Дирк Кајт

холандски фудбалер

Дирк Кајт (холандски изговор: [ˈdɪrk ˈkœyt]  ( слушни); роден на 22 јули 1980 година) — пензиониран холандски професионален фудбалер кој најголемиот дел од својата кариера настапувал за Фејенорд од Ротердам. Тој ја започнал кариерата како класичен напаѓач, но со текот на времето најмногу бил користен како офензивен везист или крилен напаѓач.

Дирк Кајт
Dirk Kuijt
Дирк Кајр со Фејенорд во 2015
Лични податоци
Полно име Дирк Кајт[1]
Роден на 22 јули 1980(1980-07-22)(43 г.)
Роден во Катвајк ан Зе, Холандија
Висина 1.83 м (6 ст 0 ин)[2]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Фејенорд
Број 7
Младинска кариера
1985–1998 Квик Бојс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998–2003 Утрехт 160 (51)
2003–2006 Фејенорд 101 (71)
2006–2012 Ливерпул 208 (51)
2012–2015 Фенербахче 95 (26)
2015– Фејенорд 63 (31)
Репрезентација
2004–2014 Холандија 104 (24)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 20 April 2017

Клупска кариера уреди

Утрехт уреди

Кајт ја започнал својата кариера во Утрехт во 1998 година и брзо станал дел од првиот тим. Тој поминал 5 години во клубот, каде што во 2003 година, во неговата последна сезоната во Утрехт го освоил холандскиот куп, и тоа претсавувал негов прв трофеј и бил избран за златна копачка на холандската лига. После тоа, тој се преселил во тимот на Фејенорд за €1 милион евра. Тој станал капитен на клубот во 2005 година како еден плоден стрелец, во сезоната 2005-06 бил избран за холандски фудбалер на годината. Кајт пропуштил само пет натпревари во текот на седум сезони од 1999 година до 2006 година и настапи во 179 последователни натпревари помеѓу 2001-06, во плодна соработка со колегата од Фејенорд Саломон Калу. Тој го напуштил Фејенорд, после три години, постигнувајќи 71 лигашки голови на 101 натпревар, и се пресели во Премиер Лигата во тимот на Ливерпул за £10 милиони фунти.[3]

Ливерпул уреди

Тој го имал своето деби во 2006 година со кој станал редовен член на првиот состав. Својот прв гол за Ливерпул го постигнал во Лигата на Шампионите во финалето против Милан во 2007 година. Кајт постигнал неколку важни голови за Ливерпул, вклучувајќи седум гола во сезоната 2007-08 година во Лигата на Шампионите, вклучувајќи и еден гол во четврт-финалето против Арсенал на Емирати стадионот и во полуфиналето против Челзи и против Евертон во дербито во истата сезона. Тој го постигна својот прв хет-трик за Ливерпул против Манчестер Јунајтед во март 2011 година по влегувањето како замена, и го постигна голот во продолеженијата на Вембли за Ливерпул против Кардиф Сити во 2012 Лига Купот и му помогна на Ливерпул да го освои трофејот, кој исто така беше неговиот единствен трофеј како играч на Ливерпул. Кајт го имаше своето деби за фудбалската репрезентација на Холандија во 2014 година и беше дел од 5 големи натпреварувања, три светски првенства, 2006, 2010 и 2014 година, како и две европски првенства 2008 и 2012 година. На 3 октомври 2014 година,тој објавил дека ја завршува својата репрезентативна кариера.[4]

Фенербахче уреди

На 3 јуни 2012 година, Фенербахче објавил на своето официјално мрежно место дека Кајт потпишал со клубот три годишен договор за надомест од € 1 милион евра, и со годишна плата од 2,85 милиони евра € плус бонус по натпревар од € 17.500 евра. Тој го постигнал својот прв гол за Фенербахче во квалификациите на Лигата на шампионите против романскиот Васлуи во победата од 4-1. Кајт, исто така, го постигна првиот гол со своето деби во Турската лига против новодојденците во лигата Елазигспор на 18 август 2012 година, а натпреварот заврши 1-1. Во натпреварот против Газиантепспор, Кајт го постигна 250 гол во неговата кариера, вклучувајќи го и репрезентативните натпревари.[5][6][7][8]

