Отвори го главното мени

Пјер-Емерик Обамејанг

Пјер-Емерик Обамејанг (роден на 18 јуни 1989) е габонски фудбалер, напаѓач на Арсенал и на габонската репрезентација.[3] Тој е син на поранешниот фудбалер Пјер Обамејанг и помал брат на Катилина и Вили.

Пјер-Емерик Обамејанг
Pierre Emerick Aubameyang 2014.jpg
Лични податоци
Полно име Пјер-Емерик Емилиано Франсоа
Обамејанг[1]
Роден на 18 јуни 1989 (1989-06-18) (30 г.)
Роден во Лавал, Франција
Држава Франција Франција
Габон Габон (од 2009)
Висина &100000000000001870000001,87 м[2]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Арсенал Арсенал
Број 14
Младинска кариера
2007-2008 Милан Милан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008-2011 Милан Милан 0 (0)
2008-2009Дижон Дижон 34 (8)
2009-2010Лил Лил 14 (2)
2010-2011Монако Монако 19 (2)
2011-2013 Сент Етјен Сент Етјен 87 (37)
2013-2018 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 144 (98)
2018- Арсенал Арсенал 11 (7)
Репрезентација
2009 Франција Франција 21 1 (0)
2012 Габон Габон 23 3 (1)
2009- Габон Габон 56 (23)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 3 јули 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 3 јули 2012

Кариерата ја започнал во Милан, кој го позајмувал на четири француски клубови пред да потпише постојан договор со Сент Етјен во 2011 година. После две сезони во Сент Етјен, се преселил во Борусија Дортмунд за 13 милиони евра. Со Борусија Дортмунд тој освоил еден Куп и два Суперкупа на Германија. Во јануари 2018 се преселил во англискиот Арсенал за клупски рекорд од 56 милиони фунти. И покрај тоа што што направил еден настап за младата репрезетнација под 21 година на Франција, Обамејанг дебитирал на сениорско репрезентативно ниво за селекцијата на Габон во 2009 година со која настапил четири пати на Африканскиот куп на нации (во 2010, 2012, 2015 и 2017) и Олимпискиот фудбалски турнир во 2012.

Во 2015 година Обамејанг бил избран за Африкански фудбалер на годината, станувајќи првиот Габонец кој ја освоил наградата.[4] Во декември 2016, тој бил именуван од The Guardian за деветти најдобар фудбалер во светот.

Клупска кариераУреди

Почетоците со Милан и позајмиците во ФранцијаУреди

Обамејанг се приклучил на Примавера составот на Милан во јануари 2007. Во август истата година тој бил дел од тимот кои учествувал на првото издание на Младинскиот куп на шампиони кој се одржал во Малезија, каде што бил најдобар стрелец на турнирот со 7 гола во 6 натпревари и освојувајќи го "Трофејот Роберто Бетега".[5]

Во сезоната 2008-2009 бил позајмен на Дижон,[6] со цел редовно да игра во првиот тим. Своето деби во Лига 2 го направил на 1 август 2008 во натпреварот Ленс-Дижон 3-1,[7] а својот прв погдок меѓу професионалците го постигнал на 22 август, во победата со 2-1 над Тур.[8]

На 23 мај 2009, по завршувањето на сезоната со Дижон, отишол на заем на една година со право на откуп во Лил.[9] Дебитирал во дресот на Лил на 6 август 2009 во натпреварот од Лигата на Европа против Севојно, влегувајќи на местото на Ларсен Туре во 64-тата минута.[10] Само три дена подоцна го имал својот прв настап во Лига 1 во натпреварот против Лорјан, влегувајќи одново како резерва на местото на Франк Берија во 59-тата минута.[11] На 13 декември 2009 година го постигнал својот прв гол како играч на Лил во првенствениот натпревар против Монако,[12] поставувајќи го конечниот резултат 4-0.[13]

По завршувањето на сезоната, Лил одлучил да не го користи правото на откуп и играчот се вратил во Милан, клубот сопственик на неговиот договор.[14] На 7 јули, 2010, Обамејанг бил проследен на уште една позајмица со право на откуп во Франција, овојпат во Монако.[15] Своето деби со Монако го имал на 7 август 2010 во натпреварот од првото коло на Лига 1 2010-2011 против Олимпик Лион што завршил без голови 0-0.[16] На 21 август 2010, тој го постигнал својот прв гол за Монако на гостувањето кај Ленс, а подоцна истиот месец ја погодил и мрежата на Осер во победата со 2–0 на Луј II. Неговиот период на заем во Монако бил прекинат порано од предвиденото и траел само шест месеци, во кој Обамејанг одиграл 23 натпревари во сите натпреварувања и постигнал два гола (двата во лигата).

