ФК Мидлсбро

англиски фудбалски клуб

ФК Мидлсбро познат и само како Боро е англиски фудбалски клуб со седиште во Мидлсбро, Северен Јоркшир. Моментално се натпреварува во Чемпионшип, второто ниво на англискиот фудбал.

Мидлсбро
Целосно имеФудбал клуб Мидлсбро
ДржаваАнглија Англија
ПрекарБоро
Основан1876; пред 147 години (1876)
ЛокацијаМидлсбро, Англија
Бои          црвена и бела
СтадионРиверсајд
Капацитет34,000[1]
ПретседателАнглија Стив Гибсон
МенаџерАнглија Нил Ворнок
ЛигаЧемпионшип Чемпионшип
2019-20Чемпионшип лига, 17-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Клубот е основан во 1876 година, и настапува на стадионот Риверсајд од август 1995 година, нивниот трет дом откако клубот станал професионален во 1889 година. Нивниот домашен стадион со најдолг временски период бил Ејрсом парк, каде што настапувале цели 92 години, во периодот 1903-1995.

Клубот бил еден од основачките членови на Премиер лигата во 1992 година, но исто така биле една од трите екипи кои испаднале уште во инаугуративната сезона. Меѓу најголемите успеси на Мидлсбро се сметаат освојувањето на Лига купот во 2004 и финалето на Купот на УЕФА во сезоната 2005-2006, во кое загубиле од шпанската Севиља.

Традиционалната опрема на клубот се состои од црвена боја со бели детали. Домашните шорцеви и чорапи се менуваат помеѓу црвена и бела боја, надополнувајќи го црвениот дрес усвоен во 1899 година.[2] Најголеми соперништва, Мидлсбро има со Сандерленд, Њукасл Јунајтед и Лидс Јунајтед.

Историја

уреди

Формирање и рани години (1876–1914)

уреди

ФК Мидлсбро бил формирани во 1876 година и го освоиле ФА аматерскиот куп во 1895 година и повторно во 1898 година. Клубот се претворил во професионален во 1889 година, но потоа го вратиле статусот на аматерски во 1892 година.[3] Во 1899 година тие официјално станале професионален клуб на трајна основа и се приклучиле на фудбалската лига.[4] По три сезони играње во Втората дивизија, тие избориле промоција во Првата дивизија - највисокото ниво во тогашниот лигашки систем на Англија - каде што останале во следните 22 години.[3]

Во 1903 година, клубот се преселил на Ејрсом парк, нивниот дом во следните 92 години. Во 1905 година, клубот го реализирал трансферот на Алф Комон за рекордна сума од 1.000 £.[5] Во текот на следните неколку години, нивната форма варирала во огромни амплитуди, искачувајќи се на шестото место во сезоната 1907-1908 пред да се паднат на 17-тото, две сезони подоцна. Клубот го забележал својот највисок пласман во лигата до денес, завршувајќи на третото место, во сезоната 1913–1914.[6] Една година подоцна, започнала Првата светска војна и фудбалот бил суспендиран.

Успони и падови (1914-1966)

уреди

Пред да продолжи фудбалот во лигата, Мидлсбро ја освоил Северната лига - Виктори, но клубот не бил во можност да ја задржи претходната форма и во сезоната 1919-1920 завршил на средината на табелата. Тие останале во Првата дивизија следните неколку сезони, пред да испаднат во сезоната 1923–1924 завршувајќи на дното, со 10 бода помалку од нивните најблиски конкуренти.[7] Три сезони подоцна, тие ја освоиле титулата во Втората дивизија и повторно се вратиле во елитата. За време на сезоната во која избориле промоција, дебитантот Џорџ Камсел - кој бил доведен од членот на Третата дивизија - Север, Дурам Сити - завршил со рекордни 59 гола во лигата, вклучувајќи и девет хет-трика. Тој бил најдобар стрелец на Боро и во секоја од следните 10 сезони.[8] Нивниот престој назад во највисокиот ранг на англискиот фудбал траел само една сезона, по која клубот повторно испаднал. Сепак, тие избориле уште една промоција и се вратиле во Првата дивизија уште во првиот обид во сезоната 1928–1929, освојувајќи уште една титула во Втората дивизија. Клубот останал во Првата дивизија до 1954 година.

