Фудбалска лига на Англија

Фудбалската лига на Англија (англиски: English Football League или скратено EFL) претставува лигашко фудбалско натпреварување во кое учествуваат клубови од Англија и Велс. Основана уште во далечната 1888 година, Фудбалската лига на Англија е најстарото фудбалско лигашко натпреварување на светот.

Фудбалска лига на Англија
English Football League Logo.png
ЗемјаАнглија Англија
Велс Велс
КонфедерацијаУЕФА
Основана1888
DivisionsЧемпионшип
Лига Еден
Лига Два
Број на клубови72 (24 во секоја лига)
Нивоа на пирамида2, 3 и 4
Промоција воПремиер лига
Испаѓање воНационална лига
Домашен купФА Куп
Лига куп
Трофеј на фудбалската лига
Актуелен шампионЛидс Јунајтед Лидс Јунајтед
(2019-2020)
ТВ партнериСкај Спортс
BBC
Мрежно местоМрежно место

Во лигата се натпреваруваат 72 клуба кои се рамномерно распоредени во три дивизии:

Главна цел на лигата е позиционирање на клубовите меѓу овие три дивизии, и нивно напредување (промоција), односно назадување (ипаѓање) на табелата. Така, на крајот од секоја сезона три екипи од највисоката дивизија на Фудбалската лига, Чемпионшип, добиваат можност да се пласираат во Премиер лигата, каде ќе ги заменат трите најслабо рангирани клубови од таа лига од претходната сезона. Исто така, двете најслабо рангирани клубови од Лига Два ја напуштаат фудбалската лига и испаѓаат во аматерската Национална лига од каде влегуваат двете првопласирани екипи. На тој начин е постигнато интегрирање на Фудбалската лига со останатите лиги во фудбалскиот систем.

Football League исто така е име на владејачкото тело на лигата кое организира две посебни натпреварувања:

Од спонзорски причини лигата е позната и како Скај Бет Фудбалска лига.[1]

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди