Енди Кол
Ендру Александар „Енди“ Кол (роден на 15 октомври, 1971, во Нотингем, Нотингемшир) — поранешен англиски професионален фудбалер и тренер на Хадерсфилд Таун. Во деведесеттите универзално е познат како Енди Кол, но во 2000г., тој наводно, побарал да биде прозиван како Ендрју Кол.
Енди Кол | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Ендру Александар Кол | ||
Роден на | 15 октомври 1971 | ||
Роден во | Нотингем, Англија | ||
Висина | 1,78 м | ||
Позиција | Напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Хадерсфилд Таун (тренер) | ||
Младинска кариера | |||
1988–1989 | Арсенал | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1989–1992 | Арсенал | 1 | (0) |
1991 | → Фулам (позајмен) | 13 | (3) |
1992–1993 | Бристол Сити | 41 | (20) |
1993–1995 | Њукасл Јунајтед | 70 | (55) |
1995–2001 | Манчестер Јунајтед | 195 | (93) |
2001–2004 | Блекбурн Роверс | 83 | (27) |
2004–2005 | Фулам | 31 | (12) |
2005–2006 | Манчестер Сити | 22 | (9) |
2006–2007 | Портсмут | 18 | (3) |
2007 | → Бирмингем Сити (позајмен) | 5 | (1) |
2007–2008 | Сандерленд | 7 | (0) |
2008 | → Барнли (позајмен) | 13 | (6) |
2008 | Нотингем Форест | 10 | (0) |
Вкупно | 509 | (229) | |
Репрезентација | |||
1991 | Англија „U20“ | 3 | (0) |
1992–1993 | Англија „U21“ | 8 | (4) |
1994 | Англија Б | 1 | (1) |
1995–2002 | Англија | 15 | (1) |
Како играч, бил напаѓач од 1988 до 2008 г. Особено е запамтен по неговите настапи во Премиер лигата, во Манчестер Јунајтед, каде што поминал шест години од неговата кариера, освојувајќи бројни трофеи. Играл во најквалитетната шампионска лига на англискиот фудбал за клубови како Арсенал, Њукасл Јунајтед, Блекбурн, Фулам, Манчестер Сити, Портсмут и Сандерленд, како и во пониските лиги во клубови како Бристол Сити, Бирмингем Сити, Барнли и Нотингем Форест.
Поранешниот англиски интернационалец, Кол, е вториот најдобар стрелец во историјата на Премиер лигата. Во својата кариера, Кол има постигнато вкупно 187 гола, пласирајќи се зад Алан Ширер, кој постигнал 260 гола. Кол е еден од ретките играчи во Англија кој ги добива сите почести за англискиот фудбал, вклучувајќи го и PFA млад играч на годината, како и посакуваната Лига на Шампиони. Кол , настапил петнаесет пати за репрезентацијата на Англија меѓу 1995 и 2001 година, постигнувајќи еднаш, против Албанија во квалификациите за Светското првенство.
Клупска кариера
уредиПочеток на кариерата
уредиКол ја започнал својата кариера како младински играч на Арсенал, напуштајќи го училиштето во 1988 година, потпишувајќи како професионалец во 1989 година. Својот прв настап во лигата за Арсенал, го направил на 19 годишна возраст, како замена, против Шефилд Јунајтед на Хајбери во Првата Дивизија, играјќи на 29 декември 1990 година, каде што Арсенал победил со 4-1, но Кол не резултирал со гол. Како замена влегол и против Тотенхем во Суперкупот во 1991 година, имајќи шанса, но неговиот удар завршил покрај голот.
Следната сезона бил позајмен во Фулам во Третата дивизија, каде постигнал три гола на 13 натпревари, пред да биде продаден во Втората дивизија во Бристол Сити за договор од 500,000 фунти, во тоа време како најскапо платен играч на клубот во Ештон Гејт.
Откако се докажал како компетентен млад голгетер во Бристол Сити (започнувајќи ја сезоната 1992-93 во новата фудбалска дивизија, сега наречена Премиер), како една од најжешките можности во Англија, па неговото име било редовно поврзано со премиерлигашките клубови во сезоната 1992-93.
