Карло Анчелоти

италијански фудбалер

Карло Анчелоти (италијански Carlo Ancelotti) — италијански фудбалски тренер и поранешен играч. Во моментов ја води екипата на Реал Мадрид.

Карло Анчелоти
Анчелоти со Баерн Минхен во 2016 година
Лични податоци
Роден на 10 јуни 1959(1959-06-10)(64 г.)
Роден во Реџиоло, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Реал Мадрид Реал Мадрид (тренер)
Младинска кариера
1973–1975 Реџиоло
1975–1976 Парма Парма
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1976–1979 Парма Парма 55 (13)
1979–1987 Рома Рома 171 (12)
1987–1992 Милан Милан 112 (10)
Вкупно 338 (35)
Репрезентација
1981–1991 Италија Италија 26 (1)
Тренер на екипи
1995–1996 Реџана Реџана
1996–1998 Парма Парма
1999–2001 Јувентус Јувентус
2001–2009 Милан Милан
2009–2011 Челси Челси
2011–2013 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен
2013–2015 Реал Мадрид Реал Мадрид
2016–2017 Бајерн Минхен Бајерн Минхен
2019- Евертон Евертон
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Роден е на (роден на 10 јуни 1959) година во Реџиоло, Италија. Како фудбалер настапувал за Парма, Рома и Милан а како тренер за Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Реал Мадрид и Баерн Минхен. Со Милан како фудбалер има освоено два купа во Лигата на шампионите во 1989 и 1990, а како тренер на Милан во 2003 и 2007 година. Исто така со Милан има освоено и прво место во Серија А во 2004 година. Како тренер на Челси ја освои Премиер лигата во сезоната, ФА Купот и Комјунити Шилд во сезоната 2009/2010. Во 2011 година тој го напушти кормилото на Челси и тренерската кариера ја продолжи во францускиот ПСЖ. Во сезоната 2012/2013 тој ја освои француската Лига 1. Во 2013 година тој потпишува договор со Реал Мадрид, каде што ќе го предводи кралскиот тим во наредните две сезони. Во неговата прва сезона 2013/2014 тој ја освои Лигата на шампионите и шпанскиот куп, додека во втората сеозна 2014/2015, го освои клупското светско првенство и Уефа Супер Купот. На 25 мај 2015 година, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес објави дека одборот на клубот донесе "многу тешка одлука" со која го ослободуваат Анчелоти од неговите должности со непосреден ефект. Перес изјави дека Анчелоти ги освои срцата и на одборот и навивачите, и секогаш ќе има место во историјата на клубот, бидејќи тој беше тренер кој ги доведе до десеттата европска титула Decima. "Сепак во овој клуб барањата се огромни и ќе ни треба нов импулс со цел да се освојува трофеи и да се биде повторно најдобар", додаде тој.

По напуштањето на Мадрид, Карло Анчелоти имал разговори за враќање во Милан, кој тој ги отфрлил, велејќи: "Тешко беше да се каже не на толку сакан клуб за мене, но ми треба малку одмор. Јас им посакувамсе најдобро." Тој изјави дека сака да биде една година надвор од фудбалот, дека му е потребен одмор и дека се спрема за операција за ’рбетниот стеноза. Тој подоцна се пресели во Ванкувер, Британска Колумбија, Канада. Во 2016 година, тој бил именуван за тренер на Баерн Минхен, каде се задржал до 2017 година кога бил отпуштен.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди