Примера Дивисион (Шпанија)

фудбалска лига во Шпанија

Примера Дивисион на Шпанија, попозната и како Ла Лига или Ла Лига ЕА Спортс поради спонзорски причини,[1] е професионална фудбалска лига во Шпанија. Таа е највисокото ниво на шпанскиот фудбал и е управуванa од Liga de Fútbol Profesional.

Примера Дивисион
ЗемјаШпанија Шпанија
КонфедерацијаУЕФА
Основана1929
Број на клубови20
Нивоа на пирамида1
Испаѓање воСегунда Дивисион (втора лига)
Домашен купКуп на Шпанија
Суперкуп на Шпанија
Тековен првакРеал Мадрид Реал Мадрид (36. титула)
(2023–24)
Најмногу титулиРеал Мадрид Реал Мадрид
(36 титули)
Мрежно местоlaliga.es
Трофеј
Примера Дивисион (Шпанија) 2024-2025

Лигата е основана во 1929 година. Во неа се натпреваруваат 20 екипи, од кои последните три на крајот на секоја сезона испаѓаат во Сегунда Дивисион и од таму биваат заменети со други три.

Најуспешен клуб во натпреварувањето е Реал Мадрид со 36 титули, следен од Барселона и Атлетико Мадрид, со 27, односно 11 успеси.

На крајот од сезоната 2019-2020, Примера Дивисион го зазела првото место на рангирањето на УЕФА за клупски натпреварувања.[2] Во 2020 година, се нашла на 4-тото место на рангирањето на светските првенства во извештајот што го изготвува годишно IFFHS (3-то на континентално ниво).[3]

Формат

уреди

Во Примера Дивисион учествуваат 20 екипи, кои се натпреваруваат едни против други по Бергеров систем, секој против секого во два натпревари на домашен и на гостински терен. За секој натпревар, три бода се доделуваат на победничката екипа и нула бодови на поразената, во случај на нерешено, по еден бод се доделува на секоја екипа.

Екипата кој ќе заврши како прворангирана на крајот од првенството добива титула „Шампион на лигата“ (титулата „Шампион на Шпанија“ е резервирана за победникот на Купот на Шпанија) и го добива правото да учествува во групата фаза од Лигата на шампионите заедно со второ, трето и четврто пласираните екипи. Петтопласираниот екипа и победникот на Купот на Шпанија стекнуваат право на учество во групната фаза на Лига Европа, додека шестиот (или седмиот) тим на табелата ќе учествува во плејофот на Лигата на конференции. Последните три екипи на табелата испаѓаат во Сегунда Дивисион, шпанската втора дивизија.

Број на клубови учесници

уреди
  • 1929-1934: 10 клубови
  • 1934-1941: 12 клубови
  • 1941-1950: 14 клубови
  • 1950-1971: 16 клубови
  • 1971-1987: 18 клубови
  • 1987-1995: 20 клубови
  • 1995-1997: 22 клубови
  • 1997-денес: 20 клубови

Екипи

уреди

Екипи во сезоната 2024-2025

уреди

Шампиони

уреди

Статистика

уреди

Успешност по клубови

уреди
Екипа Титули Сезони
  Реал Мадрид 36 1931-1932, 1932-1933, 1953-1954, 1954-1955, 1956-1957, 1957-1958, 1960-1961, 1961-1962, 1962-1963, 1963-1964, 1964-1965, 1966-1967, 1967-1968, 1968-1969, 1971-1972, 1974-1975, 1975-1976, 1977-1978, 1978-1979, 1979-1980, 1985-1986, 1986-1987, 1987-1988, 1988-1989, 1989-1990, 1994-1995, 1996-1997, 2000-2001, 2002-2003, 2006-2007, 2007-2008, 2011-2012, 2016-2017, 2019-2020, 2021-2022, 2023-2024
  Барселона 27 1928-1929, 1944-1945, 1947-1948, 1948-1949, 1951-1952, 1952-1953, 1958-1959, 1959-1960, 1973-1974, 1984-1985, 1990-1991, 1991-1992, 1992-1993, 1993-1994, 1997-1998, 1998-1999, 2004-2005, 2005-2006, 2008-2009, 2009-2010, 2010-2011, 2012-2013, 2014-2015, 2015-2016, 2017-2018, 2018-2019, 2022-2023
  Атлетико Мадрид 11 1939-1940, 1940-1941, 1949-1950, 1950-1951, 1965-1966, 1969-1970, 1972-1973, 1976-1977, 1995-1996, 2013-2014, 2020-2021
  Атлетик Билбао 8 1929-1930, 1930-1931, 1933-1934, 1935-1936, 1942-1943, 1955-1956, 1982-1983, 1983-1984
  Валенсија 6 1941-1942, 1943-1944, 1946-1947, 1970-1971, 2001-2002, 2003-2004
  Реал Сосиедад 2 1980-1981, 1981-1982
  Бетис 1 1934-1935
  Севиља 1 1945-1946
  Депортиво 1 1999-2000

