Отвори го главното мени

АФК Хадерсфилд Таун е англиски фудбалски клуб од градот Хадерсфилд, Западен Јоркшир. Во моментов клубот се натпреварува во Чемпионшип лигата, второто ниво на англискиот лигашки систем. Хадерсфилд е првиот тим во историјата на англискиот фудбал кој успеал да освои три последователни титули шампион на Англија, освоени во сезоните 1923-1924, 1924-1925, 1925-1926, најмногу благодарение на нивната тогашна легенда Херберт Чапман. Со ова достигнување Хадерсфилд е во друштво само на уште три други многу пославни тимови кои успеале да врзат три последователни титули по ред, а тие се Манчестер Јунјатед, Арсенал и Ливерпул. Но, овие три титули на Хадерсфилд за сега остануваат и единствените во историјата на клубот. Во 1922 година тимот го освоил и ФА Купот. Во 2017 година клубот по 45 години пауза се вратил во највисокото ниво на англискиот фудбал, останувајќи две сезони во Премиер лигата, пред да испаднат во Чемпионшип во сезоната 2018–2019.

Хадерсфилд Таун
Huddersfield Town A.F.C. logo.png
Целосно имеФудбалски клуб Хадерсфилд Таун
ДржаваАнглија Англија
ПрекарТериерите
Основан1908
СтадионКирклис,
Хадерсфилд, Англија
Капацитет24,500
ПретседателАнглија Дин Хојл
МенаџерГерманија Јан Зиверт
ЛигаЧемпионшип лига
2018–19Премиер лига, 20. место (испаѓање)
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Своите домашни натпревари Хадерсфилд ги игра на Кирклис стадионот кој е со капацитет од 24.500 места.

ТитулиУреди

Второ место: 1926/27, 1927/28, 1933/34

Финалисти на ФА Куп (4) : 1920, 1928, 1930, 1938


Надворешни врскиУреди