Отвори го главното мени

Премиер лига на Англија 2011-2012

Сезоната 2011-12 во Премиер лигата беше 20-та сезона од основањето на Премиер лигата во 1992. Сезоната започнала на 13 август 2011, а завршила на 13 мај 2012.

Титулата ја освоила екипата на Манчестер Сити, нивна прва по 1968 година. Во драматичен крај на првенството Сити станал шампион благодарение на подобрата гол-разлика од градскиот ривал Манчестер Јунајтед иако двата тима биле изедначени со по 89 освоени бодови. Во последното коло од шампионатот, Сити на домашен терен ги победиле Квинс Парк Ренџерс со 3-2, со два гола за пресврт во судиското продолжение постигнати од страна на Един Џеко и Серхио Агуеро. Оваа била една од најизвесните и надраматичните сезони во Премиер лигата, бидејќи шампионот не беше познат до самиот крај на натпреварите од последното коло. Истотака за прв пат во историјата на Премиер лигата гол-разликата го одредила шампионот. За Манчестер Сити ова е трета титула во Англискиот фудбал и прва титула во Премиер лигата, со што станале петтиот тим кој ја освоил титулата. Сезоната е прогласена за најдобра од сите претходни 20.

Покрај Манчестерските ривали, во шампионската лига се пласирале и екипите на Арсенал и Челзи (благодарение на титулата освоена во оваа сезона). Од лигата испаднале Болтон, Блекбурн и Вулверхемптон.

Најдобар стрелец бил Робин ван Перси од Арсенал со 30 постигнати гола.

Завршна табелаУреди

Поз
Екипа
Оди
П
Н
И
ДГ
ПР
ГР
Бод
Квалификации или испаѓање
1   Манчестер Сити (C) 38 28 5 5 93 29 +64 89 УЕФА Лига на Шампиони 2012–13 Групна фаза
2   Манчестер Јунајтед 38 28 5 5 89 33 +56 89
3   Арсенал 38 21 7 10 74 49 +25 70
4   Тотенхем 38 20 9 9 66 41 +25 69 УЕФА Лига Европа 2012–13 Групна фаза 1
5   Њукасл Јунајтед 38 19 8 11 56 51 +5 65 Лига Европа 2012–13 Плеј-оф рунда
6   Челси 38 18 10 10 65 46 +19 64 УЕФА Лига на Шампиони 2012–13 Групна фаза 1
7   Евертон 38 15 11 12 50 40 +10 56
8   Ливерпул 38 14 10 14 47 40 +7 52 Лига Европа 2012–13 Трета рунда квалификации 2
9   Фулам 38 14 10 14 48 51 −3 52
10   Вест Бромвич Албион 38 13 8 17 45 52 −7 47
11   Свонзи Сити 38 12 11 15 44 51 −7 47
12   Норич Сити 38 12 11 15 52 66 −14 47
13   Сандерленд 38 11 12 15 45 46 −1 45
14   Стоук Сити 38 11 12 15 36 53 −17 45
15   Виган Атлетик 38 11 10 17 42 62 −20 43
16   Астон Вила 38 7 17 14 37 53 −16 38
17   КПР 38 10 7 21 43 66 −23 37
18   Болтон (R) 38 10 6 22 46 77 −31 36 Чемпионшип лига 2012-13
19   Блекбурн Роверс (R) 38 8 7 23 48 78 −30 31
20   Вулверхемптон (R) 38 5 10 23 40 82 −42 25

Извор: Barclays Premier League
Правила за рангирање: 1st points; 2nd goal difference; 3rd number of goals scored.
1Челзи ја освои Лигата на шампионите 2011–12 и се квалификува за фазата по групи во ова натпреварување за следната сезона како бранител на титулата. Во врска со то Тотенхем ќе игра во Лигата на Европа во сезоната 2012–13, бидејќи само четири тима од Премиер лигата можат да настапуваат во Лигата на шампионите.
2Ливерпул го освоил Лига купот и се квалификувал за третата квалификациона рунда во Лига Европа.
(C) = Шампион; (R) = Испаѓа; (П) = Промоција; (О) = Плејоф победник; (A) = Се пласирал во следната рунда.
Применливо само кога сезоната не е завршена:
(Q) = Квалификуван за наведената фаза на турнирот; (TQ) = Квалификуван за турнирот, но сѐ уште не е наведена одредена фаза; (DQ) = Дисквалификуван од турнирот.

Листа на стрелциУреди

20.000-тиот голУреди

На 21 декември во поразот со 2-1 од Арсенал на Вила Парк, Марк Олбрајтон од Астон Вила официјално го постигнал 20.000-тиот гол од формирањето на Премиер лигата во 1992 година. Нему му биле доделени £20,000 од спонзорот на лигата Баркли да ги донира за добротворни цели по неговиот избор. Тој го избрал Acorns Children's Hospice, кои го спонзорирале дресот на Астон Вила.

НаградиУреди

Премиер лига играч на годинатаУреди

За Премиер лига играч на годината бил избран Робин ван Перси.[2]

Премиер лига млад играч на годинатаУреди

За Премиер лига млад играч на годината бил избран Кајл Вокер.[3]

Премиер лига тим на годинатаУреди

Голман: Џо Харт (Манчестер Сити)
Одбрана: Кајл Вокер (Тотенхем), Венсан Компани (Манчестер Сити), Фабрисио Колочини (Њукасл Јунајтед), Лејтон Бејнс (Евертон)
Среден ред: Давид Силва, Јаја Туре (двајцата од Манчестер Сити), Скот Паркер, Гарет Бејл (Тотенхем)
Напад: Робин ван Перси (Арсенал), Вејн Руни (Манчестер Јунајтед)

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. O'Rourke, Pete. „City quarter in PFA team“, Sky Sports, 22 април 2012 (посет. 22 април 2012 г).
  2. O'Rourke, Pete. „Van Persie takes PFA prize“, Sky Sports, 22 април 2012 (посет. 22 април 2012 г).
  3. O'Rourke, Pete. „Walker wins PFA award“, Sky Sports, 22 април 2012 (посет. 22 април 2012 г).