ФК Бристол Ситианглиски фудбалски клуб, од градот Бристол, Англија, кој моментално се натпреварува во Чемпионшип, второто ниво на англискиот фудбал.

Бристол Сити
Целосно имеФудбалски Клуб Бристол Сити
ДржаваАнглија Англија
ПрекарЦрвеногушки
Основан1894; пред 129 години (1894)
ЛокацијаБристол, Англија
СтадионАштон Гејт
Капацитет27,000
СопственикГернзи Стивен Лансдаун
СопственикГернзи Џон Лансдаун
МенаџерАнглија Лиам Менинг
ЛигаЧемпионшип Чемпионшип
2022–23Чемпионшип, 14. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Основан во 1894 година, клубот најпрво се натпреварувал во Јужната и Западната лига, станувајќи шампион на Западната лига во сезоната 1897–1898. Во 1901 година, клубот се приклучил на фудбалската лига и ја освоил втората дивизија во сезоната 1905–1906. Тие завршиле на второто место во Првата дивизија следната сезона, со три бода помалку од шампионот Њукасл Јунајтед, а потоа загубиле и од Манчестер Јунајтед во финалето на ФА Купот 1909. Откако испаднале во 1911 година, тие паднале до третото ниво во 1922 година, иако ќе ја освојат титулата во Третата дивизија - Југ во 1922–1923 и повторно во 1926–1927. Тие се вратиле во третото ниво во 1932 година, останувајќи таму додека не ја освоиле Третата дивизија - Југ повторно во 1954-1955. Во следните сезони клубот одново се движел помеѓу второто и третото ниво се до сезоната 1975-1976.

Во 1976 година, клубот изборил промоција во Првата дивизија, каде играле четири сезони пред да претрпат три последователни испаѓања почнувајќи од 1982 година. Потоа клубот минал две сезони во Четвртата дивизија, и го освил Мемберс купот (Трофејот на фудбалската лига) во 1986 година. Бристол Сити, повторно го освоил Трофејот на фудбалската лига во 2003, а во сезоната 2006-2007 избориле промоција од Лига Еден во Чемпионшип. Откако испаднале по шест сезони поминати во Чемпионшип, тие го освоиле Трофејот на фудбалската лига по трет пат во 2015 година. Истата година избориле промоција назад во Чемпионшип, со освојување на титулата во Лига Еден, останувајќи таму по таа промоција се до денес.

Своите домашни натпревари, Бристол Сити ги играат на Аштон Гејт откако се преселиле од Сент Џонс Лејн во 1904 година. Официјалните бои на клубот се црвената и белата, а нивниот прекар е Робинсцрвеногушка која што се наоѓа и на амблемот на клубот од 1976 до 1994 година и од 2019 година наваму. Нивните главни ривали се Бристол Роверс, со кои се натпреваруваат во Дербито на Бристол и Кардиф Сити, со кого се натпреваруваат во прекуграничното Севернсајд дерби.

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Макс О'Лири
2   СР Рос Мекрори
3   ОД Камерон Принг
4   ОД Каи Најсмит
5   ОД Роберт Аткинсон
6   СР Мати Џејмс  
7   НП Скот Твајн
8   СР Џо Вилијамс
9   НП Хари Корник
10   СР Енди Кинг
11   СР Анис Мехмети
12   СР Џејсон Најт
15   НП Томи Конвеј
16   ОД Роб Дики
17   СР Марк Сајкс
Бр. Позиција Играч
18   СР Ајман Бенарус
19   ОД Џорџ Танер
20   НП Сам Бел
21   НП Наки Велс
22   ОД Тејлор Гарднер-Хикман
23   ГМ Стефан Бајиќ
24   ОД Хајдон Робертс
26   ОД Зак Вајнер
27   ОД Џејми Најт-Лебел
28   ОД Рафаел Араоје
30   СР Реквон Нелсон
34   ОД Џозеф Џејмс
36   СР Џед Мерхолц
37   СР Томи Баквел
47   НП Адедире Мебуде

Титули

уреди
1905-1906
1922-1923, 1926-1927, 1954-1955
2014-2015
1985-1986, 2002-2003, 2014-2015
1933-1934

Статистика

уреди

Учества во првенства

уреди
Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно
Прва дивизија / Премиер лига 9 1906-1907 1979-1980 9
Втора дивизија / Чемпионшип 55 1901-1902 2022-2023 55
Трета дивизија / Втора дивизија / Лига Еден 42 1922-1923 2014-2015 42
Четврта дивизија / Трета дивизија / Лига Два 2 1982-1983 1983-1984 2

Надворешни врски

уреди