките да ги симнат од престолот црвените од Манчестер кои повторно минале низ целта како први освојувајќи ја четврта титула во Премиер лигата. Њукасл завршил на второто место, со ист број на бодови како и Арсенал и Ливерпул.

Првата титула на Арсенал

уреди
 
Арсен Венгер, менаџерот кој го одвел Арсенал до првата титула во Премиер лигата.

Мини серијата од две последователни титули на Манчестер Јунајтед била прекината во сезоната 1997-1998, од страна на Арсенал на Арсен Венгер. Екипата составена од играчи како Денис Бергкамп, Ијан Рајт, Патрик Виера, Марк Овермарс, Дејвид Симан итн. покажала одлични перформанси во текот на оваа сезона и сосема заслужено на 3 мај 1998 година, на две кола до крајот на сезоната, топџиите ја освоиле својата прва титула во Премиер лигата. Во конечниот пласман, Арсенал за само еден бод зад себе го оставил Манчестер Јунајтед, со што било отворено ново поглавје во ерата на Премиер лигата - во кое овие два клуба помеѓу себе одлучуваат за титулата и го имаат главниот збор во лигата.

1998-2004; Доминацијата на Манчестер Јунајтед и Арсенал

уреди
 
Играчите на Манчестер Јунајтед ја слават титулата во сезоната 1998-1999.

Три по ред за Манчестер Јунајтед

уреди

Откако Арсенал се закитил со својата прва титула, следел реванш од екипата на Фергусон кои ја освојувале титулата во следните три сезони по ред, па во секоја од нив Арсенал морал да се задволи само со второто место. Засилени со играчи како Јап Стам, Двајт Јорк и Јеспер Бломквист, црвените ѓаволи имале фантастична сезона освојувајќи тројна круна: ја вратиле титулата од Премиер лигата во Манчестер завршувајќи со бод повеќе од топџиите благодарение на победата со 2-1 над Тотенхем во последното коло, го освоиле ФА Купот победувајќи го Њукасл во финалето и во едно од највозбудливите финалиња во историјата на Лигата на шампионите го совладале германскиот Бајерн Минхен со 2-1.

Следната сезона Јунајтед бил пресилен за сите екипи во лигата забележувајќи биланс од 28 победи, 7 нерешени и само 3 порази, со што поставиле рекорд со 91 бод за најмноу освоени бодови во Премиер лигата откако лигата била намалена на 20 клубови и со само еден помалку во однос на нивното достигнување во сезоната 1993-1994 кога во првенството со 22 екипи тие освоиле 92 бода. На второто место одново завршил Арсенал, а третото место го освоила екипата на Лидс Јунајтед за која ова бил најдобриот пласман од основањето на Премиер лигата.

Ништо посебно на врвот од табелата не се променило ниту за време на сезоната 2000-2001: Манчестер Јунајтед освоил нова титула, со што за првпат успеале да поврзат три премиерлигашки титули по ред, нешто што не им успеало во претходните два обида во 1995 и 1998 година кога потрагата за трета последователна титула ја завршувале на второто место зад Блекбурн и Арсенал. Топџиите одново завршиле на второто место, за трета последователна година, откако на крајот останале на 10 бода зад екипата на Фергусон. Оваа сезона исто така го донела и враќањето на Ливерпул во топ 3 за трет пат од основањето на Премиер лигата по 1996 и 1998 (во сите три случаи завршиле на третото место).

Арсенал, повторно Јунајтед и Непобедливите

уреди
 
Тјери Анри, ѕвездата на Арсенал во периодот 1999-2006 и еден од најзаслужните за успесите на топцџиите во првата половина на 2000-тите години.

Првото издание на Премиер лигата спонзорирано од Барклис, донело отворена борба за титулата како никогаш порано,[13] а потстрек повеќе затоа бил и факотот што лигата ја надминала германската Бундеслига на рангирањето на УЕФА и добила уште едно место во Лигата на шампионите (сега имале 4 места наместо досегашните 3). Три години после нивната прва титула во Премиер лигата и после три последователни втори места, фудбалерите на Арсенал конечно успеале да го симнат Манчестер Јунајтед од врвот и да ја освојат својата втора титула во ерата на Премиер лигата и 12-та вкупно во клупската историја. Предводени од клупата одново од Венгер и неговите француски сонародници на теренот напаѓачот Тјери Анри кој постигнал 24 гола (и бил најдобар стрелец за сезоната) и Робер Пирес кој имал 15 асистенции, топџиите математички ја обезбедиле титулата во претопоследното коло победувајќи на Олд Трафорд токму против Манчестер Јунајтед со 1-0. Исто така сезоната 2001-2002 донела крај на серијата од четири сезони по ред во ретроспектива во кои овие два клуба завршувале на челните две позиции, откако Ливерпул предводен од Жерар Улие овојпат се пласирал меѓу нив на второто место - што бил нивниот најдобар пласман од основањето на Премиер лигата. Така, завршувајќи на третото место Манчестер Јунајтед го регистрирал својот најслаб пласман во ерата на Премиер лигата и за првпат се нашле под едно од првите две места уште од сезоната 1990-1991 во старата Прва Дивизија во која завршиле како шести. Дополнителното четврто место кое од оваа сезона водело во Лигата на шампионите го освоил Њукасл Јунајтед.

 
Руд ван Нистелрој со 25 гола му помогнал на Манчестер Јунајтед да триумфира во сезоната 2002-2003.

По слабата сезона, за која во Манчестер Јунајтед сметале дека причината била одбраната, летото 2002 година во клубот го донело Рио Фердинанд од Лидс Јунајтед за рекорден износ дотогаш платен за одбранбен играч. Дваесет и тригодишниот централен одбранбен играч, брзо се вклопил во составот на Фергусон и донел сигурност во последната линија со која подоцна ќе управува во текот на цела една декада. Благодарение на ова, црвените ѓаволи повторно имали тим со кои можеле да му се спротивстават на Арсенал во борбата за титулата. Од почетокот па сè до поголемиот дел на првенството во предност бил бранителот на титулата, Арсенал, кој пристигнал во месец март на пет бода разлика од Манчестер Јунајтед. На крајот на април топџиите претрпеле пад што им овозможил на црвените ѓаволи да ги престигнат лидерите и да остварат предност од 3 бода пред соперниците кои, сепак, имале уште натпревари да се опорават. Сензационално реми против Болтон, во кое лондончаните прокоцкале два гола предност, се чини го донело решавачкото бегство; Арсенал го загубиле последниот натпревар на домашен терен против потонатиот во голема финансиска криза Лидс Јунајтед и се предале, наоѓајќи утеха во ФА купот. Од друга страна Јунајтед ја вратиле титулата кај себе по само една година, нивна 15-та вкупно и 8-ма од 11 сезони во Премиер лигата. Нивниот напаѓач Руд ван Нистелрој постигнал 25 гола и бил најдобар стрелец за сезоната.

