Двајт Еверсли Јорк (роден на 3 ноември 1971 година во Ханан, Тобаго) — поранешен фудбалер на Тринидад и Тобаго и помошник тренер на резервниот дел од тимот на Манчестер Јунајтед. Тој има играно за Астон Вила, Манчестер Јунајтед, Блекбурн Роверс, Бирмингем Сити, ФК Сиднеј и Сандерленд. Тој беше помошник менаџер на репрезентацијата на Тринидад и Тобаго сè до завршувањето на квалификациските натпревари за ФИФА Светското првенство во 2010 година.

Двајт Јорк
Јорк во август 2015
Лични податоци
Полно име Двајт Еверсли Јорк
Роден на 3 ноември 1971(1971-11-03)(53 г.)
Роден во Ханан, Тринидад и Тобаго
Висина 1,75 м
Позиција Напад
Средина
Младинска кариера
1988–1989 „Signal Hill Comprehensive School“
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1989–1998 Астон Вила 232 (73)
1998–2002 Манчестер Јунајтед 96 (47)
2002–2004 Блекбурн Роверс 60 (12)
2004–2005 Бирмингем Сити 13 (2)
2005–2006 ФК Сиднеј 21 (7)
2006–2009 Сандерленд 59 (6)
2009–2010 Тобаго Јунајтед
Вкупно 479 (147)
Репрезентација
1989–2009 Тринидад и Тобаго 72 (19)
Тренер на екипи
2009–2010 Тринидад и Тобаго (асистент)
2010–2011 Тобаго Јунајтед (тренер на прв тим)
2011– Манчестер Јунајтед-Резерви (асистент)
* Ажурирано на: 10:08, 1 јануари, 2009 (UTC)
** Ажурирано на: 23:54, 13 август, 2009 (UTC)

Заедно со Расел Латапи и Пет Џенингс, Јорк го држи рекордот за учество во различни натпревари за Светскиот Куп, вклучувајќи ги и шесте квалификациони фази (1990, 1994, 1998, 2002, 2006 и 2010). Јорк се здоби со прекарот Насмеаниот Убиец поради неговите способности за постигнување гол и неговата постојана насмевка.

Клупска кариера

уреди

Астон Вила

уреди

Грахам Тејлор, во тоа време менаџер на Астон Вила, прв го откри Јорк на турнеја на Вест Индис во 1989 година. Јорк се појавил на пријателски натпревар со Астон Вила, а Тејлор импресиониран од Јорк му понудил да заигра за Астон Вила. Последователно на тоа, Јорк добил постојан договор и го имаше првото деби во првата дивизија за Астон Вила против Кристал Палас на 24 март 1990 година. Кристал Палас победи на натпреварот со резултат 1:0. За време на неговите настапи за Астон вила, во периодот од 1989 година до 1998г година, Јорк почетно играл како десно крило сè до сезоната 1995-96, кога бил заменет на позицијата централен напаѓач и брзо потоа се воспостави дека е еден од најдобрите напаѓачи на Премиер лигата.

Јорк беше составен дел од тимот Астон Вила кој стигна до финалето во Лига купот во 1996 година. Вила поведе со 3:0 против Лидс Јунајтед, кога и Јорк се запиша на списокот на стрелците. На 30 септември 1996 година постигнал хет-трик на натпреварот против Њукасл Јунајтед за резултат од 4:3. Њукасл водеше 3:1 на полувреме, а Астон Вила останаа со десет играчи, откако Марк Дрејпер доби црвен картон на крајот на првото полувреме. Јорк го покажа јакиот карактер водејќи го тимот кон храбар против удар, постигнувајќи уште два гола во второто полувреме за да го комплетира својот хет-трик, иако не беше од голема помош бидејќи Астон Вила сепак го загуби натпреварот. Јорк помисли дека се работи за израмнувачки резултат од 4:4, само за да испадне дека се работи за офсајд. Ваквите настапи на Јорк го привлекоа вниманието на Манчестер Јунајтед во август 1998 година. За Астон Вила Јорк имаше 231 настап, постигнувајќи 97 голови. Тој, исто така, ја имаше честа да биде последниот играч на Астон Вила кој постигнал гол на Холти Енд, давајќи ги и двата гола за победа со резултат 2:1 на финалето на 7 мај во сезоната 1993-94 година.

