Малахит
Малахитот е минерал од бакар карбонат хидроксид, со формулата Cu2CO3(OH)2. Овој непроѕирен минерал, со зелени ленти/линии, кристализира во моноклиничкиот кристален систем и најчесто формира ботриоидни, влакнести или сталагмитски маси, во фрактури и во длабоки подземни простори, каде што водната маса и хидротермалните течности обезбедуваат средства за хемиски врнежи. Индивидуалните кристали се ретки, но се јавуваат како тенки, ацикуларни призми. Пседоморфи се појавуваат по повеќе коцкести кристали - азурит.[1]
Етимологија и историја
уредиИмето на каменот потекнува од грчкиот збор Μολοχίτης λίθος molochites lithos, што значи „слезово-зелен камен“, од μολόχη molochē, варијанта на μαλάχη malāchē, „слез“.[2] Минералот го добил ова име поради неговата сличност со листовите на слезот.[3]
Малахитот бил интензивно ископуван од големите рудници „Орме“ во Британија пред 3.800 години, користејќи камени и коскени алатки. Археолошките докази покажуваат дека рударската дејност завршила во околу 600г. п.н.е, при што до 1.760 тони бакар биле произведени од ископаниот малахит.[4][5]
Археолозите докажале дека минералот бил ископуван и топен за да се добие бакар, во долината Тимна во Израел повеќе од 3.000 години.[6] Оттогаш, малахитот почнал да се користи и како украсен и скапоцен камен.
Појава
уредиМалахитот често произлегува од атмосферските влијанија на супергените и оксидацијата на примарните сулфидни бакарни руди, и често се наоѓа со азурит (Cu3(CO3)2(OH)2), гетит и калцит. Освен неговата живописна зелена боја, својствата на малахитот се слични на оние на азуритот и често се појавуваат агрегати на двата минерали. Малахитот е почест од азуритот и обично е поврзан со бакарни наслаги околу варовниците, изворот на карбонатот.
Големи количества малахит се ископани во Урал, Русија. Уралскиот малахит не се ископува во моментов,[7] но Г.Н. Вертушкова известува за можното откривање на нови наоѓалишта на малахит на Урал.[8] Го има низ целиот свет вклучително и во Демократска Република Конго; Габон; Замбија; Цумеб, Намибија; Мексико; Нов Јужен Велс; Бура, Јужна Австралија; Лион, Франција; долина Тимна, Израел; и југозападниот дел на САД, особено во Аризона.[9]
Структура
уредиМалахитот се кристализира во моноклиничкиот систем. Структурата се состои од синџири на наизменични Cu2+ јони и OH− јони, со нето позитивен полнеж, вткаени помеѓу изолирани триаголни CO32− јони. Така, секој бакарен јон е конјугиран со два хидроксилни јони и два карбонатни јони; секој хидроксилен јон е конјугиран со два бакарни јони; а секој карбонат јон е конјугиран со шест бакарни јони.[10][11]
-
Поглед долж оската c на кристалната структура на малахитот
-
Поглед долж оската на малахитната кристална структура
-
Поглед по оската b на малахитната кристална структура
-
Единечна клетка на малахит
-
Координативна средина на бакар 1
-
Координативна средина на бакар 2
-
Координативна средина на карбонат
-
Координативна средина на хидроксид 1
-
Координативна средина на хидроксид 2
Употреба
уредиМалахитот се користел како минерален пигмент во зелените бои од антиката до1800г.[13] Пигментот не станува блед кога е во контакт со светлина, но чувствителен е на киселини. Оваа природна форма на зелен пигмент е заменета со неговата синтетичка форма, вердитер, меѓу другите синтетички зелени.