 
Церемонијата на доделувањето на трофејот на Непобедливите.

Во сезоната 2003-2004, судбината уште еднаш се сменила во корист на Арсенал, кои повторно ја презеле круната од Манчестер Јунајтед. Иако имале релативно тивко трансфер лето, во кое единственото ново засилување бил новиот голман Јенс Леман, играчите предводени од Арсен Венгер доминирале низ целата сезона во Премиер лигата освојувајќи ја титулата без ниту еден пораз (26 победи и 12 нерешени) - што се случило за прв и до денес единствен пат во историјата еден клуб да ја освои Премиер лигата без ниту еден пораз. Како резултат на ова, оваа екипа на Арсенал била наречена Непобедливите, прекар кој претходно го имала само екипата на Престон Норт Енд, која ја освоила титулата во првата сезона во старата Прва Дивизија. Напаѓачот Тјери Анри, одново бил талисманот на топџиите со своите 30 гола кои му ja донеле и втората награда златна копачка. Подржани од новиот сопственик, русинот Роман Абрамовиќ, второто место го освоила амбициозната екипа на Челси, станувајќи само втората екипа во периодот 1998-2004 која успеала да се пробие меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед после Ливерпул во 2002 година. Бранителот на титулата, Манчестер Јунајтед, останал на третото место, додека четврти овојпат завршил Ливерпул.

2004-2010; Годините на Големата четворка

уреди
Сезона АРС ЧЕЛ ЛИВ МЈУ
2004–05 2 1 5 3
2005–06 4 1 3 2
2006–07 4 2 3 1
2007–08 3 2 4 1
2008–09 4 3 2 1
2009–10 3 1 7 2

Периодот 2004-2010 во Премиер лигата протекол во доминација на четири екипи: Арсенал, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Челси, кои токму поради тоа биле наречени големата четворка. Овие клубови ги окупирале челните позиции речиси во секоја од шестте одиграни сезони во овој период и речиси секоја сезона тоа биле екипите кои ја претставувале Англија во Лигата на шампионите. Исклучоци се видени само во сезоната 2004-2005, кога Евертон завршиле пред нивните градски ривали Ливерпул - иако црвените како освојувачи на Лигата на шампионите добиле можност да учествуваат и да ја бранат титулата во следната сезона, со што англиската Премиер лига станала првата земја која имала 5 претставника во најсилното европско натпреварување - и во сезоната 2009-2010 кога Тотенхем ја искористиле слабата сезона одново на Ливерпул за да изборат место во топ 4. Сепак, иако овој шесттгодишен период го одбележале екипите од големата четворка, само две од нив можеле да се пофалат со освојување на титула, Челси и Манчестер Јунајтед, кои триумфирале по три пати.

Двете титули на Челси предводен од Мурињо

уреди
 
Фудбалерите на Челси ја слават титулата.

Сезоната 2004-2005 донела нов шампион во Премиер лигата, тоа била екипата на Челси, која ја освоила својата втора титула англиски шампион, прва после 50 години чекање, и им се придружила на Манчестер Јунајтед, Арсенал и Блекбурн Роверс како четвртата различна екипа која го подигнала пехарот на Премиер лигата од основањето на истата. Откако во минатата сезона добиле нов сопственик, големите инвестиции за сините продолжиле и во летото 2004, а клубот добил и нов тренер во португалецот Жозе Мурињо кој го заменил на клупата Клаудио Раниери. Под водството на Моурињо, Челси бил доминантен во текот на целата сезона забележувајќи само еден пораз (0-1 од Манчестер Сити во 9-тото коло) и на крајот ја освоиле титулата со дури 12 бодови повеќе од градскиот ривал и бранител на насловот, Арсенал. Манчестер Јунајтед го освоил третото место, Евертон завршил четврти - нивен највисок пласман од 1988 година -, а Ливерпул и покрај тоа што завршил петти, како победник на Лигата на шампионите добил можност да ја брани титулата но тргнувајќи од првото квалификациско коло. Со тоа Премиер лигата станала првата фудбалска лига која имала пет претставника во елитното европско натпреварување. По 27 години играње во најсилната англиска лига, Саутхемптон кој била и еден од основачите и играл во секоја сезона од Премиер лигата од основањето, испаднала од неа во сезоната 2004-2005.

 
Жозе Мурињо, го водел Челси до две титули во Премиер лигата во 2005 и 2006 година.

Следната сезона екипата на Мурињо успеала да ја одбрани титулата без поголеми проблеми завршувајќи повторно со комфортна предност од 8 бодови, овојпат пред Манчестер Јунајтед, додека останатите две места во топ 4 ги пополниле другите две екипи од таканаречената Голема четворка, Ливерпул и Арсенал. И во двете шампионски сезони најдобар стрелец на Челси бил играчот од средниот ред Френк Лампард.

Новата доминација на Манчестер Јунајтед со нови три титули по ред

уреди

Сезоната 2006-2007 не започнала поразлично од претходните две: одновно Челси бил на врвот, но за разлика од претходно во текот на оваа сезона сините на Мурињо се бореле и со надворешен непријател - проблемите со повреди на голем број играчи, што пак од друга страна му дало можност на Манчестер Јунајтед да избие на чело на табелата на почетокот на ноември. Стекнатата предност црвените ѓаволи ја сочувале до крајот на првенството, што ги вратило на тронот со освојувањето на нивната 16-та титула, прва по три години пауза. Меѓу најзаслужните за успехот на Јунајтед бил Кристијано Роналдо, кој постигнал 17 првенствени гола, и се наметнал како нов лидер на клубот во претстојниот период. Челси на крајот го освоиле второто место, со шест бодови помалку од шампионот, а на третото и четвртото место немало промена во однос на претходната сезона, трет бил Ливерпул, а четврти Арсенал. Последните, исто така, ќе ја паметат оваа сезона по преселбата на нивниот нов дом Емирејтс, оставајќи го историскиот Хајбери, поставен на уривање, по 97 години постоење.

 
Кристијано Роналдо една од главните ѕвезди на тимот на Манчестер Јунајтед кој освоил три титули по ред во периодот 2007-2009.

