Жерар Улие
Жерар Пол Франсис Улие (роден на 3 септември 1947 година во Теруан - починал на 14 декември 2020 во Париз) — поранешен француски фудбалер, играч од средниот ред, и фудбалски тренер.
Жерар Улие | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Жерар Пол Франсис Улие[1] | ||
Роден на | 3 септември 1947[2] | ||
Роден во | Теруан, Франција | ||
Починал на | 14 декември 2020 | (возр. 73)||
Починал во | Париз, Франција | ||
Држава | Франција | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Повлекување |
1977 (30 г.) - како играч 2011 (63 г.) - како играч | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1968-1969 | Олсоп | ||
1969-1971 | Икелје | ||
1971-1977 | Ле Тук | ||
Раководител на екипите | |||
1973-1976 | Ле Тук | ||
1976-1982 | Ну-ле-Мин | ||
1982-1985 | Ланс | ||
1985-1988 | Париз Сен Жермен | ||
1988-1992 | Франција (асистент) | ||
1992-1993 | Франција | ||
1994-1996 | Франција 18 | ||
1996-1997 | Франција 20 | ||
1998-2004 | Ливерпул | ||
2005-2007 | Олимпик Лион | ||
2010-2011 | Астон Вила | ||
* Ажурирано на: 2 јануари 2012 ** Ажурирано на: 2 јануари 2012 |
Кариера
уредиПред завршувањето на својата играчка кариера во која настапувал само за аматерски клубови, Улие станал тренер на екипата на Ле Тук - која била последната за која играл - вршејќи ја должноста на играч-тренер. Потоа тој ја преземал тренерската функција во францускиот петолигаш Ну-ле-Мин, со кој и покрај малите ресурси со кои располагал клубот успеал да избори три промоции и да стигне до втората дивизија во сезоната 1978-1979.[3] Во неговите последни две сезони клубот се борел за промоција во Дивисион 1, но во двата случаи останале само на едно место под позицијата која водела во повисок ранг, а во вториот случај дури само за еден бод.
Во 1982 година, Улие бил назначен за тренер на прволигашот Ланс, со кои во првата сезоната завршил на 4-тото место. Во 1985 година ја презел функцијата во Париз Сен Жермен, со кој уште во првата сезона успеал да ја освои титулата во француското првенство - што била прва во историјата на парискиот клуб.
Во 1998 година бил назначен за менаџер на англискиот Ливерпул. До 2004 година, тој ги водел редситe во 307 официјални натпревари (најмногу во еден клуб во неговата кариера) освјувајќи неколку трофеи како ФА Купот, два Лига купа, еден ФА Черити Шилд, еден Суперкуп на УЕФА и пред се Купот на УЕФА во сезоната 2000-2001, победувајќи го во неверојатен натпревар шпанскиот Алавес во финалето со 5-4 со златен гол. Во 2004 година, со заемен договор тој и Ливерпул ја прекинале соработката[4] и тој бил наследен на клупата на Ливерпул од Рафаел Бенитес.[5]
Во периодот 2005-2007, Улие бил тренер на Олимпик Лион, со кои освоил две титули во Лига 1. Својата последна сезона во кариерата како тренер (2010-2011) ја поминал на клупата на Астон Вила.
Улие починал на 14 декември 2020, на возраст од 73 години, после долгогодишните срцеви проблеми.[6]
Титули
уредиТренер
уреди
КлупскиуредиПариз Сен Жерменуреди
Ливерпулуреди
Олимпик Лионуреди
РепрезентативниуредиФрација под 18 годиниуреди
|
Поединечниуреди
|
Почести
уреди Кавалер на Легијата на честа (Франција)
— 2002[9]
Орден на Британската Империја (Велика Британија)
— 2003
Наводи
уреди- ↑ „Entreprise GH Consulting à Boulogne-Billancourt (92100)“ [Company GH Consulting in Boulogne-Billancourt (92100)]. Figaro Entreprises (француски). Société du Figaro. 23 December 2018. Посетено на 2 February 2019.
„Gerard Houllier“. BFM Business (француски). Посетено на 2 February 2019. - ↑ „Houllier: Gérard Houllier: Manager“. BDFutbol. Посетено на 21 December 2017.
- ↑ Williams, Richard (16 May 2001). „From the pits to the peaks“. The Guardian. Посетено на 14 December 2020.
- ↑ „Hou takes last look“. Liverpool Echo. 24 May 2004.
- ↑ „Liverpool appoint Benitez“. BBC Sport. 16 June 2004.
- ↑ „Gérard Houllier, former Liverpool and France manager, dies aged 73“. The Guardian. 14 December 2020. Посетено на 14 December 2020.
- ↑ „TEAM OF THE YEAR 2001“. UEFA.com. Архивирано од изворникот на 8 June 2014.
- ↑ „Manager profile: Gérard Houllier“. Premier League. Посетено на 18 September 2018.
- ↑ „Décret du 29 mars 2002 portant promotion et nomination“ [Decree of 29 March 2002 on promotion and appointment]. Journal Officiel de la République Française (француски). 2002 (77): 5702. 31 March 2002. PREX0200003D. Посетено на 25 August 2019.