Околностите за неговото заминување од Астон Вила беа контроверзни. Џон Грегори, тогашниот менаџер на Астон Вила, нагласи дека не се подготвени да го дадат Јорк на Манчестер Јунајтед, освен ако за замена не го добијат Енди Кол, напаѓач од Манчестер Јунајтед. Тогаш, Јорк му пријде на Грегори изјавувајќи дека сака да го напушти клубот, по што Грегори кажал дека да имал пиштол во канцеларијата би пукал во Јорк во тој момент. Астон Вила немаше друг избор освен да го продаде фудбалерот на Манчестер Јунајтед за 12, 6 милиони во август 1998 година. Без разлика на 9-те години поминати во Астон Вила, однесувањето на Јорк по заминувањето клубот не им се допаднало на некои од неговите навивачи, исто и поради тоа што подоцна заиграл за Бирмингем Сити.

Манчестер Јунајтед

уреди

Во првата сезона Јорк беше клучен играч во водењето на клубот кон титулата во Премиер лигата, ФА Купот и УЕФА Лигата на шампионите, формирајќи легендарно партнерство со Енди Кол. Јорк ја заврши сезоната како најдобар стрелец во лигата со 18 гола и постигна голови против Баерн Минхен, Барселона, Интер и Јувентус во Лигата на Шампионите. Јорк беше редовен играч на Јунајтед кога ја освои титулата 1999-2000 година, постигнувајќи 22 гола во сите натпреварувања.

И покрај помалку успешната трета сезона лично, Јорк погоди за хет-трик во врвот на табелата во судирот со Арсенал каде што Јунајтед ја освои трета едноподруго титула. Ограничените настапи на Јорк во сезоната 2001-02 доведоа до гласини дека не стои добро менаџерот на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, по неговиот огромен публицитет поради врска со британскиот модел Јордан. Во јануари месец тој требал да се пресели во Мидлзборо, но трансферот пропадна, тако што Јорк бил продаден на Блекбурн Роверс за 2.000.000 фунти. Неговиот учинок на ЈУнајтед бил 64 гола во 188 настапи.

Блекбурн Роверс

уреди

Јорк помина две години во Блекбурн Роверс, каде што повторно се врати со својот стар напаѓачки партнер, Енди Кол, каде што тој успеал да постигне 13 голови во својата прва сезона и му помогнал на Блекбурн да заврши на 6-тото место на табелата и да се квалификува во Купот на УЕФА. Следната сезона тој беше во и надвор од тимот и се скарал со менаџерот Греам Саунис. Имало шпекулации дека Саунис го обвинува дека не се труди доволно силно, и во текот на натпреварите тие си размениле неколку тешки зборови. Потоа тој се приклучил на Бирмингем Сити во 2004 година во слободен трансфер.

Бирмингем Сити

уреди

Јорк ја започна својата кариера во Бирмингем и со цел на неговото домашно деби против Чарлтон, кој помина долг пат до победа преку скептичните навивачи за неговото долга партнерство во минатото со градскиот соперник Астон Вила. Тој го постигнал првиот гол повторно против Њукасл во октомври. Сепак, Јорк го поминувал поголемиот дел од остатокот од неговото време во клубот на клупата и на крајот бил ослободен од страна на Стив Брус и подоцна бил купем од страна на австралискиот А-лига тим Сиднеј.

Сиднеј ФК

уреди

Со потпишувањето за Сиднеј, Јорк реши да ја продолжи својата кариера во Австралија за помалку пари отколку што би бил на располагање во некои други лиги, особено оние на Блискиот Исток. Фудбалските тимови од Катар биле најзаинтересирани, но Јорк се одлучил за австралискиот клуб за плата од 1 милион долари по сезона. Тој го постигнал првиот гол за Сиднеј во првата А-лига во победата против Мелбурн. Јорк пристигнал во Сиднеј со големо педигре во А-лигата, по освојувањата на тројната круна со Манчестер Јунајтед. Јорк постигнал 7 гола во А-лигата, од кои три од нив биле од пенал. Тренерот на Сиднеј Пјер Литбарски го преселил Јорк во средниот ред и му ја доделил капитенската лента.