Следната сезона екипата на Фергусон, предводена уште еднаш од Кристијано Роналдо - најдобриот стрелец за сезоната (31 гол) - успеала да ја одбрани титулата со два бода повеќе од Челси, кој пак по слабиот почеток го отпуштил тренерот Мурињо и го заменил со Аврам Грант. Непроменета останала и двојката зад водечкиот тандем: повторно тоа биле Ливерпул и Арсенал, со тоа што за разлика од претходните две сезони овојпат топџиите завршиле на третата позиција, а Ливерпул со силната серија на крајот од сезоната се изборил за четвртото место и пласман во Лигата на шампионите пред градскиот ривал Евертон. За одбележување во оваа сезона е кошмарниот шампионат на Дарби Каунти; овните испаднале уште во март и притоа поставиле неколку негативни рекорди во историјата на англиската врвна дивизија (ќе наведеме само неколку: најмалку освоени бодови, најмногу последователни натпревари без победа, најмногу порази во една сезона и најлош напад во историјата).

Во сезоната 2008-2009, популарните црвени ѓаволи ја освоиле својата трета последователна титула во низа, изедначувајќи се со Ливерпул како двете најуспешни екипи во англискиот фудбал со по 18 освоени титули. Симболично, најголемиот конкурент на патот до титулата на играчите на Манчестер Јунајтед во оваа сезона им биле токму црвените од Енфилд, кој предводени од клупата од Рафаел Бенитес и триото во форма Стивен Џерард, Фернандо Торес и Дирк Кајт (заедно овие тројца постигнале 42 од 77-те голови на Ливерпул во првенството) биле автори на одлична сезона во која дури двапати го совладале Јунајтед (2-1 дома и 4-1 на Олд Трафорд). Сепак искуството и победничкиот менталитет на екипата на Фергусон и помогнале да одигра најдобро кога тоа било најпотребно и со серија од 8 победи во последните 9 натпревари да го подигне пехарот, завршувајќи со четири бодови пред Ливерпул. Челси, завршувајќи на третото место, го забележале најслабиот пласман во последните пет години и покрај тоа што го имале најдобриот стрелец за сезоната во името на нивното ново засилување Никола Анелка. За составот на првите четири екипи на табелата да остане непроменет во четврта сезона по ред, се погрижиле играчите на Арсенал со освојувањето на четвртото место. После 16 сезони по ред како редовен учесник, од Премиер лигата испаднал двократниот вицешампион во текот на 1990-тите години, Њукасл Јунајтед.

Враќање на тронот за Челси

уреди

Акционерска структура

уреди

Премиер лигата функционира како корпорација, која е сопственост на 20 тима. Секој клуб е акционер и има по право на глас на предлозите за промени на правилата и различни договори. Клубовите избираат претседател, шеф, извршна власт и управен одбор за да ги прегледува дневното функционирање на лигата.[14] Фудбалската Асоцијација не е директно вклучена во дневното функционирање на лигата, но има право на вето, како специјален акционер, за време на избирањето на претседател, шеф, извршна власт и за примањето на новите закони во лигата.[15]

Премиер лигата испраќа претставници во Европскиот Клупски Форум, а бројот на клубови се определува според УЕФА ранкингот. Европскиот Клупски Форум има одговорност во одбирањето на три членови од Европскиот Натпреварувачки Комитет, кој е вклучен во функционирањето на европските натпреварувања, како што се Лига на Шампиони и УЕФА Куп.[16]

Натпреварувачки формат и спонзорство

уреди

Натпреварување

уреди

Во Премиер лигата учествуваат 20 клубови. За времетраењето на сезоната, од август до мај, секој игра против секого двапати, еднаш дома, еднаш на гости, за вкупно да се изиграат 38 кола. Екипите добиваат 3 бода за победа, 1 за нерешено и 0 за пораз. На овој начин се собираат бодовите врз основа на остварените резултати, а по изигрувањето на последното коло се формира завршната табела, од која се гледа местоположбата на клубовите и бројот на освоените бодови за секој клуб. Доколку два клуба имаат ист број на освоени бодови, тогаш се гледа гол-разликата, а ако и во тој параметар клубовите се изедначени тогаш повисоко место во генералниот пласман ќе има клубот кој постигнал повеќе голови. Ако и понатаму се исто, тимовите ќе го поделат местото, но ако се работи за шампиони, за квалификации за друго натпреварување, отпаѓање и влегување во друга лига ќе се изигра плеј-оф меч на неутрален терен.[17] На крајот на секоја сезона клубот со најмногу освоени бодови се крунисува за шампион. Трите најниско пласирани екипи, испаѓаат во пониското ниво - Чемпионшип, а двата првопласирани клуба од Чемпионшип, заедно со плејоф победникот помеѓу екипите кои завршиле од 3то до 6то место изборуваат промоција во Премиер лигата.[18]

Со измените направени од УЕФА пред почетокот од сезоната 2017-2018, првите четири екипи во Премиер лигата обезбедуваат директно пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Измената се состои во тоа што сега петте најсилни лиги во Европа не играат квалификации, па така сите четири екипи директно се пласираат во групната фаза, наместо трите кои оделе претходно со плус една екипа која играла во плејоф фазата од квалификациите. Петтопласираната екипа директно се квалификува во УЕФА Лига Европа, додека шестиот и седмиот играат квалификации, во зависност од победникот во двата домашни купа. Ако само едниот тим победник во еден од куповите се квалифукувал според неговата позиција на крајот од сезоната, тогаш само шестиот тим игра квалификации, а ако и двата победника во куповите се квалификувале според нивната позиција, тогаш и шестиот и седмиот играат квалификации. Други места можат да се обезбедат преку ферплејот. Доколку Премиер лигата е една од трите најдобро рангирани лиги според ферплејот во Европа, клубот којшто одиграл најфер сезона во Премиер лигата, а не обезбедил место во Европа претходно, се квалификува директно во првата квалификациска рунда од Лигата на Европа.[19]

Отстапки од ова правило се јавуваат во 2005, кога Ливерпул победил во Лигата на шампиони, но не се квалификувал на едно од првите четирите места во лигата. УЕФА тогаш му дала специјана понуда на Ливерпул со која се натпреварувал во Лигата на шампионите, со што Англија имала пет претставници.[20] УЕФА подоцна донела правило дека победникот во Лигата на шампионите добива право да се квалификува наредната сезона во натпреварувањето, без разлика на местото освоено во лигата. Но, како и да е, за оние асоцијации кои имаат четири претставници, ова значело дека доколку победникот во Лигата на шампионите е од нивната држава, тогаш тој ќе се квалификува на местото на четвртопласираниот тим, бидејќи ниту една асоцијација не може да има повеќе од четири претставници во едно европско натпреварување.

Премиер лигата е втора најдобра лига според УЕФА ранкингот, кој се заснова на резултатите во последните 5 години, зад шпанската Ла Лига.[21] На најдобрите три лиги им е дозволено да имаат четири претставници во Лигата на Шампиони. Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, предложил да се скрати едно лигашко место кое води во Лигата на шампиони, и да му се додели на победникот во националниот куп. Сепак, овој предлог бил одбиен на гласањето, при собирот на Стратешкиот совет на УЕФА.[22]

Спонзорство

уреди

Премиер лигата е спонзорирана уште од 1993 година. Спонзорот има можност да го одреди спонзорското име на лигата. Досегашните спонзори, како се нарекувала лигата и времетраењето на договорот се следниве:

  • 1993-2001 - Карлинг (FA Carling Premiership)
  • 2001-2010 - Барклис (Barclaycard Premiership 2001–04, Barclays Premiership 2005–07, Barclays Premier league 2007–10)

Лого

уреди

Финансии

уреди

Премиер лигата е најисплатливата лига во светот, од која 26% од 1.93 билиони фунти се од вкупиот број на приходи од тимовите во 2007/08.[3] Единаесет од дваесет клубови во таа година направија економски профит. Платите достигнуваа до 1.51 билиони евра во 2007/08, повеќе од лигата која што најмногу трошеше, Сериа А (972 милиони евра). Премиер лигашкиот бруто приход беше четврт најголем приход во сите спортски лиги низ светот, веднаш зад годишните приходи на трите најпопуларни Северно Американски спортски лиги. (Националната Фудбалска лига, Главната Лига во Бејзбол, И НБА, но пред Националната Хокејска Лига.

Во рамките на светскиот фудбал, Премиер лигашките тимови се едни од најбогатите во светот. Делоите, кој ги објавува годишните приходи на клубовите во нивната “ Фудбалска Парична Лига “, внесе 8 тима од Премиер лигата во топ 20 за сезоната 2005/06.[23] Ниедна лига немаше повеќе од 4 тима во листата, а додека Ла Лига соперниците Реал Мадрид и Барселона ги зазедоа две места од првите три, но освен овие два, ниеден тим од Шпанија, немаше во топ 20. Премиер лигата веќе доминира на листата со години, и за само една декада доминираа на листата. Новите Премеир Лигашки ТВ договори дадоа ефект, Лигашкото зголемување во приходите со очекува, а со тоа и покачување на Премеир Лигашките тимови на листата, а има и можност тие да бидат на врвот од листата.[23][24]

Друг важен факт за регуларноста на Премиер лигашкиот приход е посетеноста на натпреварите, каде што просекот во 2005/06 достига 34.364 за лигашки наппревар. Ова е четврт најголем просек во било која домашна спортска лига во светот, и тоа пред Ла Лига и Сериа А, но зад Бундеслигата. Ова значеше зголемување на просекот за 60% од просечната посетеност од 21.126 забележан во првата сезона на Премиер лигата(1992/93).[25] Но, како и да е, за време на сезоната 1992/93 капацитетот на стадионите беше намален заради заменувањето на клупите со седишта, за да се исполни Тејлор Стандардот, чиј краен рок беше сезоната 1994/95.[26][27] Но, сепак просечната посетеност во 2005/06 беше помала од рекордот кој изнесуваше 35.464, поставен во сезоната 2002/03.[28]

Медиумска покриеност

уреди

Обединетото Кралство и Ирска

уреди

Телевизијата одиграла главна улога во историјата на Премиер-лигата. Лигашката одлука да ги продаде телевизиските права на „Sky“ било радикална одлука, која се покажала како многу исплатлива. Со текот на времето, стратегијата на „Sky“, добриот фудбал во Премиер-лигата и големиот апетит на луѓето за фудбал ја кренале цената на телевизиски права.[7]

Премиер лигата ги продава телевизиските права колективно. Ова е контраст во однос на повеќето Европски лиги, вклучувајќи ги и Ла Лига и Сериа А, кои ги продаваа посебно, со што поголем дел од парите одат кај најдобрите неколку клубови. Парите се делат на три дела:[29] Една половина се поделува еднакво помеѓу клубовите. Четвритна се поделува според местото на табелата, на пр. првиот добива 20 пати повеќе од последниот итн. Последната четвртина се поделува според олеснувачите награди, кои се покажани на телевизија, со што водечките тимови земаат поголем дел од парите. Приходот од преку морските телевизиски права е еднакво поделен помеѓу 20те тима.

Првиот договор за права на телевизијата Sky вредеше 191 милион фунти за 5 години.[30] Наредниот договор , постигнат во 1997/98 изнесуваше 670 милиони фунти за четири години.[30] Третиот договор беше 1,024 билионски договор со BSkyB за три години, од сезоната 2004/05 до 2006/07. Лигата собра 320 милиони фунти од продажбата на меѓународните права во период од три години, од 2004/05 до 2006/07. Таа ги продаваше своите парава на територија по територија.[31] Монополот со Sky беше прекинат во август 2006, кога на Setanta Sports и беа доделени правата да пренесува два од шесте пакети на натпревари. Овај настан резултираше со настојување на Европската Комисија дека ексклузивните права не треба да се доделуваат само на една телевизиска компанија. Sky и Setanta плаќаат 1,7 билиони фунти, што е околу 23 од целокупниот приход. Оваа изрази чудење кај многу коментатори, поради тоа што цената на телевизиските права на оваа лига пораснаа многу брзо. Setanta исто така има право да емитува натпревар во 3 часот, по Западно Европсо Време. BBC има право да го емитува хајлајтсот од натпреварите (во емисијата Меч на Денот) за 171,6 милиони фунти, 63%, односно 105 милиони се плаќаа за претходните три сезони.[32] Радио Телефис Еиран го пренесува хајлајтс пакетот во Ирска. Sky и BT плаќаат 84,3 милиони фунти за да телевизиските права на 242 меча (целосно да ги прикажуваат на телевизија и на интернет), во повеќето случаи за 50 часа после 22 часот од денот на играњето.[33] Прекуморските права донесуваат 625 милиони фунти, речиси двојно од претходниот договор.[34] Збирот од овие договори е околу 2,7 билиони фунти, што му дава на секој клуб медиумски приход за лигашките натпревари од околу 45 милиони фунти по година, од 2007 до 2010. Тие исто така добиваат помали приходи и од натпреварите од домашните купови, а во некои случаи и поголеми суми на пари од медиумските права на Европските мечеви.