Њукасл Јунајтед
уредиВо февруари 1993 година со победниците од Првата дивизија Њукасл Јунајтед, успеал да добие рекордни 1.750.000 фунти за неговите услуги. Тој постигнал 12 гола со што многу стратешки се пробил во Премиер лигата. Од тие 12 гола, дал два хет-трика, првиот против Барнсли на 7 април, вториот на последниот ден од сезоната со резултат од 7-1 против Лестер Сити. Исто така, го постигнал првиот од двата гола на клубот во нивната промоција издвојувајќи победа над Гримсби Таун на Blundell Park на 4 мај. Откако Дејвид Кели бил продаден на Вулверхемптон, менаџерот Кевин Киган го донел Питер Бердсли како партнер на Кол во сезоната 1993-94 во Премиер Лигата.
Кол постигнал 34 гола во 40 натпревари во текот на првата сезона на Њукасл во Премиер лигата со што клубот завршил на третата место, квалификувајќи се во Купот на УЕФА. Постигнал вкупно 41 гол во сите натпреварувања – кршејќи го рекордот за постигнување на голови на клубот поставен од страна на Хју Гелахер речиси 70 години порано (Гелахер уште го држи рекордот за најголем број на лигашки голови во една сезона со 36 постигнати погодоци). Неговиот прв гол во главната дивизија бил против Манчестер Јунајтед, бранителот на титулата од Лигата на шампионите (кој ја освои двојната) на Олд Трафорд на 21 август, со резултат 1-1. Ова бил првиот гол на Њукасл во Премиер Лигата.
Точно три месеци подоцна, тој ги постигнал сите три гола во натпреварот против Ливерпул на домашен терен со резултат 3-0. Друг хет-трик постигнал против Ковентри Сити на крајот на февруари, кој играјќи заедно со својот партнер Питер Бердсли, постигнувал смртоносни удари, со што клубот го донеле на третото место во лигата и за првпат од 1970година се квалификувале во Купот на УЕФА. Кол последователно бил прогласен за PFA млад играч на годината за таа сезона.
Кол постигнал девет гола во Премиер Лигата гола во 18 натпревари за Њукасл, на почетокот на 1994-1995 сезона, а исто така постигнал хет-трик против Ројал Антверпен во Купот на УЕФА.
Сè на сè, Кол дал 68 гола во 84 натпревари за Њукасл имајќи 81% од играта. Во однос на головите на игра за Њукасл, само Хју Гелахер има подобра евиденција. Неговиот последен погодок за Њукасл бил на домашен терен, играјќи нерешено 1-1 со Ипсвич Таун на 26 ноември 1994 година.
Манчестер Јунајтед
уредиНа 10 јануари 1995 година, Кол прави изненаден трансфер во Манчестер Јунајтед со договор вреден 7 милиони фунти- од кои 6 милиони фунти во готово, плус милион фунти отценети од Кит Гилеспи ако оди во спротивната насока, поставувајќи со тоа нов рекорд за најскап британски трансфер.
И покрај приклучувањето на пола сезона во 1994-95, Кол успеал да постигне 12 гола во само 18 натпревари во Премиер лигата на Манчестер Јунајтед. Ова го вклучува неговиот прв гол, извојувајќи победа над Астон Вила на 4 февруари на Олд Трафорд со резултат 1-0 и пет гола во големиот пораз против Ипсвич Таун, 9-0, правејќи го првиот играч кој постигнал 5 гола на еден натпревар во Премиер лигата.
Сепак, пропуштил цели две шанси во последните минути против Вест Хем Јунајтед на последниот ден од сезоната, и натпреварот завршил со 1-1, па титулата за таа сезона завршила во рацете на Блекбурн Роверс наместо кај Манчестер Јунајтед. Поради трансферот кој го направил на пола година немал право да игра во Суперкупот. Без него, Јунајтед изгубил од Евертон со 1-0. Јунајтед играле без казнетиот Ерик Кантона и повредениот Андреј Канчелскис, другите двајца најдобри стрелци таа сезона.
