Фудбалски клуб Барнли е професионален фудбалски клуб од Барнли, Англија и моментално се натпреварува во Премиер лигата.
Клубот е основан во 1882 година. Член на Фудбалската лига станал во 1888 година.[2] Барнли е двократен Шампион на Англија во 1921[3] и 1960 година.[4], освојувач на ФА Купот во 1914 година, а во 1961 година стигнале до четврт-финалето на Европскиот куп. Исто така, Барнли е еден од трите клуба кој ги освоиле сите четири професионални лиги во англискиот фудбал заедно со Вулверхемтон и Престон Норт Енд.
Прекарот на клубот е The Clarets. Традиционалните бои се бордо и сина. Од 1883 година клубот е домаќин на стадионот Трф Мор.