ТВ договорот помеѓу Премиер лигата и Sky беше соочен со обвинение заради картел, а резултат на тоа беше бројот на судски случаи. Истрагата спроведена од страна на Канцеларијата на Фер Размени во 2002, пронајде дека BSkyB е доминатна на ТВ спортскиот пазар,но се заклучи дека нема доволно докази за осудување на BSkyB за злоупотребување на својата доминација.[35] Во јули 1999, Премиер лигашкиот метод на заедничко продавање на правата за сите тимови, беше истражувано од Рестриктивниот Суд на Обединетото Кралство, кој заклучи дека методот не е спротивен на јавните интереси.[36] Хајлајтс пакетот на BBC за Сабота и Недела навечер ќе трае најмалку до 2013.[37] Само телевизиските права за периодот од 2010 до 2013 ќе донесуваат приход од 1,782 билиони фунти.[38]

Воо февруари 2015 година, „Скај спортс“ и „Бритиш телекомјуникејшн“ платиле рекордни 5,13 милијарди фунти за да ги откупат тв-правата за пренос на натпреварите од Премиер-лигата за периодот од 2016 до 2019 година. Овој износ бил дури за 70% поголем од претходниот договор кој го поседувале овие две компании. Според овој договор, на крајот од секоја сезона, шампионот ќе добие 156 милиони фунти, а секој клуб ќе добие соодветен износ во зависност од пласманот на табелата, но не помалку од 99 милиони фунти.[39]

Насекаде низ светот

уреди

Промовирано како "Најголемото Шоу на Земјата", Премиер лигата е најпопуларна и најмногу гледана лига во светот, следена од околу половина билион луѓе од 202 држави,[40] обично на интернет сопствениците и/или е контролирана од News Corporation или од Setanta Sports, кои го имаат правото да ги пренесуваат натпреварите во Обединетото Кралство и Ирска. Во САД покриеноста е поделена помеѓу Fox Soccer Chanel и Setanta Spors North America. News Corporation понекогаш ги купува рекламни паноа со логото на Fox Soccer Chanel, кое го заменува она на Sky.[41] Во Австралија Fox Sports (Australia), која е сопственост на News Ltd, ги пренесува повеќе од пет натпревари според изборот на гледачите и повеќе од девет натпревари за секоја дадено коло.[42]

Премир Лигата е особено популарна во Азија и е далеку најмногу пренесувана спортска програма.[43] На пример, во Народна Република од Кина, натпреварите привлекуваат публика помеѓу 100 до 360 милиони, повеќе од било кој странски спорт.[44] Поради популарноста во Азија, Премиер лигата досега има организирано три пред-сезонски турнири, единствен здружен турнир на Премиер лигата надвор од Англија. Во јули 2003, ФА Премиер лига Азија Купот се одржа во Малезија, каде играа три Премиер лигашки тима - Челзи, Њукасл и Бирмингем и репрезентацијата на Малезија.[45] Во 2005 Азискиот Куп се одликуваше со сличен формат, Тој се одржа во Тајланд, каде репрезентацијата на Тајланд, играше против три Премиер лигашки тима - Евертон, Манчестер Сити и Болтон, каде последниот го освои трофејот.[46] Во 2007, Барклајс Азискиот Куп се одржа во Хонгконг, каде се натпреваруваа Ливерпул, Портсмут, Фулам и победникот во Хонгконгшкиот ФА Куп, Јужна Кина, каде што Портсмут го освои трофејот.[47]

Премиер лигата се соочи со тешка борба против прекршувањето на авторските права. Напорот што го вложија во спречувањето на пренесувањето натпревари на интернет резултираше со ангажирање на NetResult, компанија специјализирана да ги заштитува интернет правата на пазарот[48].

Трофеј

уреди
 
Трофејот на Премиер лигата на Англија.

Премиер лигата чува два трофеи - оригинален трофеј (кој го зема актуелниот шампион) и резервна копија. Се чуваат два трофеја со цел да се изгравира името на шампионот на трофејот само неколку минути по обезбедувањето на титулата, во случај на драматично последно коло од сезоната во кое два клуба би можеле да бидат на дофат до освојувањето на лигата.[49] Во редок случај кога повеќе од два клуба се борат за титулата во последното коло од сезоната, се користи копија освоена од претходниот клуб.[50]

Актуелниот трофеј во Премиер лигата е создаден од Royal Jewellers. Се состои од трофеј со златна круна и малахит цоколна основа. Плинтусот тежи 15 кг, а трофејот тежи 10 кг.[51] Трофејот и столбната плоча се високи 76 см, широк 43 см и длабок 25 см.[52]

Неговото главно тело е од чисто стерлинг сребро и позлатено сребро, додека столбната плоча е направена од малахит, полускапоцен камен. Плинтусот има сребрена лента околу неговиот обем, на која се наведени имињата на клубовите што ја освоиле титула. Зелената боја на малахит е исто така репрезентативна и го претставува зеленото поле за игра.[52] Дизајнот на трофејот се заснова на хералдиката на Трите лава што е поврзана со англискиот фудбал. Два од лавовите се наоѓаат над рачките од двете страни на трофејот - третиот го симболизира капитенот на клубот што ја освоил титулата додека го подига трофејот и неговата златна круна, над главата на крајот на сезоната.[53] Панделките што ги закопчуваат рачките се претставени во тимските бои на шампионите во лигата за таа година. Во 2004 година, специјална златна верзија на трофејот била нарачана во знак на сеќавање на освоената титула на Арсенал без ниту еден пораз.[54]

Клубови

уреди

Учество во лигата по сезони

уреди

Вкупно 65 екипи учествувале во барем едно од 121-то првенство на англиската лига (Првата дивизија и Премиер лигата) одиграни од 1888 година до денес, но ниту една екипа од нив нема учествувано во сите изданија на турнирот. Од 1915 до 1919 и, повторно, од 1939 до 1946 година, првенството било прекинато поради Првата и Втората светска војна (во сезоната 1939-1940, првенството било прекинато по првите три кола).

Евертон е клубот што може да се пофали со најголем број на вкупни учества во лигата (118 сезони), додека Арсенал го држи рекордот по последователни настапи (95, од сезоната 1919-1920 до денес). Од друга страна, клубот кои има освоено најмногу титули во највисоката дивизија на Англија е Манчестер Јунајтед (20). Ниту еден тим не учествувал во сите изданија на првенството.