Неговата прва целосна сезона во Манчестер Јунајтед во 1995-96 година се покажала како многу тешка, особено со тоа што Кол се мачел да си го најде своето место на теренот, откако по враќањето на Ерик Кантона во тимот, играта била изградена околу него. Иако Кол постигнувал погодоци во четири последователни натпревари во текот на зимата, вклучувајќи го и голот со кој го отворил натпреварот против конкурентите за титулата Њукасл Јунајтед на 27 декември, со краен резултат 2-0, бил исвиркан од страна на навивачите и добивал критики низ поголемиот дел од сезоната за пропуштените шанси и постигнувањето на само 14 гола. Сепак Кол, се вратил во форма и кон крајот на сезоната ги постигнал критичните гола, вклучувајќи го победничкиот гол во полуфиналето за Суперкупот против Челзи, со што го однел Јунајтед повторно на Вембли. Таа сезона го добил и својот прв медал во Премиер лигата, постигнувајќи го вториот гол во победата од 3-0 против Мидлсборо на последниот ден од сезоната, со што помогнал Јунајтед да победи во Премиер лигата по третпат во последните четири години. Играл и во финалето на Суперкупот на Англија и за првпат ја освоил двојната титула.
Пред почетокот на сезоната 1996-97 година Кол морал да се справи со понудата на Блекбурн Роберс да го земе за позајмен играч за 12 милиони фунти, со што би се донел Алан Ширер на Олд Трафорд. На крајот понудата била одбиена и Ширер се одлучил за Њукасл, наместо за Манчестер Јунајтед. И покрај јасната одлука на Алекс Фергусон да најде друг напаѓач, откако договорот со Ширер пропаднал, Кол се борел да остане во клубот, носејќи дрес со број 9, наместо дотогашната 17ка. Со доаѓањето на Оле Гунар Солшер, како и неговата голема повреда со две скршени нозе, во малициозниот судир со Нил Рудок играјќи како резерва против Ливерпул, неговите шанси за игра во првиот тим се намалиле. Сепак, Кол успеал да закрепне до декември истата година, играјќи во 20 натпревари таа сезона во Премиер лигата како замена. Сезоната ја завршил со неколку клучни погодоци во двете лиги (како на гости со противникот за титулата Арсенал) и во Лигата на шампионите (каде што постигнал гол против Порто, избран за најдобар гол во сезоната на европскиот фудбал) финиширајќи го својот кам-бек од повредата. Кол го постигнал и запечатувачкиот гол со историска победа на Јунајтед со 3-1 на Енфилд, на истото место кај што се здоби и со повредата само половина сезона порано, против Рој Еванс од Ливерпул, со што повторно помогнал Јунајтед да се здобие со четвртата титула во последните 5 години, а Кол го освојува својот 2 медал во Премиер лигата.
Во сезоната 1997-98 година, пензионирањето на Ерик Кантона, повторно го издигнува Кол како прв избор на напаѓач, покажувајќи ја неговата најдобра форма досега за клубот, со што станува најдобар стрелец во Премиер лигата во текот на сезоната со 18 погодоци, вклучувајќи мноштво на спектакуларни гола, од кои еден против Евертон, кој навивачите го прогласиле за гол на сезоната. Кол, развил силно партнерство со Теди Шерингам (и покрај значајните лични судри), но Јунајтед завршил без трофеј за само 2 пат во 9 сезони, губејќи од Арсенал на крајот. Кол го постигнал првиот хет-трик играјќи на гости на Феенорд, завршувајќи ја сезоната како финалист на PFA Играч на годината заедно со Денис Беркамп од Арсенал. И покрај оваа акредитација, како вдечки стрелец на сезоната со 25 погодоци, не бил дел од составот на англиската репрезентација на Светското првенство предводен од тогашниот селектор Глен Худл. Кол останал оптимист, па во едно интервју изјавил дека конечно ја нашол слободата во својот живот, особено по повредите од претходната сезона, велејќи дека е премногу радосен со новородениот син, живее за него и неговото семејство, чувствувајќи се како повторно роден христијанин. Пријателството со Рајан Гигс било главниот мотивирачки фактор низ тешките времиња, особено кога навивачите на Јунајтед прокламираа сомнеж во неговата игра.
