ФК Брајтон енд Хоув Албион

ФК Брајтон енд Хоув Албионанглиски фудбалски клуб од Брајтон и Хоув, грофовијата Источен Сасекс. Моментално се натпреварува во Премиер лигата, првото ниво на англискиот фудбал.

Брајтон енд Хоув Албион
Целосно имеФудбалски Клуб Брајтон енд Хоув Албион
ДржаваАнглија Англија
ПрекарГалеби
Основан24 јуни 1901; пред 123 години (1901-06-24)
ЛокацијаБрајтон и Хоув, Англија
СтадионФалмер
Капацитет31,800[1]
ПретседателАнглија Тони Блум
МенаџерАнглија Греам Потер
ЛигаПремиер лига Премиер лига
2023/24Премиер лига, 11. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Клубот е основан во 1901 година и првично настапувал во Јужната лига. Во 1920 година, Брајтон станал член на Фудбалската лига на Англија, минувајќи го најголемиот дел од својата историја помеѓу Третата и Втората дивизија. Најуспешниот период на клубот бил помеѓу 1979 и 1983 година, кога се натпреварувале во Првата дивизија (најсилната фудбалска лига на Англија во тоа време) и стигнале до финалето на ФА купот во 1983 година, во кое биле поразени од Манчестер Јунајтед во повторен натпревар.[2] Истата година, клубот испаднал од Првата дивизија. После долго чекање, во сезоната 2016-2017, Брајтон го освоил второто место во Чемпионшип и изборил промоција во Премиер лигата, враќајќи се во најсилното ниво на англискиот фудбал после 34 години отсуство.

Прекарот на клубот е Галеби, додека традиционалните бои се сина и бела. Од 2011 година, својте домашни натпревари ги игра на стадионот Фалмер; претходно од 1902 до 1997 играле на Голдстоун Граунд, потоа две години на Пристфилд, кој го делеле со екипата на Џилингем, а од 1999 до 2011 година играле на Витдин. Најголем ривал им е екипата на Кристал Палас.

Историја

уреди

Брајтон енд Хоув Албион е основан 1901 година.[3] Деветнаесет години подоцна станува член на Фудбалската лига и учествува во Третата дивизија. Претходно, клубот настапувал во Јужната лига. Во 1910 година, Брајтон го освоил за сега својот единствен национален трофеј, откако во натпреварот од ФА Черити Шилд ја победиле Астон Вила со 1-0.

По влегувањето во англиската фудбалска лига во 1920 година, клубот играл триесет години во Третата дивизија Југ, јужната група на третата дивизија на англискиот фудбал, добивајќи промоција во Втората дивизија за прв пат во 1958 година, благодарение на победата со 5-0 против Вотфорд.[4] Сепак, нивниот престој во втората лига траел само три години, а во 1963 година тимот не можел да го избегне испаѓањето во Четвртата дивизија за првпат. Купувањето на поранешниот англиски репрезентативец Боби Смит[5] помогнало клубот да избори промоција во Третата дивизија како шампион на Четвртата дивизија, а неколку години да се врати и во второто ниво.

Во октомври 1972 година, Мајк Бамбер станал нов претседател на клубот и на таа функција ќе остане до 1983 година. За тоа време клубот го воделе тренери како Брајан Клаф и Алан Малери, а под водството на вториот во 1978 година, ја добива својата прва историска промоција во највисокото ниво на англискиот фудбал.[3] Брајтон успеал да се задржи таму четири последователни години помеѓу 1979 и 1983 година, освојувајќи го 13-тото место како нивен најдобар резултат во сезоната 1981-1982. Посебно забележителен пласман бил постигнат во 1983 година, годината во која клубот за првпат стигнал до финалето на ФА купот, каде загубиле од Манчестер Јунајтед по преигрување;[6] првиот натпревар завршил 2-2 (головите за Брајтон ги постигнале Гордон Смит и Гари Стивенс), додека во вториот Манчестер Јунајтед бил подобар со убедливи 4-0. Истата година клубот испаднал од Првата дивизија. Во 1987 година, Галебите повторно паднале во Третата дивизија, но престојот таму им траел само една сезона.[7]

Четири години подоцна, во 1991 година, Брајтон бил поразен од Нотс Каунти во плејофот за промоција во последната сезона од старата Прва дивизија, пред доаѓањето на Премиер лигата.[8] Во текот на следната деценија, финансиските проблеми ги принудиле Галебите да играат помеѓу Втората и Третата дивизија. Испаѓајќи во четвртата лига за првпат по 40 години клубот бил принуден да го продаде својот стадион, Голдстоун Граунд, нивен дом уште од 1902 година. Лошото управување на клубот довело до застрашување Брајтон да биде многу блиску до испаѓање од фудбалската лига во Конференција, односно испаѓање од професионален во аматерски фудбал, кое било едвај избегнато во 1997[9] и во 1998 година.