Подолу на списокот се прикажани англиските клубови (и двата велшки, Кардиф Сити и Свонси Сити) според бројот на учества во англиската врвна лига (во италик се наведени клубовите што веќе не постојат, додека со задебелени букви се посочени клубовите што се натпреваруваат во Премиер лигата во сезоната 2020-2021):[55]

Клубови во сезоната 2020-2021

уреди

Преглед на досегашните сезони

уреди
Година Шампион Втор Трет Најдобар стрелец Клуб Менаџер шампион
1992-1993   Манчестер Јунајтед   Астон Вила   Норич Сити   Теди Шерингам (22 гола)   Тотенхем   Алекс Фергусон
1993-1994   Манчестер Јунајтед   Блекбурн Роверс   Њукасл Јунајтед   Енди Кол (34 гола)   Њукасл Јунајтед   Алекс Фергусон
1994-1995   Блекбурн Роверс   Манчестер Јунајтед   Нотингем Форест   Алан Ширер (34 гола)   Блекбурн Роверс   Кени Далглиш
1995-1996   Манчестер Јунајтед   Њукасл Јунајтед   Ливерпул   Алан Ширер (31 гола)   Блекбурн Роверс   Алекс Фергусон
1996-1997   Манчестер Јунајтед   Њукасл Јунајтед   Арсенал   Алан Ширер (25 гола)   Њукасл Јунајтед   Алекс Фергусон
1997-1998   Арсенал   Манчестер Јунајтед   Ливерпул   Крис Сатон
  Дион Даблин (сите по 18 голови)
  Мајкл Овен
  Блекбурн Роверс
  Ковентри Сити
  Ливерпул
  Арсен Венгер
1998-1999   Манчестер Јунајтед   Арсенал   Челси   Џими Флојд Хаселбајнк
  Мајкл Овен (сите по 18 голови)
  Двајт Јорк
  Лидс Јунајтед
  Ливерпул
  Манчестер Јунајтед
  Алекс Фергусон
1999-2000   Манчестер Јунајтед   Арсенал   Лидс Јунајтед   Кевин Филипс (30 гола)   Сандерленд   Алекс Фергусон
2000-2001   Манчестер Јунајтед   Арсенал   Ливерпул   Џими Флојд Хаселбајнк (23 гола)   Челси   Алекс Фергусон
2001-2002   Арсенал   Ливерпул   Манчестер Јунајтед   Тјери Анри (24 гола)   Арсенал   Арсен Венгер
2002-2003   Манчестер Јунајтед   Арсенал   Њукасл Јунајтед   Руд ван Нистелрој (25 гола)   Манчестер Јунајтед   Алекс Фергусон
2003-2004   Арсенал   Челси   Манчестер Јунајтед   Тјери Анри (30 гола)   Арсенал   Арсен Венгер
2004-2005   Челси   Арсенал   Манчестер Јунајтед   Тјери Анри (25 гола)   Арсенал   Жозе Мурињо
2005-2006   Челси   Манчестер Јунајтед   Ливерпул   Тјери Анри (27 гола)   Арсенал   Жозе Мурињо
2006-2007   Манчестер Јунајтед   Челси   Ливерпул   Дидје Дрогба (20 гола)   Челси   Алекс Фергусон
2007-2008   Манчестер Јунајтед   Челси   Арсенал   Кристијано Роналдо (31 гол)   Манчестер Јунајтед   Алекс Фергусон
2008-2009   Манчестер Јунајтед   Ливерпул   Челси   Никола Анелка (19 гола)   Челси   Алекс Фергусон
2009-2010   Челси   Манчестер Јунајтед   Арсенал   Дидје Дрогба (29 гола)   Челси   Карло Анчелоти
2010-2011   Манчестер Јунајтед   Челси   Манчестер Сити   Димитар Бербатов (по 20 гола)
  Карлос Тевес
  Манчестер Јунајтед
  Манчестер Сити
  Алекс Фергусон
2011-2012   Манчестер Сити   Манчестер Јунајтед   Арсенал   Робин ван Перси (30 гола)   Арсенал   Роберто Манчини
2012-2013   Манчестер Јунајтед   Манчестер Сити   Челси   Робин ван Перси (26 гола)   Манчестер Јунајтед   Алекс Фергусон
2013-2014   Манчестер Сити   Ливерпул   Челси   Луис Суарес (31 гол)   Ливерпул   Мануел Пелегрини
2014-2015   Челси   Манчестер Сити   Арсенал   Серхио Агуеро (26 гола)   Манчестер Сити   Жозе Мурињо
2015-2016   Лестер Сити   Арсенал   Тотенхем   Хари Кејн (25 гола)   Тотенхем   Клаудио Раниери
2016-2017   Челси   Тотенхем   Манчестер Сити   Хари Кејн (29 гола)   Тотенхем   Антонио Конте
2017-2018   Манчестер Сити   Манчестер Јунајтед   Тотенхем   Мохамед Салах (32 гола)   Ливерпул   Пеп Гвардиола
2018-2019   Манчестер Сити   Ливерпул   Челси   Мохамед Салах
  Садио Мане (сите по 22 гола)
  Пјер-Емерик Обамејанг
  Ливерпул
  Ливерпул
  Арсенал
  Пеп Гвардиола
2019-2020   Ливерпул   Манчестер Сити   Манчестер Јунајтед   Џејми Варди (24 гола)   Лестер Сити   Јирген Клоп
2020-2021   Манчестер Сити   Манчестер Јунајтед   Ливерпул   Хари Кејн (23 гола)   Тотенхем   Пеп Гвардиола
2021-2022   Манчестер Сити   Ливерпул   Челси   Мохамед Салах
  Сон Хеунг-мин (по 23 гола)
  Ливерпул
  Тотенхем
  Пеп Гвардиола
2022-2023   Манчестер Сити   Арсенал   Манчестер Јунајтед   Ерлинг Холанд (36 гола)   Манчестер Сити   Пеп Гвардиола
2023-2024   Манчестер Сити   Арсенал   Ливерпул   Ерлинг Холанд (27 гола)   Манчестер Сити   Пеп Гвардиола

Шампиони на Англија

уреди

Прва дивизија (1988-1992)

уреди

Премиер лига (1992-денес)

уреди

Освоени титули по клубови

уреди
Клуб Титули Години
Манчестер Јунајтед 20 1908, 1911, 1952, 1956, 1957, 1965, 1967, 1993, 1994, 1996
1997, 1999, 2000, 2001, 2003, 2007, 2008, 2009, 2011, 2013
Ливерпул 19 1901, 1906, 1922, 1923, 1947, 1964, 1966, 1973, 1976, 1977
1979, 1980, 1982, 1983, 1984, 1986, 1988, 1990, 2020
Арсенал 13 1931, 1933, 1934, 1935, 1938, 1948, 1953, 1971, 1989, 1991
1998, 2002, 2004
Евертон 9 1891, 1915, 1928, 1932, 1939, 1963, 1970, 1985, 1987
Манчестер Сити 8 1937, 1968, 2012, 2014, 2018, 2019, 2021, 2022
Астон Вила 7 1894, 1896, 1897, 1899, 1900, 1910, 1981
Сандерленд 6 1892, 1893, 1895, 1902, 1913, 1936
Челси 6 1955, 2005, 2006, 2010, 2015, 2017
Њукасл Јунајтед 4 1905, 1907, 1909, 1927
Шефилд Венздеј 4 1903, 1904, 1929, 1930
Блекбурн Роверс 3 1912, 1914, 1995
Лидс Јунајтед 3 1969, 1974, 1992
Вулверхемптон 3 1954, 1958, 1959
Хадерсфилд 3 1924, 1925, 1926
Барнли 2 1921, 1960
Дерби Каунти 2 1972, 1975
Портсмут 2 1949, 1950
Престон Норт Енд 2 1889, 1890
Тотенхем Хотспар 2 1951, 1961
Ипсвич Таун 1 1962
Нотингем Форест 1 1978
Вест Бромвич 1 1920
Шефилд Јунајтед 1 1898
Лестер Сити 1 2016

Титули само во ерата на Премиер лигата

уреди
Клуб Победи Победнички сезони
Манчестер Јунајтед 13 1993, 1994, 1996, 1997, 1999, 2000, 2001, 2003, 2007, 2008,
2009, 2011, 2013
Манчестер Сити 6 2012, 2014, 2018, 2019, 2021, 2022
Челси 5 2005, 2006, 2010, 2015, 2017
Арсенал 3 1998, 2002, 2004
Блекбурн Роверс 1 1995
Лестер Сити 1 2016
Ливерпул 1 2020

Играчи

уреди

Најмногу настапи

уреди

  • Од 27 јули 2020 г.[56]
Ранг Играч Период Настапи
1   Гарет Бари 1997-2018 653
2   Рајан Гигс 1990-2014 632
3   Френк Лампард 1995-2015 609
4   Дејвид Џејмс 1998-2014 572
5   Џејмс Милнер 2002-денес 538
6   Гари Спид 1992-2008 535
7   Емил Хески 1994-2012 516
8   Марк Шварцер 1996-2016 514
9   Џејми Карагер 1996-2013 508
10   Фил Невил 1995-2013 505
Италик - играчи кои сè уште играат професионален фудбал.
Болд - играчи кои сè уште играат во Премиер лигата.

 
Гарет Бари, играчот со најмногу настапи во историјата на лигата.

Најдобри стрелци

уреди
  • Од 8 ноември 2020 г.[57]

Ранг Играч Период Голови Настапи
1   Ширер, АланАлан Ширер 1992–2006 260 441
2   Руни, ВејнВејн Руни 2002–2018 208 491
3   Кол, ЕндиЕнди Кол 1992–2008 187 414
4   Агуеро, СерхиоСерхио Агуеро 2011– 180 263
5   Лампард, ФренкФренк Лампард 1995–2015 177 609
6   Анри, ТјериТјери Анри 1999–2007, 2012 175 258
7   Фаулер, РобиРоби Фаулер 1993–2009 163 379
8   Дефо, ЏермејнЏермејн Дефо 2001–2003, 2004–2014, 2015–2019 162 496
9   Кејн, ХариХари Кејн 2012– 152 224
10   Овен, МајклМајкл Овен 1996–2004, 2005–13 150 326

Италик - играчи кои сè уште играат професионален фудбал.
Болд - играчи кои сè уште играат во Премиер лигата.

 
Алан Ширер, најдобриот голгетер во историјата на лигата.

Македонци во Премиер лигата

уреди
Играч Клубови Период Деби Настапи Голови
 
Ѓорѓи Христов   Барнсли 1997-1998 Барнсли - Вест Хем Јунајтед 1-2, 9 август 1997
21
4
Гоце Седлоски   Шефилд Венздеј 1997-1998 Болтон Вондерерс - Шефилд Венздеј 3-2, 14 март 1998
4
0
Артим Шаќири   Вест Бромвич Албион 2004-2005 Арсенал - Вест Бромвич Албион 1-1, 20 ноември 2004
3
0
Горан Попов   Вест Бромвич Албион 2012-2014 Астон Вила - Вест Бромвич Албион 1-1, 30 септември 2012
14
0
Езѓан Алиоски   Лидс Јунајтед 2020-2021 Лидс Јунајтед - Фулам 4-3, 19 септември 2020
36
2
1 Задебелениот текст означува играч кој моментално игра во Премиер лигата.
2 Настапите и головите се однесуваат само на натпревари од Премиер лигата за тој клуб.