Малахитот се користи и за украсни цели, како на пример во Малахитната соба во музејот Ермитаж,[14] во која се наоѓа огромна вазна со малахит, и Малахитната соба во Кастиљо де Чапултепек во Мексико Сити.[15] Друг пример е вазната Демидов, дел од поранешната колекција на семејството Демидов, а сега во Метрополитниот музеј на уметноста.[16]
„Таза“, голема вазна од малахит, едно од најголемите парчиња малахит во Северна Америка и подарок од царот Николај Втори, стои како фокусна точка во центарот на просторијата на библиотеката Линда Хол. Во времето на царот Николај I украсните парчиња со малахит биле меѓу најпопуларните дипломатски подароци.[17]
Малахитот се користел и во Кина уште од периодот на Источниот Жоу.[18]
Симболизам и суеверија
уредиЕдно шпанско суеверие од 17 век, сметало дека ако детето носи ромб од малахит ќе му помогне да заспие и ќе ги задржи злите духови подалеку.[19] Марбодус го препорачал малахитот како талисман за младите поради неговите заштитни својства и неговата способност да помогне при спиењето.[20] Историски се носел и за заштита од гром и заразни болести и за здравје, успех и постојаност во љубовта.[20] Во средниот век било вообичаено да се носи врежано со фигура или симбол на Сонцето за да се одржи здравјето и да се избегне депресијата на која Јарците се сметале за ранливи.[20]
Во древниот Египет зелената боја (wadj) била поврзана со смртта и моќта на воскресението, како и со новиот живот и плодноста. Древните Египќани верувале дека задгробниот живот содржи вечен рај, наречен „Полето на Малахит“, кој личи на нивните животи, но без болка или страдање.[21]
Употреба на руда
уредиЕдноставните методи за екстракција на бакарна руда од малахит вклучуваат термодинамички процеси како што е топењето.[22] Оваа реакција вклучува додавање на топлина и на јаглерод, предизвикувајќи карбонатот да се распаѓа, оставајќи бакар оксид и дополнителен извор на јаглерод, како што е јагленот и го претвора бакарниот оксид во бакар метал.[22][23]
Основната равенка за оваа реакција е:
Бакар карбонат + топлина → јаглерод диоксид + бакар оксид (бојата се менува од зелена во црна).[22][23]
Бакар оксид + јаглерод → јаглерод диоксид + бакар (промена на бојата од црна во бакарна боја).[22][23]
Малахитот е бакарна руда со низок степен, меѓутоа, поради зголемената побарувачка за метали, се користи поекономична обработка како што се хидрометалуршки методи (со употреба на водени раствори како сулфурна киселина), бидејќи малахитот е лесно растворлив во разредени киселини.[24][25] Сулфурната киселина е најчесто употребувано средство за филтрирање на руди од бакар оксид како што е малахитот и се употребува за да ја елиминира потребата од процеси на топење.[26]
Здравствени и еколошки грижи
уредиИскопувањето на малахит за украсни или бакарни руди вклучува ископување на отворен коп или подземно ископување, во зависност од степенот на рудните наоѓалишта.[27] Површинските и подземните рударски техники можат да предизвикаат деградација на животната средина преку губење на живеалиштата и биолошката разновидност.[28][29] Одводнувањето на киселите рудници може да ги загади водата и изворите на храна и негативно да влијае на човековото здравје ако неправилно се управува или ако дојде до истекување од јаловината.[29][30]
Ризикот да има влијание врз здравјето и животната средина и од традиционалната металургија и од поновите методи на хидрометалургија е значајен.[29]
Сепак, практиките за зачувување на водата и за управувањето со отпадот за хидрометалуршките процеси за екстракција на руда, како што е малахитот, се построги и релативно поодржливи.[31] Новите истражувања се спроведуваат и за подобри алтернативи на тие техники, како што е лужењето со сулфурна киселина кое има високи влијанија врз животната средина, дури и според стандардите за регулација на хидрометалургијата и иновациите.[26]
Галерија
уреди-
Малахитни сталактити (до 9 cm висина), од рудникот Касомпи, провинција Катанга, Демократска Република Конго. Големина: 21,6×16,0×11,9 см.
-
Вазна во малахит во музејот Ермитаж, Санкт Петербург
-
Малахит, слика направена под стереоскопски микроскоп
-
Британски календар, 1851 година, позлатена бронза и малахит, висина: 20,3 см, Метрополитен музеј на уметност (Њујорк)
-
Слон издлабен од малахит. Должина 11 см.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Malachite.
- ↑ Malachite, Dictionary.com
- ↑ Harper, Douglas. „malachite“. Online Etymology Dictionary.
- ↑ Johnson, Ben, уред. (2014). „The Great Orme Mines“. Посетено на 2017-06-06.
- ↑ Ruggeri, Amanda (21 April 2016). „The Ancient Copper Mines Dug By Bronze Age Children“. BBC. Посетено на 2017-06-06.
- ↑ Parr, Peter J. (1974).
- ↑ „Куда делись символы России?“. Архивирано од изворникот на 2013-12-02. Посетено на 2022-03-24.
- ↑ Somin, L. M. Тайны седого Урала. Малахит. oldrushistory.ru
- ↑ Mindat map with over 8500 locations. mindat.org
- ↑ Klein, Cornelis; Hurlbut, Cornelius S. Jr. (1993). Manual of mineralogy : (after James D. Dana) (21st. изд.). New York: Wiley. стр. 417. ISBN 047157452X.
- ↑ „Malachite“. American Mineralogical Crystal Structure Database. Department of Geology, University of Arizona. Посетено на 19 December 2020.
- ↑ „The Red Queen and Her Sisters: Women of Power in Golden Kingdoms“. www.metmuseum.org. Посетено на 13 October 2018.
- ↑ Gettens, R.J. and Fitzhugh, E. W. (1993) "Malachite and Green Verditer", pp. 183–202 in Artists’ Pigments.
- ↑ Budrina, Ludmila (January 2011). „Малахитовые залы Петербурга, России, Европы... / Malachite salon of St.-Petersburg, Russia, Europe...“. // Блистательный Петербург. Роль архитекторов ХIХ века в создании неповторимого облика города. Материалы научно-практической конференции. Кафедра. Сб. науч. Ст. – СПб.: Государственный музей-памятник «Исаакиевский собор», 2011. – С. 23-49. (англиски).