Кол се соочил со нова конкуренција со потпишувањето на нови играчи како Двајт Јорк, Теди Шерингам и Оле Гунар Солшер во текот на сезоната 1998-99 година, но тоа довело до успешна соработка со Јорк. Кол и Јорк придонеле 53 голови меѓу нив и биле оценети како најдобриот тандем играчи во Европа, кои како тандем постигнувале голови на гостински терен против екипи како Барселона на Камп Ноу, повторувајќи ја сезоната со неверојатни движења и асистенции што на моменти се чинело дека демонстрираат телепатско разбирање. Кол одигра клучна улога во големата Премиер лига, ФА Купот и Лигата на Шампионите. Тој го постигна победоносниот гол со кој Јунајтед завршил бод пред соперникот Арсенал. Исто така, го постигнал третиот и победнички гол на Јунајтед во Лигата на шампионите во полуфиналниот реванш против Јувентус, запечатувајќи го нивното место во финалето за првпат во повеќе од 30 години. Оваа сезона, Кол го постигнал својот 100-ти гол го Премиер лигата во врвот на табелата против Арсенал на Олд Трафорд на 17 февруари, а натпреварот заврши со 1-1.
За време на пред-сезоната на турнеја на Јунајтед во Австралија во јули 1999 година, Кол бив вмешан во жесток судир при кој австралискиот дефанзивец Симон Колосимо кој останал 6 месеци неподвижен и му била потребна целосна реконструкција на коленото. Пред повредата тој бил еден од најдобрите млади фудбалери во Австралија, кој планирал да направи голем трансфер во Европа, но никогаш не успеал да направи кариера на стариот континент, и покрај неколкуте настапи за Манчестер Сити.
Кол повторно бил најдобар стрелец на сезоната во Премиер лигата со 19 постигнати гола, во 28 натпревари. Собрал четири медали во пет одиграни сезони и постигнал повеќе од 20 гола во сите натпреварувања за третата по ред сезона. Кол постигнал многу голови за Јунајтед, вклучувајќи го и голот против своите најблиски соперници Лидс Јунајтед, во врвот на табелата. Се приклучил и во елитната група на играчи, постигнувајќи го својот 1000-ти гол за клубот, нерешено 2-2 против Вимблдон.
Следи уште една титула во сезоната 2000-01, кога и покрај повредата, постигнал 13 гола во сите натпреварувања, вклучувајќи и 4 во Лигата на шампионите со што станал рекордер на Манчестер Јунајтед за најдобар стрелец во европска конкуренција на сите времиња.
Следната сезона 2001-02 повторно дошла нова конкуренција со потпишувањето на Руд ван Нистелрој, како и Двајт Јорк, Оле Гунар Солшер и Пол Сколс , со кои Фергусон направил поконзервативен пристап особено во европските натпреварувања со играње на Сколс зад Ван Нистелрој со Рој Кин и Хуан Себајстијан Верон како тројца од средниот ред. И покрај тоа, Кол успеал да постигне 7 гола пред да замине за Блекбурн, особено од кога заостанал во позадина на опасниот тандем на Ван Нистелрој и Солскјер, принудувајќи го во таа “супер под“ улога. Кол го одиграл последниот настап за Манчестер Јунајтед во прославата на УЕФА 6 години подоцна, на 13 март 2007 година, на пријателскиот натпревар меѓу Манчестер Јунајтед и Европа XI по повод одбележувањето на 50-годишнината на Европската заедница и 50 години на Манчестер Јунајтед во Купот на европските шампиони.
Блекбурн Роверс
уредиСо доаѓањето на Руд Ван Нистелрој и Хуан Себастијан Верон се броeле деновите кога Кол добивал шанса да заигра во првиот тим со сезоната 2001-02 година, а на 29 декември 2001 година тој е продаден на Блекбурн Роверс за 8 милиони фунти. Во рок од два месеци од пристигнувањето тој го освоил Лигата на купот, постигнувајќи го победничкиот гол за Блекбурн во финалето против Тотенхем, кои биле под раководство на поранешниот англиски селектор и отворен критичар на Кол, Глен Ходдл. Оваа победа, значи дека, во просторот од седум сезони, Кол освоил три домашни трофеи и еден европски трофеј. Ја завршил сезоната со вкупно 18 постигнати гола во сите натпреварувања, 5 за Манчестер Јунајтед и 13 во само 20 натпревари за Блекбурн.