Пласмани по клубови

уреди

Ова се најдобрите пласмани на клубовите кои учествувале во досегашните 93 изданија на првенството од 1928-29 до 2023-24.

Примера Дивисион
Екипа 1. место 2. место 3. место Учества Подиум %
  Реал Мадрид 36 25 10 93 76%
  Барселона 27 27 14 93 74%
  Атлетико Мадрид 11 10 19 86 46%
  Атлетик Билбао 8 7 10 92 27%
  Валенсија 6 6 10 88 26%
  Реал Сосиедад 2 3 2 76 10%
  Депортиво 1 5 4 46 22%
  Севиља 1 4 3 79 10%
  Бетис 1 0 2 57 5%
  Реал Сарагоса 0 1 4 57 9%
  Виљареал 0 1 1 23 8%
  Спортинг Хихон 0 1 1 42 5%
  Лас Палмас 0 1 1 34 6%
  Расинг Сантандер 0 1 1 44 4%
  Еспањол 0 0 4 87 5%
  Реал Овиедо 0 0 3 38 8%
  Мајорка 0 0 2 30 7%
  Аренас Гечо 0 0 1 7 14%
Вкупно 92

Поединечни достигнувња

уреди

Статистиката е ажурирана на 3 мај 2024. Во болд се активни играчи.

Рекорд 1. место 2. место 3. место
Играч со најмногу настапи   Субисарета (622)
  Хоакин (622)
  Раул Гарсија (605)   Раул (550)
Играч со најмногу постигнати голови   Лионел Меси (474)   Кристијано Роналдо (311)   Телмо Сара (251)
Играч со најмногу асистенции   Лионел Меси (193)   Чави Ернандес (117)   Карим Бензема (105)
Играч кој најмногу пати освоил Пичичи   Лионел Меси (8)   Телмо Сара (6)   Уго Санчес (5)
    Алфредо Ди Стефано (5)
  Кини (5)
Играч со најмногу освоени титули   Франсиско Хенто (12)   Пири (10)

  Лионел Меси (10)

  Амансио (9)
  Хосе Камачо (9)
  Сантиљана (9)
  Андрес Инјеста (9)
  Серхио Бускетс (9)
Тренер со најмногу натпревари   Луис Арагонес (757)   Мигел Муњос (601)   Хавиер Ирурета (553)

Логоа

уреди

Наводи

уреди
  1. „La liga española cambia de nombre: Por qué se abre esta nueva etapa con EA Sports, qué pasó con el Banco Santander, cómo es el nuevo acuerdo | Goal.com Espana“. www.goal.com (шпански). Посетено на 2023-07-04. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  2. „UEFA Country Ranking 2020“. Архивирано од изворникот на 29 јули 2018. Посетено на 9 февруари 2021. Занемарен непознатиот параметар |lingua= (се препорачува |language=) (help); Занемарен непознатиот параметар |urlmorto= (help)
  3. „IFFHS WORLD'S BEST NATIONAL LEAGUE IN THE WORLD 2020“. IFFHS. 20 јануари 2021.

Надворешни врски

уреди
Најдобри фудбалски лиги во Европа (УЕФА)

Австрија | Азербејџан | Албанија | Англија | Андора | Белгија | Белорусија | Босна и Херцеговина | Бугарија | Велс | Германија | Грузија | Грција | Данска | Ерменија | Естонија | Кипар | Израел | Република Ирска | Исланд | Италија | Казахстан | Латвија | Литванија | Луксембург | Македонија | Малта | Молдавија | Норвешка | Полска | Португалија | Романија | Русија | Сан Марино | Северна Ирска | Словачка | Словенија | Србија | Турција | Украина | Унгарија | Фарски Осторови | Финска | Франција | Холандија | Хрватска | Црна Гора | Чешка | Швајцарија | Шведска | Шкотска | Шпанија