Клубот бил формиран во 1875 година како Смол Хит Алијанс, па бил преименуван во Смол Хит во 1888 година, и потоа во Бирмингем во 1905 година, пред да го добие денешното име Бирмингем Сити во 1943 година.[1] Како Смол Хит, тие најпрво се натпреварувале во Фудбал алијанс пред да се приклучат на Фудбалската лига во 1892 година, како едни од основачите на Втората дивизија и нејзини први шампиони. Најголемите успеси во историјата на клубот се освојувањето на Лига купот во 1963 и 2011 година, а покрај тоа двапати биле финалисти во ФА купот во 1931 и 1956 година.
Од 1906 година, својте домашни натпревари Бирмингем Сити ги игра на стадионот Сент Ендрјус. Клубот има долгогодишно соперништво со блиските соседи Астон Вила (кои се исто така од Бирмингем), со кои го играат Дербито на Бирмингем познато уште и како Дерби на вториот град. Прекарот на клубот е Блуз (англиски Blues), и доаѓа од бојата на нивниот дресови.
↑Matthews (2000), стр. 55. "City was added to Birmingham (to make Birmingham City Football Club) in the summer of 1943 (and not 1945 as previously thought). The official Blues home programmes for the 1943–44 season clearly show Birmingham City Football Club on the front cover." harvp error: no target: CITEREFMatthews2000 (help)