Роверс завршил шести во сезоната и се квалификувал за Купот на УЕФА. Во новата сезона Кол повторно заиграл со Двајт Јорк, кој потпишал за Блекбурн од Манчестер Јунајтед за 2 милиони фунти во јули 2002 година.
Кол доживеал фрустрирачка сезона во 2003-04 година кога Роверс паднал на долниот дел од Премиер лигата, завршувајќи 15-ти. Кон тоа придонел и лошиот однос на Кол со менаџерот Греам Сонис, кој добил пријава од Кол за нефер третман. Кол постигнал 37 гола во 100 настапи во сите натпреварувања за Блекбурн.
Подоцнежна кариера и повлекување
уредиТринесет години откако бил еден месец на позајмица во Фулам, Кол се вратил во Крејвен Котиџ за сезоната 2004-05 година, приклучувајќи им се на едногодишен договор. Тој бил најдобар стрелец на клубот и го постигнал еден од најдобрите голови во сезоната против Ливерпул. И покрај успешниот период во Фулам тој одлучил да го напушти клубот по само една сезона по барање на неговото семејство кое сакало да се врати на северозападниот дел од земјата.
Кол потпишал за Манчестер Сити на слободен трансфер на почетокот на сезоната 2005-06 годинна, уживајќи добар почеток на својата кариера. Иако Стјуарт Пирс го поминал поголемиот дел од сезоната во горната половина од табелата, сезоната на Кол завршила со повреда во март.
И покрај потпишувањето на нов договор со Манчестер Сити само неколку месеци порано и напуштајќи го Фулам за да се врати на север, Кол потпишал договор за Портсмут на јужниот брег со трансфер на самиот рок (31 август 2006 година) за необјавена сума, која се очекува да порасне на милион фунти во зависност од настапите. Тој го постигнал својот прв гол за новиот клуб дома против Вест Хем на 14 октомври 2006 година со резултат 2-0. Сепак, Кол се борел да се пробие на страната на Хари Реднап и во март 2007 година потпишал за Бирмингам Сити до крајот на сезоната. Се вратил во Портсмут по 5 настапи и еден гол (против Вулверхемптон) за Бирмингам. Бил ослободен на 3 август 2007 година.
Откако бил ослободен од Портсмут на крајот на сезоната 2006-07 година, Кол потпишал едногодишен договор со Сандерленд на слободен трансфер, повторно обединувајќи се со својот тандем играч од Манчестер Јунајтед и Блекбурн Роверс, Двајт Јорк, и под раководство на поранешниот тимски колега од Јунајтед Рој Кин. По 7 натпревари за клубот тој бил позајмен во Барнли каде играл до крајот на сезоната 2007-08 во Премиер лигата. На 4 јули 2008 година, Кол потпишал 12-месечен договор со Нотингем Форест, неговиот 12-ти клуб, и родниот град на клубот од детството. Сепак, на 31 октомври 2008 година, Форест, потврдил дека договорот бил откажан во заемна согласност, по 11 настапи и без голови.
На 11 ноември 2008 година, Кол се повлекол од фудбалот, со што ставил крај на својата 19 годишна кариера.
Интернационална кариера
уредиИ покрај тоа што за првпат бил повикан во репрезентацијата во 1995 година, тој забележал само 15 настапи од времето кога го најавил своето повлекување од меѓународниот фудбал и откако не успеал да биде избран за Светското првенство во 2002 година. Постигнал еден гол за Англија, во квалификациите за Светското првенство на натпреварот против Албанија во март 2001 година. Исто така настапил во својот единствен настап за англискиот Б тим.
Глен Ходдл, во одбрана на својата одлука, да не го избере Кол за Светското првенство во 1998 година, го обвинил Кол за слабата голгетерска ефиканост и дека му се потребни 6-7 шанси за да постигне гол.
Повредата во 2000 година, повторно го оневозможува на Кол да пропушти да настапи за својата земја.
Својте први четири настапи за репрезентацијата ги одиграл под водство на четири различни селектори. Своето деби го направил против Уругвај под селекторската капа на Тери Венејблс во 1995 година, следниот пат бил повикан против Италија под раководство на Глен Ходдл на Турниот во Франција во 1997 година, а својот трет настап против Франција бил под привремено раководство на Хауард Вилкинсон во 1999 година, и конечно го добил четвртиот настап против Полска под капа на новиот селектор Кевин Киген неколку недели подоцна.