Фејенорд уреди

Во април 2015 та година тој потпиша едногодишен договор со Фејенорд, и така после 9 години се вратил во Ротердам. Во 2016 та година тој го продолжи договорот на уште една година. На 14 мај 2017 година, во последното коло на Холандската прва лига, Фејнрод го совлада Хераклес со резултат 3-1, со хет-трикот на Кајт со што му донеле на Фејенорд титула после 18 години, односно после сезоната 1998-99 година. „Feyenoord 3-1 Heracles Almelo“. BBC Sport. 14 May 2017. Само три дена после освојувањетоа на титулата, односно на 17-мај, Кајт го објави своето пензионирање од професионлниот фудбал.[9][10]

""Едвај можам да опишам како се чувствувам сега, но не бев доволно добар, се разбира дека не е добро за довербата кога ќе изгубите пет пати по ред. Јас сум зафатен дење и ноќе за промена, но и за да сторам сè што е можно да се сврти плимата. Ова е најтажниот ден од мојот живот во полето на фудбалот. Тешко е да се каже што точно е проблемот, се разбира, лесно е да се обвинува некого, но само сакам да се погледнам себеси. Знам дека не е доволно, но јас ќе продолжам да давам се за Феенорд. "

- Дирк Кујт по петти изгубен натпревар по ред на 31 јануари 2016 година.[11]

Наводи уреди

  1. „FIFA World Cup South Africa 2010 – List of Players“ (PDF). Fédération Internationale de Football Association (FIFA). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-06-16. Посетено на 8 June 2013.
  2. „Dirk Kuyt“. Mail Online. Associated Newspapers. Посетено на 9 June 2013.[мртва врска]
  3. Burt, Jason (18 август 2006). „Kuyt flies in to join Liverpool 'dream' team“. The Independent. London. Архивирано од изворникот на 31 March 2009. Посетено на 6 September 2010.
  4. Gill, Kieran (3 октомври 2014). „Robin van Persie pays tribute to 'legend' Dirk Kuyt after former Liverpool forward retires from international football“. Daily Mail. Mail Online. Архивирано од изворникот на 6 October 2014. Посетено на 3 October 2014.
  5. „Welcome to Fenerbahçe!“. Fenerbahce.org. 3 јуни 2012. Архивирано од изворникот на 5 October 2012. Посетено на 3 June 2012.
  6. „Dirk Kuyt leaves Liverpool for Fenerbahce on three-year deal“. BBC Sport. 3 јуни 2012. Архивирано од изворникот на 4 June 2012. Посетено на 3 June 2012.
  7. Young, Alex (3 јуни 2012). „Fenerbahce sign Liverpool forward Dirk Kuyt“. Goal.com. Архивирано од изворникот на 6 June 2012. Посетено на 3 June 2012.
  8. „BREAKING NEWS: Dutch international Dirk Kuyt joins Fenerbahce from Liverpool“. Архивирано од изворникот на 16 декември 2012.
  9. „Dirk Kuyt: Former Liverpool and Netherlands forward retires after Feyenoord title win“. BBC Sport. 17 May 2017. Посетено на 17 May 2017.
  10. Jones, Neil (17 May 2017). „Former Liverpool star Dirk Kuyt retires from football“. Liverpool Echo. Посетено на 17 May 2017.
  11. „Kuyt emotional: saddest day in football career“. Voetbal centraal. 31 January 2016. Посетено на 31 January 2016.

Надворешни врски уреди

Дирк Кајт profile and stats at Wereld van Oranje (холандски)