Сент ЕтјенУреди

 
Обамејанг за време на тренинг со Сент-Етјен во август 2011

На 31 јануари, 2011 бил официјализиран неговиот премин во Сент Етјен, до крајот на сезоната 2010-2011, на позајмица со право на откуп.[17] Своето деби со Сент Етјен го имал на 5 февруари, 2011 против Монпелје,[18] влегувајќи од клупата на местото на Алехандро Алонсо во 62-рата минута од натпреварот.[19]

На 9 април, 2011 година во натпреварот против Осер го постигнал првиот гол во зелениот дрес.[20] На крајот на сезоната, Обамејанг запишал 14 натпревари и 2 гола, а Милан и Сент Етјен се согласиле да ја продолжат позајмицата на играчот во францускиот клуб за уште една година.[21] Откако Обамејанг одиграл одлична полусезона постигнувајќи 6 првенствени гола, на 22 декември 2011 година, Сент Етјен објавил дека го откупил габонскиот напаѓач од Милан за цена од еден милион евра, потпишувајќи договор со играчот до 2016.[22][23]

На 22 февруари, 2012, во 22-рото коло од француската Лига 1 за сезоната 2011-2012 Обамејанг го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата со 4-2 над Лорјан.[24] Сезоната ја завршил со 18 гола во 38 натпревари (во сите натпреваувања), од кои 16 во Лига 1, што е рекорд за постигнати голови во една сезона во француската прва лига од играч на Сент Етјен, изедначен со Бафетимби Гоми.[25]

Следната сезона тој го подобрил овој рекорд успевајќи да постигне 19 гола во 37 првенствени натпревари, завршувајќи како втор најдобар стрелец во Лига 1 2012-2013 зад Златан Ибрахимовиќ.[26] Тој додал уште 4 гола во Купот на Франција а покрај тоа, исто така, помогнал за освојувањето на Лига купот на Франција (го одиграл целиот натпревар во финалето), прв во историјата на клубот од Лоара.[27]

Вкупно за две и пол сезони поминати во дресот на Сен Етјен тој одиграл 97 натпревари и постигнал 41 гол.

Борусија ДортмундУреди

На 4 јули, 2013, Борусија Дортмунд го комплетирала трансферот на Обамејанг кој потпишал 5 годишен договор со германскиот клуб.[28] Трансферот на играчот ги чинел милионерите 13 милиони евра плус 2 милиони бонуси во зависност од неговите перформанси.[29][30]

Дебитирал за Борусија на 27 јули, во натпревар од Суперкупот на Германија, во кој Борусија Дортмунд го победила Бајерн Минхен, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Јакуб Блашчиковски на 18-минути до крајот и асистирал за последниот погодок на Марко Ројс со кој биле поставени конечните 4-2.[31] На 10 август 2013 година, дебитирал во Бундеслигата, постигнувајќи хет-трик во победата со 4-0 на гости против Аугусбург.[32] Во тој натпревар исто така станал првиот габонец кој се појавил во некој натпревар од Бундеслигата.[33] На 27 ноември, тој го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во победата со 3-1 против Наполи во групна фазa.[34]

АрсеналУреди

Во јануари 2018, Обамејанг потпишал за англискиот Арсенал за клупски рекорд од 56 милиони фунти.[35][36] Тој одбрал да го носи дресот со број 14, кој некогаш го носел легендарниот фудбалер на топџиите Тјери Анри, а останал слободен по заминувањето на Тио Волкот во Евертон десеттина дена претходно.[37]