Тој одигра голема улога во водењето Сиднеј во победата во инаугуративното А-лига Финале на 5 март против соперниците Сентрал Коуст Маринерс. Тој асистирал на единствениот гол, постигнат од страна на Стив Корика, пред 41.000-та публика на Ауси стадион, додека Џо Марстон го добил признанието за најдобар играч во големото финале. Тој исто така бил име -ѕвезда за А-лигата. Настрана од неговите фудбалски таленти, моќ и кредибилитет тој и на локално и на меѓународно ниво се покажа како корисен и за конкуренција во својота прва сезона, во FFA лигата, користејќи го неговиот лик и име за промоција на втората сезона на А-лигата.

Во јуни 2006 година, Јорк тренирал со Манчестер Јунајтед во обид да ја задржи формата на високо ниво пред Светското првенство 2006 година, иако тој во тоа време бил ангажиран во Сиднеј. Ова е поради тоа што австралиската сезона веќе завршила. Тој се врати во Сиднеј да учествува во пријателска средба против Евертон во 2010 година. Тој антпревар се сметал за негов проштален, иако тој никогаш немал шанса да каже соодветен збогум на навивачите во Сиднеј. Евертон победил на натпреварот со 1:0, а Јорк бил заменет во средината на второто полувреме.

Сандерленд

уреди

На 31 август 2006 година, Јорк потпиша за Сандерленд во трансфер вреден од 200,000 фунти, каде бил повторно обединет со екс-соиграчот Рој Кин, тогашен менаџер на Сандерленд. Јорк го направил своето деби на домашен натпревар против Лестер Сити и доби разбранувани овации од домашните навивачи кога влезе како замена во првото полувреме. Јорк бил користен како дефанзивен играч од средниот ред наместо неговата вообичаена улога како напаѓач. Тој го постигнал својот прв гол за Сандерленд во поразот од 2:1 против Стоук Сити и беше прифатен од страна на луѓето во Сандерленд, вклучувајќи ги Божиќните светла на градот во 2006 година. Него му бил предаден дресот со број 19 во Сандерленд, бројот што тој го носел во Манчестер Јунајтед и Сиднеј.

На 2 јануари 2008 година, за време на поразот од 1:0 на Сандерленд од Блекбурн, на Јорк му бил даден црвен картон од страна на судијата Роб Стајл. Јорк изјави неколкупати, дека тој би сакал да се врати во А-лигата, по можност во Сиднеј. Сепак, по засилувањата во Сиднеј во тоа време се чинело неверојатно дека Сиднеј би биле во можност да го донесат повторно на платен список. Било објавено дека Јорк ќе игра за соперниците Сентрал Коуст Маринерс, тим финансиран од страна на човекот кој го донесе во Сиднеј, Петар Турнбул.

На 11 март 2008 година, беше најавено дека Маринерс биле во "напредни преговори" со Јорк да потпише договор на две години. Сепак на 1 јули 2008 година Јорк потпишал нов едногодишен договор со Сандерленд и со тоа останал до сезоната 2008 -09. Тој покажал дека сè уште може да игра на највисоко ниво на натпреварот против Арсенал на 4 октомври 2008 година, натпревар во кој Сандерленд ремизираше 1-1 на домашен терен. По заминувањето на Рој Кин од местото менаџер на Сандерленд во декември 2008 година, Јорк и Нил Бејли биле именувани како помошници на Рики Сбраџиа. Јорк беше ослободен на крајот на сезоната 2008-09. По пензионирањето, Јорк ја завршил својата тренерска обука и започна во спроведувањето на тренерската кариера На 17 април 2011 година, тој го истрчал Лондонскиот маратон за време од 3 часа и 32 минути. На 14 август 2011 година, тој потпишал двегодишен договор за да работи за Скај Спорт како коментатор.

Интернационална кариера

уреди

Јорк забележа 72 официјални настапи за репрезентацијата на Тринидад и Тобаго, постигнувајќи 26 гола, но одигра повеќе од 100 натпревари за Т & Т, кои не беа признати како меѓународни пријателски натпревари. Заедно со неговиот пријател Расел Латапи, Јорк бил член на напаѓачкиот одред во 1989 година во репрезентацијата кој тесно успеа да се квалификува за ФИФА Светското Првенство во 1990 година. Тој се повлече од меѓународниот фудбал во 2001 година, по несогласувањето со тренерот, но се врати во тимот за квалификациите за Светското првенство во 2006 година, каде што тимот се квалификувал за Светското првенство за првпат во својата историја по продолженијата од 2:1 во квалификациската победа над Бахреин.

