ФК Брентфорд

англиски фудбалски клуб

ФК Брентфорданглиски фудбалски клуб од Брентфорд, Западен Лондон. Моментално се натпреварува во Премиер лигата, првото ниво на англискиот фудбал.

Брентфорд
Целосно имеФудбалски Клуб Брентфорд
ДржаваАнглија Англија
ПрекарПчели
Основан24 јуни 1901; пред 122 години (1901-06-24)
ЛокацијаЛондон, Англија
СтадионБрентфорд Комјунити Стедиум
Капацитет17,250[1]
СопственикАнглија Метју Бенам
ПретседателАнглија Клиф Краун
МенаџерДанска Томас Франк
ЛигаПремиер лига Премиер лига
2020–21Чемпионшип, 3. место (промоција)
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Клубот е основан во 1889 година. Најголемиот период од своето постоење Брентфорд го поминал играјќи во понисиките лиги на англискиот фудбал. Својот најголем успех клубот го остварил во сезоната 1935-1936, кога го освоил петттото место во старата Прва дивизија, што е нивниот највисок лигашки пласман до денес. Покрај тоа Брентфорд, исто така, четири пати стигал до четвртфиналето на ФА купот и трипати бил финалист во Трофејот на фудбалската лига. Во сезоната 2020-2021, како победник на плејофот во Чемпионшип, Брентфорд изборил промоција во Премиер лигата за првпат во својата историја. Така, тие се вратиле во најсилната фудбалска лига на Англија после 74 години.

Прекарот на клубот се пчели. Од 1904 година, својте домашни натпревари Брентфорд ги игра на Брентфорд Комјунити Стедиум, кој има нешто повеќе од 17,000 седечки места. Најголеми ривалства клубот има со својте лондонски соседи Фулам и Квинс Парк Ренџерс. Традиционалната опрема во која играат се пругаст црвено-бел дрес и црни шорцеви.

Играчи уреди

Моментален состав уреди

Обновено на 31 јануари 2022[2]
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Давид Раја
3   ОД Рико Хенри
5   ОД Итан Пинок
6   СР Кристијан Нергор
7   СР Серџи Кањос
8   СР Матијас Јенсен
10   СР Џош Дасилва
11   НП Јоан Виса
14   СР Саман Годос
15   СР Франк Онјека
17   НП Ајван Тони
18   ОД Понтус Јансон  
19   НП Бриан Мбемо
Бр. Позиција Играч
20   ОД Кристофер Ајер
21   СР Кристијан Ериксен
22   ОД Матијас Јоргенсен
23   ОД Жилиен Жанвје
24   СР Тарик Фосу
25   СР Мајлс Пирт-Харис
26   СР Шендон Баптист
27   СР Витали Јанелт
29   ОД Мадс Бех Соренсен
30   ОД Мадс Роерслев
40   ГМ Алваро Фернандес
49   ГМ Јонас Лесл

Титули уреди

Домашни натпреварувања уреди

1934-1935
1991-1992
1932-1933
1962-1963, 1998-1999, 2008-2009

Регионални натпреварувања уреди

1897-1898

Наводи уреди

  1. „The stadium“. Brentford Football Club New Stadium. Архивирано од изворникот на 2021-04-19. Посетено на 6 September 2020.
  2. „First Team“. Brentford F.C. Посетено на 10 September 2021.

Надворешни врски уреди