Репрезентативна кариераУреди

Обамејанг бил повикан да игра за репрезентацијата на Италија под 19 години по добрата сезона со Дижон, но тој дебитирал за репрезентацијата на Франција под 21 година во февруари 2009 година во пријателски натпревар против Тунис.[38]

На 25 март 2009 година, Обамејанг го добил првиот повик за настап во габонската репрезентација[39] и го направил своето деби во победата со 2-0 над Мароко, постигнувајќи го притоа и својот прв репрезентативен погодок.[40]

Клупска статистикаУреди

Статистиката е последно ажурирана на 17 декември 2016.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2008-2009   Дижон Л2 34 8 КФ+ЛКФ 2+1 0 - - - - - - 37 8
2009-2010   Лил Л1 14 2 КФ+ЛКФ 0+1 0 ЛЕ 7 0 - - - 24 2
2010-јан. 2011   Монако Л1 19 2 КФ+ЛКФ 1+3 0 - - - - - - 23 2
јан.-јун. 2011   Сент Етјен Л1 14 2 КФ+ЛКФ - - - - - - - - 14 2
2011-2012 Л1 36 16 КФ+ЛКФ 0+2 0+2 - - - - - - 38 18
2012-2013 Л1 37 19 КФ+ЛКФ 4+4 2+0 - - - - - - 45 21
Вкупно Сент Етјен 87 37 10 4 97 41
2013-2014   Борусија Дортмунд БЛ 32 13 КГ 6 2 ЛШ 9 1 СГ 1 0 48 16
2014-2015 БЛ 33 16 КГ 4 5 ЛШ 8 3 СГ 1 1 46 25
2015-2016 БЛ 31 25 КГ 4 3 ЛЕ 14 11 - - - 49 39
2016-2017 БЛ 14 16 КГ 1 0 ЛШ 5 4 СГ 1 0 21 20
Вкупно Борусија Дортмунд 110 70 15 13 36 19 3 1 164 100
Вкупно во кариерата 264 119 35 17 43 19 3 1 345 153