- ↑ Budrina, Ludmila (January 2013). „La produzione in malachite dei Demidov: sulle trace degli oggetti alla prima esposizione universale / I Demidoff fra Russia e Italia. Gusto e prestigio di une famiglia in Europa dal XVIII al XX secolo. – P. 151-176, 9 tav“. // I Demidoff Fra Russia e Italia. Gusto e Prestigio di Une Famiglia in Europa Dal XVIII al XX Secolo. A Cura di Lucia Tonini. Cultura e Memoria, Vol. 50. – Firenze: Leo S. Olschki, 2013. (англиски).
- ↑ Monumental vase lapidary work: early 19th century; pedestal and mounts: 1819 Metropolitan Museum of Art.
- ↑ Будрина, Людмила (2020). Малахитовая дипломатия. Екатеринбург: Кабинетный ученый. стр. 208. ISBN 978-5-6044025-1-1.
- ↑ Langhals, Heinz; Bathelt, Daniela (1 December 2003). „The Restoration of the Largest Archaelogical Discovery—a Chemical Problem: Conservation of the Polychromy of the Chinese Terracotta Army in Lintong“. Angewandte Chemie International Edition. 42 (46): 5676–5681. doi:10.1002/anie.200301633. PMID 14661198.
- ↑ The Illustrated Book of Signs and Symbols by Miranda Bruce-Mitford, Dorling Kindersley Limited, London, 1996, p. 41
- ↑ 20,0 20,1 20,2 The Book of Talismans, Amulets and Zodiacal Gems, by William Thomas and Kate Pavitt, [1922], p. 254
- ↑ Hill, J (2010). „Meaning of green in ancient Egypt“. Ancient Egypt Online. Посетено на 2016-11-28.
- ↑ 22,0 22,1 22,2 22,3 Johnson, Cris E.; Yee, Gordon T.; Eddleton, Jeannine E. (2004-12-01). „Copper Metal from Malachite circa 4000 B.C.E.“. Journal of Chemical Education. 81 (12): 1777. Bibcode:2004JChEd..81.1777J. doi:10.1021/ed081p1777. ISSN 0021-9584.
- ↑ 23,0 23,1 23,2 Day, Jo; Kobik, Maggie (2019-09-30), „Reconstructing a Bronze Age Kiln from Priniatikos Pyrgos, Crete“, Experimental Archaeology: Making, Understanding, Story-telling, Archaeopress Publishing Ltd: 63–72, doi:10.2307/j.ctvpmw4g8.11, ISBN 978-1-78969-320-1, Посетено на 2021-02-25
- ↑ Ata, O. N.; Yalap, H. (2007-06-01). „Optimization of Copper Leaching from Ore Containing Malachite“. Canadian Metallurgical Quarterly. 46 (2): 107–114. doi:10.1179/cmq.2007.46.2.107. ISSN 0008-4433.
- ↑ „Malachite“. www.mindat.org. Посетено на 2021-03-12.
- ↑ 26,0 26,1 Shabani, M. A.; Irannajad, M.; Azadmehr, A. R. (2012-09-01). „Investigation on leaching of malachite by citric acid“. International Journal of Minerals, Metallurgy, and Materials (англиски). 19 (9): 782–786. Bibcode:2012IJMMM..19..782S. doi:10.1007/s12613-012-0628-9. ISSN 1869-103X.
- ↑ „Malachite“. www.mine-engineer.com. Посетено на 2021-03-25.
- ↑ Monjezi, M.; Shahriar, K.; Dehghani, H.; Samimi Namin, F. (2009-07-01). „Environmental impact assessment of open pit mining in Iran“. Environmental Geology (англиски). 58 (1): 205–216. Bibcode:2009EnGeo..58..205M. doi:10.1007/s00254-008-1509-4. ISSN 1432-0495.
- ↑ 29,0 29,1 29,2 Salomons, W. (1995-01-01). „Environmental impact of metals derived from mining activities: Processes, predictions, prevention“. Journal of Geochemical Exploration. Heavy Metal Aspects of Mining Pollution and Its Remediation (англиски). 52 (1): 5–23. doi:10.1016/0375-6742(94)00039-E. ISSN 0375-6742.
- ↑ „Environmental Impact of Sulfuric Acid Leaching“. www.savethesantacruzaquifer.info. Посетено на 2021-03-25.
- ↑ Conard, Bruce R. (1992-06-01). „The role of hydrometallurgy in achieving sustainable development“. Hydrometallurgy. Hydrometallurgy, Theory and Practice Proceedings of the Ernest Peters International Symposium. Part B (англиски). 30 (1): 1–28. doi:10.1016/0304-386X(92)90074-A. ISSN 0304-386X.