Јорк беше капитенот на сите натпревари на Тринидад и Тобаго во ФИФА Светско Првенство во 2006 година и беше играч на натпреварот при нерешениот резултат од 0:0 против Шведска, придавајќи му заслуги на неговиот близок пријател Шака Хислоп, голманот на Вест Хем кој направи неколку светски одбрани. Тој беше еден од шесте играчи во тимот Тринидад (другите се Брент Санчо, Денис Лоренс, Крис Бирчал, Карлос Едвардс и Стерн Јован) кои ја одиграа секоја минута на турнирот. Јорк е оценет како најдобар дефанзивен играч од средниот ред во фазата на групите на Светското првенство.

Јорк го најави своето пензионирање од меѓународниот фудбал во март 2007 година и избра да се фокусира на неговата клупска кариера во Сандерленд. Тој остана капитен сè до неговото пензионирање. Сепак, тој направи гостински кам-бек за пријателскиот натпревар против Англија во јуни 2008 година откако беше поканет од страна на заменик-претседателот на ФИФА Џек Ворнер. На 10 јули 2008 година, Јорк најави враќање кон репрезентацијата за ФИФА Светското Првенство во 2010 година за квалификациските натпревари.

На 15 октомври 2008 година, тој го постигна својот прв меѓународен гол по враќањето од пензија против САД во 2010 година во квалификациските натпревари за Светското првенство. Натпреварот заврши со резултат 2:1 за Тринидад и Тобаго. Неговиот гол беше клучен, постигнат во 79-та минута, со кој Тринидад и Тобаго бил ставен во важна ситуација за да премине во следната квалификациска фаза, потребна беше само реми против Куба во финалниот натпревар. На 11 февруари 2009 година, Јорк постигна гол од пенал во 26 -та минута за неговата земја, но беше исклучен во последните секунди за Тринидад и Тобаго во првиот натпревар во КОНКАКАФ квалификациите за ФИФА Светското Првенство во 2010 година во четвртото коло против Ел Салвадор откако размени жестоки забелешки со мексиканскиот судија Марко Антонио Родригес и како последица на тоа доби забрана за 4 натпревари што се должеше на неговата употреба на навредлив јазик. Суспензијата подоцна беше намалена на 2 натпревари.

Откако беше ослободен од Сандерленд и не можеше да најде клуб пред крајот на тековниот трансфер период, Јорк се повлече од фудбалот целосно во септември 2009 година и ја презеде функцијата асистент менаџер во репрезентацијата на Тринидад и Тобаго.

Личен живот

уреди

Јорк има стекнато добра репутација во британскиот печат како сериски женкар. Додека во Манчестер Јунајтед тој тајно снимаше „пијана“ забава во која учествуваше и самиот, тогашниот голман на Вила Марк Босниќ и четири девојки во луксузната куќа на Босниќ во Сатон Колдфилд. Јорк има излегувано со многу гламурозни модели и еднаш бил во кратка врска со британскиот модел Јордан и има син со нејзиното име Харви, кој е слеп и има аутизам. Јорк го оспоруваше татковството сè до потврдувањето на Јордан со ДНК тест. Тој, исто така, наводно излегуваше со сегашната девојка на Дејвид Хаселхоф, Хејли, четири месеци пред нејзината средба со Хаселхоф во 2011 година.

Стадионот „Двајт Јорк“ во Баколет, Тобаго конструиран за Светското првенство под 17 години во 2001 година, бил именуван во чест на Јорк. Јорк е обожавател на крикет. Еден од најблиските пријатели на Јорк е сонародникот Брајан Лара. Во текот на 1999 година, Светското првенство во Крикет, Јорк редовно доаѓал носејќи пијалаци за крикет тимот Вест Индис. Постариот брат на Јорк, Клинт Јорк, е поранешниот првотимец во крикет, кој го претставувал Тринидад и Тобаго на отворањето како батсмен.

Јорк се појавил во една епизода на ТВ шоуто Најголемиот губитник во Австралија, која се емитуваше во февруари 28, 2006 година. Во епизодата беше вклучен Јорк како тренер на "црвениот тим" на учесниците, а тие се натпреваруваа против "син тим" во фудбал. Марк Рудан, соиграч на Јорк во Сиднеј, бил менаџер на "синиот тим". За неговиот придонес за репрезентацијата во 2006 ФИФА Светско Првенство тој бил прогласен за спортски амбасадор за Тринидад и Тобаго. Тој ја објавил својата автобиографија во 2009 година под наслов "Роден за резултати".

Надворешни врски

уреди