Во деценијата пред војната се појавиле Вилф Манион и Џорџ Хардвик, двајца играчи кој станале англиски репрезентативци во следните години. Мидлсбро се искачил на четвртото место во последната целосна сезона пред Втората светска војна и се очекувало да се бори сериозно за титулата следната сезона, но војната го прекинала фудбалот.[3] По војната, клубот не бил во можност да ја повтори формата од претходните сезони и се движел околу средината на табелата и соочувајќи се со рани испаѓања во ФА Купот. Наскоро потоа, тимот започнал да се распаѓа, за на крајот да претрпе испаѓање во сезоната 1953-1954. Ова бил само почетокот на 20-годишна период на клубот надвор од највисоката дивизија, но за тоа време се појавил еден од најдобрите стрелци на клубот, Брајан Клаф, кој постигнал 204 гола на 222 натпревари, пред да замине во Сандерленд.[9] Во тој период, кај Мидлсбро се гледал постепен напредок во Втората дивизија, но никогаш не биле сериозен кандидат за промоција. По завршувањето на четвртото место во сезоната 1962-1963, клубот претрпел постојан пад и за прв пат во клупската историја испаднал во Третата дивизија во 1966 година.

Оживување и финансиска криза (1966–1994)

уреди

Новиот менаџер Стен Андерсон го вратил клубот во второто ниво на англискиот фудбал уште при првиот обид. Мидлсбро не завршил под деветтото место во ниту една од следните осум сезони.[7] Во 1974 година, Џек Чарлтон ја презел функцијата менаџер и го водел клубот до враќање во највисоката дивизија за првпат по 20 години. Промоцијата била обезбедена уште на 23 март, со осум натпревари до крајот на сезоната, станувајќи шампиони на Втората дивизија со рекордни 65 поени.[10] Мидлсбро го освоил своето прво одличје како професионална екипа во сезоната 1975–1976, подигнувајќи го трофејот во Англо-шкотскиот куп во неговата инаугуративна сезона по победата во финалниот двомечот над Фулам.[10][11]

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Маркус Бетинели
2   ОД Анферне Дијкстел
3   СР Марвин Џонсон
4   ОД Грант Хол
5   СР Сам Морси
6   ОД Даел Фрај
7   СР Маркус Таверние
9   НП Брит Асомбалонга
10   НП Чуба Акпом
11   НП Ешли Флечер
12   НП Маркус Брауни
13   ГМ Џордан Арчер
14   НП Јаник Боласие
Бр. Позиција Играч
16   СР Џони Хаусон  
17   ОД Пади МекНер
18   СР Данкан Вотмор
19   НП Натаниел Мендес-Ленг
20   ОД Дарнел Фишер
21   СР Нескенс Кебано
22   СР Џорџ Савил
24   СР Сам Фоларин
27   ОД Марк Бола
29   СР Џед Спенс
31   ГМ Сол Брин
33   СР Хејден Коулсон

Менаџери

уреди
 
Менаџери на Мидлсбро

Наводи

уреди
  1. „Riverside Stadium's new capacity confirmed after Boro's relegation to Championship“. Gazette Live Website. 8 July 2017. Архивирано од изворникот 11 July 2017. Посетено на 14 July 2017.
  2. „Middlesbrough historical kits“. Historicalkits.co.uk. Посетено на 12 June 2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 Glasper, Harry (1989). Middlesbrough A Complete Record 1876–1989. Breedon Books Sport. ISBN 0-907969-53-4.
  4. „Club History – Birth of The Boro: 1876–1902“. Middlesbrough F.C. Архивирано од изворникот на 16 November 2013. Посетено на 14 February 2014.
  5. „Battling with the Boro for 125 years“. Evening Gazette. 21 October 2003. Архивирано од изворникот 21 February 2014. Посетено на 14 February 2014.
  6. „Club History – Early Years: 1903-World War II“. Middlesbrough F.C. Архивирано од изворникот на 23 February 2014. Посетено на 14 February 2014.
  7. 7,0 7,1 „League history“. Middlesbrough Mad. Архивирано од изворникот 2 April 2014. Посетено на 14 February 2014.
  8. „George Camsell“. gazettelive.co.uk. Архивирано од изворникот на 3 November 2007. Посетено на 26 May 2008.
  9. Glanville, Brian (20 September 2004). „Obituary: Brian Clough“. The Guardian. UK. Архивирано од изворникот 30 September 2013. Посетено на 26 May 2008.
  10. 10,0 10,1 „Club History – Mannion, Hardwick, Clough and Charlton: 1945 to 1986“. Middlesbrough F.C. Архивирано од изворникот на 14 February 2014. Посетено на 14 February 2014.
  11. „Anglo-Scottish Cup 1975–1976: Final“. Statto. Архивирано од изворникот на 22 February 2014. Посетено на 14 February 2014.

Надворешни врски

уреди