Бои и амблеми

уреди
 
Паскал Грос, во традиционалната опрема на Брајтон.

Историскиот дрес на клубот е во сино-бели вертикални риги, усвоен уште од 1905 година.[10] Од 1964 до 1970 година, клубот играл во дрес со целосно сина боја, кој подоцна повторно бил "оживеан" во најславните денови на клубот, во 1980-тите и, неодамна, во сезоната 2020-2021.[11]

Амблеми

уреди

Првиот клупски амблем, датирал од 1946 година, и се состоел од градските грбови на Брајтон и Хоув, двете локации претставени од тимот, една до друга.[12] Почнувајќи од 1975 бил воведен нов симбол, прикажувајќи делфин, животно кое потоа станало прекар на клубот. Сепак, новиот симбол бил заменет само две години подоцна, кога како потсмев кон навивачите на Кристал Палас играчите на клубот почнале да се нарекуваат себеси Seagulls (во превод на мак. галеби).[13] Од тој датум, оваа птица се појавува на амблемот на клубот, претставена во малку поедноставена верзија во 2011 година.[14]

За стогодишнината на клубот, прославена во сезоната 2001-2002, бил дизајниран специјален дрес со оригиналниот грб.[15]

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди
 
Луис Данк, моментален капитен и играч со најдолг стаж во клубот од 2010 година.
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Роберт Санчес
2   ОД Тарик Лампти
3   ОД Марк Кукуреља
4   ОД Адам Вебстер
5   ОД Луис Данк  
8   СР Ив Бисума
9   НП Нил Мопе
10   СР Алексис МекАлистер
11   НП Леандро Тросар
12   СР Енок Мвепу
Бр. Позиција Играч
13   СР Паскал Грос
14   СР Адам Лалана
15   СР Јакуб Модер
17   СР Стивен Алсате
18   НП Дани Велбек
20   ОД Соли Марч
23   ГМ Џејсон Стил
24   ОД Шејн Дафи
25   СР Моисес Каиседо
34   ОД Џоел Велтман

Познати поранешни играчи

уреди

Титули

уреди

Домашни натпреварувања

уреди
 
Составите на Брајтон и Манчестер Јунајтед во преигрувањето од финалето на ФА Купот 1983 година.
1910
1957-1958
2001-2002, 2010–2011
1964-1965, 2000–2001
1909–1910

Останати пласмани

уреди
Финалист: 1982-1983
Полуфиналист: 2018-2019

Статистика

уреди

Учество во првенства

уреди
Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно
Прва дивизија 4 1979-1980 1982-1983 9
Премиер лига 5 2017-2018 2021-2022
Втора дивизија 15 1958-1959 1991-1992 24
Прва дивизија 1 2002-2003
Чемпионшип 8 2004-2005 2016-2017
Трета дивизија 44 1920-1921 1987-1988 55
Втора дивизија 6 1992-1993 2003-2004
Лига Еден 5 2006-2007 2010-2011
Четврта дивизија 2 1963-1964 1964-1965 7
Трета Дивизија 5 1996-1997 2000-2001

Наводи

уреди
  1. „Premier League Handbook 2020/21“ (PDF). Premier League. стр. 8. Архивирано (PDF) од изворникот 12 April 2021. Посетено на 12 April 2021.
  2. „1983 FA Cup Final“. Fa-CupFinals.co.uk. Посетено на 6 September 2011.
  3. 3,0 3,1 B. Seal (2012-08-21). „21 August 1901 - Brighton & Hove Take Flight“ (англиски). Посетено на 2021-05-03.
  4. „Promotion at last“ (англиски). Посетено на 2021-05-04.
  5. B. Glanville (19 септември 2010). „Bobby Smith obituary“ (англиски). The Guardian. Посетено на 4 мај 2021.
  6. „The FA Cup Final“ (англиски). Посетено на 2021-05-04.
  7. „The downward spiral“ (англиски). Посетено на 2021-05-04.
  8. „One Game from the Top Flight - the 1991 Play-Off Final“ (англиски). Посетено на 2021-04-20.
  9. C. Flanagan. „How Brighton went from the brink of extinction to the Premier League – told by their heroes“ (англиски). Посетено на 2021-05-05.
  10. „Brighton & Hove Albion“ (англиски). Посетено на 2021-03-14.
  11. „Brighton & Hove Albion 20-21 Home Kit Released“ (англиски). 2020-07-28. Посетено на 2021-03-14.
  12. „Brighton & Hove Albion F.C.“ (англиски). Посетено на 2021-03-14.
  13. „Brighton & Hove Albion“ (англиски). Посетено на 2021-03-14.
  14. „Historical Crests: Brighton & Hove Albion FC“ (англиски). Посетено на 2021-03-14.
  15. „Brighton & Hove Albion Best Ever Home Shirt: The Nominations“ (англиски). 2020-04-03. Занемарен непознатиот параметар |accesso= (се препорачува |access-date=) (help)

Надворешни врски

уреди