Белешки

уреди
  1. The Daily Telegraph, Premier League abroad: Potential venues, 7 февруари 2008 г., проверен на 17 ноември 2008 г.
  2. The Daily Telegraph, Premier League is world's favourite league Архивирано на 6 јануари 2008 г., 6 ноември 2007, проверено на 17 ноември 2008 г.
  3. 3,0 3,1 „Premier League revenues near £2bn“. BBC. 4 June 2009. Посетено на 4 June 2009.
  4. „1985: English teams banned after Heysel“. BBC Archive. Посетено на 8 август 2006.
  5. 5,0 5,1 „A History of The Premier League“. Premier League. Архивирано од изворникот на 2011-11-18. Посетено на 22 ноември 2007.
  6. „The Taylor Report“. Footballnetwork. Архивирано од изворникот на 2006-10-16. Посетено на 22 ноември 2007.
  7. 7,0 7,1 Crawford, Gerry. „Fact Sheet 8: British Football on Television“. University of Leicester Centre for the Sociology of Sport. Посетено на 10 август 2006.
  8. „The History Of The Football League“. Football League official website. Архивирано од изворникот на 2007-08-12. Посетено на 10 август 2006.
  9. „In the matter of an agreement between the Football Association Premier League Limited and the Football Association Limited and the Football League Limited and their respective member clubs“. HM Courts Service. 2006. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 8 август 2006.
  10. „A history of the Premier League“. Premier League official website. Архивирано од изворникот на 2011-11-18. Посетено на 4 јануари 2008.
  11. „Classic match: Deane scores Premier League's first goal“. www.premierleague.com. 14 декември 2020. Посетено на 14 јануари 2021.
  12. . BBC. 15 август 2017 https://www.bbc.com/sport/live/football/40780204. Посетено на 14 јануари 2021. Отсутно или празно |title= (help)
  13. Резиме на сезоната Архивирано на {{{2}}}. настани во Премиер лигата 2001-2002, од Официјалното мрежно место
  14. „Our relationship with the clubs“. Premier League. Архивирано од изворникот на 2006-11-14. Посетено на 8 август 2006.
  15. „The Premier League and Other Football Bodies“. Premier League. Архивирано од изворникот на 2006-03-18. Посетено на 8 август 2006.
  16. „European Club Forum“. UEFA. Посетено на 8 август 2006.
  17. „Barclays Premier League“. Sporting Life. Посетено на 26 ноември 2007.
  18. „Huge Stakes For Championship Play-Off Contenders“. Goal.com. Посетено на 26 ноември 2007.
  19. „Norway lead Respect Fair Play league“. Uefa. 26 јануари 2009. Посетено на 11 март 2009.
  20. „Liverpool get in Champions League“. BBC Sport. 10 June 2005. Посетено на 11 декември 2007.
  21. „5 Jahreswertung der UEFA Saison 07/08 (German)“. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 17 мај 2008.
  22. „Clubs force UEFA's Michel Platini into climbdown“. Daily Telegraph. 13 ноември 2007. Архивирано од изворникот на 2012-02-15. Посетено на 2 декември 2007.
  23. 23,0 23,1 „Real Madrid stay at the top“. Deloitte. 2 август 2007. Архивирано од изворникот на 2007-06-14. Посетено на 2 декември 2007.
  24. „Arsenal bullish over £200m income“. BBC News. 24 септември 2007. Посетено на 24 септември 2007.
  25. „Football Stats Results for 1992–1993 Premiership“. football.co.uk. Посетено на 10 август 2006.
  26. „Fact Sheet 2: Football Stadia After Taylor“. University of Leicester. Архивирано од изворникот на 2006-06-26. Посетено на 10 август 2006.
  27. „Shifting stands“. ESPN. 27 July 2005. Архивирано од изворникот на 2012-10-21. Посетено на 10 август 2006.
  28. „Premiership Attendance - 2002/03“. ESPN. Архивирано од изворникот на 2009-05-12. Посетено на 10 август 2006.
  29. „Frequently asked questions about the F.A. Premier League, (How are television revenues distributed to Premier League clubs?)“. premierleague.com. Архивирано од изворникот на 2007-11-26. Посетено на 11 декември 2007.
  30. 30,0 30,1 Martin Cave. „Football rights and competition in broadcasting“. Football Governance Research Centre, University of London. Архивирано од изворникот на 2007-07-07. Посетено на 8 август 2006.
  31. „Premier League announce name change“. SportBusiness. Посетено на 3 June 2007.
  32. „BBC keeps Premiership highlights“. BBC News. 8 June 2006. Посетено на 8 август 2006.
  33. „TV deal pays another £84m“. Daily Telegraph. 26 мај 2006. Посетено на 8 август 2006.
  34. „Premiership in new £625m TV deal“. Посетено на 3 June 2007.
  35. „BSkyB investigation: alleged infringement of the Chapter II prohibition“ (PDF). Office of Fair Trading. 17 декември 2002. Архивирано од изворникот (PDF) на 2006-08-23. Посетено на 8 август 2006.
  36. „Sport and European Competition Policy“ (PDF). European Commission. 1999. Посетено на 8 август 2006.
  37. „BBC retains Premier League rights“. BBC Sport. 28 јануари 2009. Посетено на 29 јануари 2009.
  38. „New Television Rights“. BBC. 2009.
  39. „Милијардите за ТВ-правата во Премиерлигата ќе бидат на штета за англиската репрезентација“, Дневник, година XIX, број 5691, петок, 13 февруари 2015, стр. 23.
  40. Wilson, Jeremy (6 ноември 2007). „Premier League is world's favourite league“. The Daily Telegraph. Посетено на 7 ноември 2007.
  41. „Bidders line up for U.S. rights to Premiership“. Sports Business Journal. 26 јануари 2009. Архивирано од изворникот на 2009-04-12. Посетено на 8 април 2009.
  42. „Never Miss An EPL Moment...“. Australian Four Four Two. 10 август 2007. Архивирано од изворникот на 2008-08-23. Посетено на 8 април 2009.
  43. „ESPN-Star extends pact with FA Premier League“. The Hindu Business Line. 21 март 2004. Посетено на 9 август 2006.
  44. „Chinese phone maker's fancy footwork“. BBC News. 27 октомври 2003. Посетено на 9 август 2006.
  45. „Premiership trio launch Asia Cup“. ESPN. 1 март 2003. Архивирано од изворникот на 2007-12-04. Посетено на 9 август 2006.
  46. „English Premier League Launch Asia Trophy“. premierleague.com. Посетено на 9 август 2006.[мртва врска]
  47. „Portsmouth win Asia Trophy after shoot-out“. The Times. 27 јули 2007. Архивирано од изворникот на 2009-05-10. Посетено на 25 мај 2008.
  48. „Goal footage warning for website“. BBC. 9 август 2006. Посетено на 2 декември 2007.
  49. „Is there more than one Premier League trophy?“. Premier League. Архивирано од изворникот на 29 April 2014. Посетено на 29 April 2014.
  50. Rumsby, Ben (28 April 2014). „Premier League consider borrowing a championship trophy as season heads for three-way climax“. The Telegraph. Посетено на 29 April 2014.
  51. „Size and weight of the Barclays Premier League trophy“. premierleague.com. Premier League. 12 March 2010. Архивирано од изворникот на 12 January 2016. Посетено на 16 May 2012.
  52. 52,0 52,1 „The Premier League Trophy“. Premier Skills. British Council. Архивирано од изворникот на 11 May 2013. Посетено на 22 January 2013.
  53. „What makes the Barclays Premier League Trophy so special?“. Barclays. Архивирано од изворникот на 22 November 2010. Посетено на 13 September 2010.
  54. „Special trophy for Gunners“. BBC Sport. 18 May 2004. Посетено на 20 August 2017.
  55. „Seasons in top flight“. myfootballfacts. Посетено на 3 мај 2016.
  56. „Barclays Premier League Statistics“. Premier League. Посетено на 20 February 2018.
  57. „Premier League player stats“. Premier League. Посетено на 11 November 2018.

Надворешни врски

уреди