Хет-триковиУреди

4. голаУреди

3. голаУреди





ТитулиУреди

  Сент Етјен[41]Уреди

  Борусија Дортмунд[41]Уреди

НаводиУреди

  1. „Player Details – Pierre-Emerick Aubameyang“. CAF Online. конс. 16 октомври 2014. 
  2. http://www.bvb.de/eng/Teams/First-Team/Pierre-Emerick-Aubameyang
  3. http://www.lfp.fr/joueur/aubameyang-pierre-emerick
  4. „Pierre-Emerick Aubameyang beats Yaya Toure to Caf award“. BBC. 7 January 2016. конс. 8 January 2016. 
  5. La Gazzetta dello Sport, уред. (20 agosto 2007). „Juve k.o. in Malesia, trionfa il Manchester“. конс. 21 aprile 2009. 
  6. tuttomercatoweb.com, уред. (21 giugno 2008). „Ufficiale: Milan, Aubameyang al Digione“. конс. 16 dicembre 2010. 
  7. lfp.fr, уред. (1º agosto 2008). „RC Lens-Dijon FCO 3-1“ (French). конс. 16 dicembre 2010. 
  8. lfp.fr, уред. (22 agosto 2008). „Dijon FCO-Tours FC 2-1“ (French). конс. 16 dicembre 2010. 
  9. Raimondo De Magistris (24 јуни 2009). tuttomercatoweb.com, уред. „Ufficiale: Pierre-Emerick Aubameyang al Lille“. конс. 12 август 2009. 
  10. uefa.com, уред. (6 agosto 2009). „LOSC Lille Métropole 2-0 FK Sevojno“. конс. 12 agosto 2009. 
  11. lfp.fr (уред.). „LOSC Lille Métropole-FC Lorient 1-2“ (French). конс. 16 dicembre 2010.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  12. losc.fr (уред.). „Après Monaco-LOSC (0-4), les réactions“ (French). конс. 15 dicembre 2009.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  13. losc.fr (уред.). „Monaco 0 - 4 LOSC“ (French). конс. 15 dicembre 2009.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  14. tuttomercatoweb.com, уред. (19 giugno 2010). „Milan, Aubameyang: "Penso all'Inghilterra". конс. 26 ottobre 2010. 
  15. asm-fc.com (уред.). „Aubameyang a signé, Mollo prêté à Caen“. конс. 7 luglio 2010.  Unknown parameter |lingua= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош);
  16. asm-fc.com (уред.). „Ol. Lyonnais - AS Monaco FC : 0-0“ (French). конс. 8 agosto 2010.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  17. asse.fr (уред.). „Aubameyang en Vert“ (French). конс. 4 febbraio 2011.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  18. asse.fr, уред. (5 febbraio 2011). „Montpellier 1–2 ASSE : Les Verts en Hérault“ (French). конс. 6 febbraio 2011. 
  19. lfp.fr (уред.). „Montpellier Hérault SC 2-1 AS Saint-Etienne“ (French). конс. 6 febbraio 2011.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  20. asse.fr (уред.). „Auxerre 2-2 ASSE : De l’allant et du répondant“ (French). конс. 10 aprile 2011.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  21. asse.fr, уред. (11 luglio 2011). „Pierre-Emerick Aubameyang de retour“ (French). конс. 28 luglio 2011. 
  22. asse.fr, уред. (22 dicembre 2011). „Officiel : Aubameyang est définitivement Stéphanois“ (French). конс. 22 dicembre 2011. 
  23. Gianluca Losco (22 dicembre 2011). tuttomercatoweb.com, уред. „Ufficiale: Saint-Etienne, riscattato Aubameyang dal Milan“. конс. 22 dicembre 2011. 
  24. sport24.com, уред. (23 febbraio 2012). „Aubameyang ne l’oubliera pas“ (French). конс. 23 febbraio 2012. 
  25. Franck Talluto. sport24.com, уред. „Aubameyang: «Une superbe saison»“ (French). конс. 21 maggio 2012.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  26. ligue1.com, уред. (26 maggio 2013). „Zlatan Ibrahimovic a marqué la Ligue 1“ (French). конс. 4 luglio 2013. 
  27. TF1, уред. (20 aprile 2013). „Saint-Etienne s'offre la Coupe de la Ligue, la première de son histoire“ (French). конс. 4 luglio 2013. 
  28. „Borussia Dortmund verpflichtet Aubameyang“ (German). конс. 4 luglio 2013.  Unknown parameter |editore= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош);
  29. L'Équipe, уред. (4 luglio 2013). „Aubameyang, c'est fait !“ (French). конс. 25 luglio 2013. 
  30. Bild, уред. (4 luglio 2013). „Offiziell! BVB holt Aubameyang“ (German). конс. 25 luglio 2013. 
  31. Carlo Pizzigoni (27 luglio 2013). La Gazzetta dello Sport, уред. „Supercoppa tedesca, Guardiola stecca, Reus no: Dortmund-Bayern Monaco 4-2“. конс. 29 luglio 2013. 
  32. Stefano Cantalupi (10 agosto 2013). La Gazzetta dello Sport, уред. „Bundesliga, anche il Borussia Dortmund comincia bene“. конс. 11 agosto 2013. 
  33. „Aubameyang hat-trick has Dortmund flying“. Bundesliga.de. конс. 10 August 2013. 
  34. Borussia Dortmund gain lifeline after turning on the style against Napoli“, „The Guardian“, 27 ноември 2013 (посет. 19 декември 2013 г).
  35. Arsenal F.C. (31 јануари 2018). "Pierre-Emerick Aubameyang signs for the club". Соопштение за печат.
  36. Pierre-Emerick Aubameyang completes £56m Arsenal move“, 31 јануари 2018. (на en)
  37. Arsenal confirm Pierre-Emerick Aubameyang will wear Thierry Henry’s legendary squad number
  38. „FFF : sélections, football, fiche, espoirs, féminines, masculines, UEFA, FIFA“ (French). Fff.fr. Архивирано од изворникот на 23 February 2009. 
  39. „Giresse turns to Aubameyang youngsters“. FIFA.com. 24 March 2009. конс. 10 August 2013. 
  40. „Giresse turns to Aubameyang youngsters“. FIFA.com. 24 March 2009. конс. 10 August 2013. 
  41. 41,0 41,1 Трофеи на Пјер-Емерик Обамејанг

Надворешни врскиУреди