Тренерска кариера
уредиВо август 2009 година, Кол бил ангажиран од страна на неговиот поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација Пол Инс , за првично привремен тренер на клубот МК Донс . Сепак, недела дена подоцна, Кол се согласил да поминува најмалку два дена во неделата работејќи со напаѓачи на Хадерсфилд Таун, под водство на неговиот поранешен тимски колега од Њукасл Јунајтед и Фулам, Ли Кларк. Во декември 2010 година, Кол се вратил во Манчестер Јунајтед, каде работел во академијата за обуки Карингтон, сè до завршувањето на неговите тренерски задачи. Личен живот
Во 1999 година Кол објавил неуспешен сингл, "Outstanding", во оригинал од 1982 година. Истоимената песна, која го достигна дното на Топ 40 на Велика Британија.
Кол се оженил со својата долгогодишна девојка Ширли Девар во јули 2002 година на истиот ден кога се оженил и Стив Мекманаман. Имаат син, Девант, симпатизер на Манчестер Сити, и живеат во северозападен Лондон, како соседи на Рио Фердинанд.
Во 2008 година, Кол бил приведен од страна на полицијата по наводниот напад врз неговата сопруга во нивниот дом, пред да биде ослободен со кауција. Шест месеци подоцна, Кол, преку неговиот претставник од адвокатската фирма, Шилингс, бил оштетен од медиумскиот гигант (Експрес Њуспејпрс ) Express Newspaper, кој е сопственик на (Дејли Стар) Daily Star за клевета во врска со објавувањето на материјалот за наводниот напад и за штетата предизвикана кон неговото семејство.
Добротворна работа
уредиВо 2000 година, Кол го посетил Зимбабве и кога се вратил основал добротворна фондација наречена „ Фондација за децата на Енди Кол“, која помогнала на сирачињата заболени од СИДА во Зимбабве. Добротворната организација е регистрирана од британската комисија под број 1.079.911. Подоцна организацијата се ребрендира како„ All Star деца“, но Кол повеќе не е вклучен во тоа.
Во јуни 2011 година, Кол ја посетил Танзанија и се вклучил во промовирањето на фудбалот во локалното училиште Дар ес Салам. Посетата била организирана од страна на Телеком компанијата Airtel.
Промена на името
уредиНа клупската телевизија на Манчестер Јунајтед (MUTV) за неговата кариера, Ендрју Кол – во живо на 18 септември 2011 година, се осврна токму на тоа и изјави кога новинарот го праша како неговите родители го нарекуваат, на што тој одговори Ендрју. Тој потоа истакна дека медиумите тоа намерно го потенцирале, како тој од нив да побарал така да биде прозиван.
Почести
уредиКлуб
уредиАрсенал • ФА Комјунити Шилд(1): 1991 година Њукасл Јунајтед • Фудбалска лига Прва дивизија(1): 1992-93 година Манчестер Јунајтед • Премиер лига(5): 1995-96, 1996-97, 1998-99, 1999-2000, 2000-01година • ФА куп(2): 1995-96, 1998-99 година • ФА Комјунити Шилд(2): 1996, 1997 година • УЕФА Лига на шампиони(1): 1998-99 година • Интернационален куп(1): 1999 година Блегбурн Роверс • Фудбалски лига куп(1): 2001-02 година Поединечни • Златна копачка во Премиер лигата: 1993-94 година • Млад играч на годината во Премиер лигата: 1994 година
Односи со другите играчи
уредиНил Рудок смета дека Кол е играч кој најмногу ужива да го има за противник. Во една интервју за Talksport, тој на шега го посочил инцидентот кој резултирал со големата повреда на Кол, со двете скршени нозе, во 1997г. Изјавил дека тоа и не бил баш „голем и паметен“ потег, но било „Одлично“. На тоа додал, „Ако треба да сум искрен, не мислев да му ги скршан двете нозе, мислев само едната.“
Надворешни врски
уреди- Тимски профил - Ендру Кол „BBC Sport“
- Manutd.com