ФК Милвол
Фудбалски Клуб Милвол (англиски:Millwall Football Club) е англиски фудбалски клуб кој се натпреварува во Чемпионшип лигата. Седиштето на клубот е во Бермондси, во југоисточен Лондон. Својте натпревари клубот ги игра на The Den стадионот. Прекарот им е „Лавови“, а пред тоа ги нарекувале „Докери“ („Лучки работници“). Прекарот го промениле во 1900 кога стигнале до полуфиналето на ФА Купот. Тогаш го добиле новиот амблем со нацртан лав.
Целосно име | Millwall Football Club | ||
---|---|---|---|
Прекари | Лавовите | ||
Основан | 3 октомври 1885 како Милвол Роверс од 1890-1910 како Милвол Атлетик | ||
Стадион | The New Den Лондон, Англија (Капацитет: 20,146) | ||
Сопственик | Милвол Холдинг ПЛЦ | ||
Претседател | ![]() | ||
Менаџер | ![]() | ||
Лига | Чемпионшип лига | ||
2018–19 | Чемпионшип лига, 21-ти | ||
Мреж. место | Официјално мрежно место | ||
| |||
![]() |
До полуфиналето на купот истотака стигнале и во 1903 и 1937 година. Таа година воедно Милвол станал првиот клуб од третата дивизија кој упеал да стигне до најдобрите четири тима во купот. Инаку својот најдобар пласман низ историјата во ФА Купот, Милвол го има во 2004 година кога стигнаа до финалето, предводени од тогашната ѕвезда на тимот Тим Кејхил, но таму загубија од Манчестер Јунајтед со убедливи 3-0.
Традиционалните дресови на екипата на Милвол се составени од сини маици и бели шорцеви.
СтадионУреди
Милвол настапувал на стадионот The Den цели 83 години од 1910-1993 година. Првиот натпревар тука го одиграле против Брајтон во кој гостите победиле со 1-0. На 4 август 1993 година Милвол се сели на нов стадион наречен The New Den со капацитет од 20 146 места. Но, за навивачите на Милвол стадион се уште го бил со старото име The Den поради што и властите на клубот одново на стадионот му го даваат истото име.
НавивачиУреди
Навивачите на Милвол во Англија се познати како хулигани. Нивната главна навивачка песна е "No one likes us, we don't care".
Најголемо ривалствоУреди
Најжесток ривал на Милвол со сигурност е екипата на Вест Хем Јунајтед. Тоа е едно од најпознатите страсно оспорени локални дербија во фудбалот. Двата клуба ретко се состанувале во последниве години; поголемиот дел од нивните средби се случиле пред Првата светска војна, со некои шеесет натпревари за само петнаесет години. Клубовите играле речиси 100 пати, бидејќи нивен првиот натпревар е во 1899 година. Милвол имаат 38 победи, 27 натпревари завршиле нерешено и загубиле во 34 соочувања. И покрај насилството помеѓу двете навивачки групи на поддржувачи и повици за идните натпревари помеѓу клубовите да се играат зад затворени врати, тие се сретнаа повторно на The Den во Чемпионшип лигата во сезоната 2011-12 без целосна забрана на двата сета на навивачите, и немаше повторување на толпата проблеми. Интересна изјава во врска со ова дерби дал некогашниот менаџер на Вест Хем Јунајтед Хари Реднап кој вели дека Вест хем и Милвол не треба веќе никогаш да играат меѓу себе.
Надворешни врскиУреди
- MillwallFC.co.uk Официјален сајт на клубот
- The Millwall History Files
- Millwall Supporters Club
- House of Fun
- Millwall Online
- Past Millwall kits (1885–present)
- Millwall news from Sky Sports