Георги Христов
Георги Стоев Христов (Јан Пирински) — роден на 17 мај 1931 година, во с. Јаново, Пиринскиот дел на Македонија[1], починал на 11 ноември 2021 во Благоевград, Бугарија.
Георги Христов | ||
Роден | 17 мај, 1931 година Јаново, Светиврачко, Пиринска Македонија (денешна Бугарија) | |
---|---|---|
Починал | 11 ноември 2021 Благоевград, Бугарија | |
Националност | Македонец | |
Познат | под псведонимот Јан Пирински |
Животопис
уредиРаботел како работник, управник на одморалиште, службеник во Окружниот народен совет во Благоевград, учител по бугарски јазик и литература, окружен социјален инспектор и др.[1][2]
Во 1992 година Георги Христов од својот брат Александар ја презема улогата на главен и одговорен уредник на весникот „Народна Волја“. Своите текстови ги потпишувал и со псевдонимот Јан Пирински.[3]
Автор
уредиУште како ученик пишувал стихови, неговите дела се објавувани во тогашниот весник “Пиринско дело“. Ја има објавено и стихозбирката „Попатен изгрев“.[4]
Еден од најобемните трудови кој ги има потпишано Јан Пирински, односно Георги Христов е делото „Гневот на правдата“ Архивирано на 27 јули 2021 г., во кое хронолошки се опишани повеќето настани кои влијаеле на правата на Македонците во Пиринска Македонија како и нивната борба за човекови права.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Јан Пирински (Георги Христов) (2016). Гневот на правдата. Благоевград: Издава ЕТ „Херонея – 338”. стр. 5–6, 701. ISBN 978-954-91329-7-7. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ „„Македонско сонце" број 672, Скопје, 2007“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-10-10. Посетено на 2007-05-22.
- ↑ Весник „Народна волја“
- ↑ Георги Христов: „Попатен изгрев“, Благоевград, 2003
Надворешни врски
уреди- Интервју за МР - РАДИО СКОПЈЕ
- Разговор со Георги Христов Архивирано на 10 октомври 2007 г.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |