Кристина Николовска

Кристина Николовскамакедонски поет, критичар, есеист и научен работник, универзитетски професор, теоретичар на литературата, литературен критичар, есеист, антологичар, експерт за креативна култура во односи со јавноста, менаџер на кампањи..[1]

Кристина Николовска
Занимањеуниверзитетски професор, книжевник,
ОбразованиеФилолошки факултет
Апсолвент наУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје
Книжевно движењесовремена македонска книжевност

Автор е на книги: поезија, теорија на литературата, литературна критика, есеистика, толкувања, беседи, монографии и филозофски разговори. Приредувач е на избори поезија и на антологии. Николовска е посветен афирматор на современата македонска литература и активен промотор со оригинални и незаборавни ораторски настапи пред публика.

Животопис

уреди

Кристина е родена на 17 мај 1969 година во Скопје, каде што дипломирала, магистрирала и докторирала Филолошки факултет во Скопје, „Блаже Конески“ каде што и работи како редовен професор. Од учебната 2017/2018 проф. д-р Кристина Николовска е акутелен раководител на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Николовска е редовен професор по Теорија на литературата, а ги предава и предметите: Реторика и стилистика, Семиологија и херменевтика, Реторика во односи со јавност, Семиологија во односи со јавноста, и Метафорика. Ги предавала и предметите: Основни теориски поими, Теорија на жанри, Методологија на книжевно¬теориските поими и други. На постдипломските студии по македонска книжевност предава: Теорија на литература, Метафорика, Херменевтика, Ars poetica херменевтика. На докторските студии по Македонска книжевност предава: Теорија на литература, Креативна: реторика, стилистика, херменевтика, семиологија. На докторските студии за културологија предава: Креативна култура во односи со јавност (реторика, стилистика, херменевтика, семиологија).

На „Семинарот за македонски јазик, литература и култура“ во Охрид повеќе години предава курс по македонска литература (2002¬2005, 2013, 2019, 2020) и курс по творечко пишување (2014). Повеќе години, сè до денес, застапена е како предавач на Семинарот. Била визитинг¬професор во Брисел (Белгија, 2004) и во Марибор (Словенија, 2005). Предавала и на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (2009–2010).

Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1992, каде што од 2004 до 2006 била секретар за меѓународна соработка. Од 2014 е член на Претседателството на ДПМ.

Од 2018 до 2021 е секретар за меѓународна соработка на ДПМ и член на Претседателството на ДПМ.

Автор е на ТВ серијалот „Разговорница“ (2007), циклус од шест тв-емисии филозофски разговори со врвни македонски уметници. Од 2009 година Николовска е Шеф на кампањата на акцијата за пошумување: Ден на дрвото – засади ја својата иднина! Од 2018 година е член на Организацискиот одбор на меѓународната литературна манифестација „Рацинови средби“ во Велес.

Книжевни дела

уреди

Поетски збирки

уреди
  • Десимфонија – Скопје, Книжевна младина на Македонија, 1988
  • Мугроносна – Скопје, Книжевна младина на Македонија, 1989

Теорија на литература

уреди
  • Метафора на припадност – Скопје, „Зојдер“, 1999. (теорија на литература, магистерски труд)
  • Глаголска метафора – Скопје, „Зојдер“, 2004. (теорија на литература, докторска дисертација)

Литература и книжевна критика

уреди
  • Организација на тишината – Скопје, „Зојдер“, 2000. (литературна критика)
  • Филозофемски мрежи – Скопје, „Зојдер“, 2004. (литературна критика)
  • Внатрешен молк – Скопје, „Зојдер“, 2006. (литературна критика и есеистика).
  • Светлинска – Скопје, „Силсонс“, 2016. (литературна критика, есеистика, толкувања и беседи)
  • Сончевина – Скопје, „Силсонс“, 2018. (литературна критика, есеистика, толкувања и беседи).

Филозофски разговори

уреди

Харизма – Скопје, „Зојдер“, 2006

Разговорница – Скопје, „Силсонс“, 2014

Монографии

уреди
  • Опус-великан[2] (книга за Гане Тодоровски) – Охрид, „Macedonia Prima“, 2009. (монографија: разговори, студии, есеи и критики)
  • Поезија-небо[3] (книга за поезијата на Славе Ѓорго Димоски) – Скопје, „Македонска реч“, 2012. (монографија: разговори, студии, есеи и критики)
  • Златото на литературата[4], (книга за творештвото на Венко Андоновски) – Скопје, „Македонска реч“, 2013. (монографија: разговори, студии есеи и критики)
  • Книга за Анте[5] – Скопје, „Силсонс“, 2017 (критики и толкувања)
  • Мостови на убавината[6] (книга за творештвото на Стојан Тарапуза) – Скопје, „Силсонс“, 2019. (монографија: критики, толкувања и разговори).

Тематски избори

уреди
  • Тишината меѓу два збора (Ars Poetica) – Струга, „Струшки вечери на поезијата“, 2005. (Тематски избор од современата македонска поезија), (Избор, приредувач и предговор Кристина Николовска;
  • Silence between two words (Ars Poetica) – Struga, „Struga poetry evenings“, 2005. (A Thematic Selection of Contemporary Macedionian poetry) (Selected and edited by Kristina Nikolovska);
  • Песната меѓу две лета – Струга, 2008. (Избор, приредувач на избор од македонската поезија и предговор: Кристина Николовска);
  • Poem between two summers – Struga, „Struga poetry evenings“, 2008. (Editing, Selection of Macedonian Authors and Preface by: Kristina Nikolovska).

Награди

уреди

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 182.
  2. User, Super. „Поезија - Небо“. Македоника Литера (англиски). Посетено на 2023-11-16.
  3. User, Super. „Поезија - Небо“. Македоника Литера (англиски). Посетено на 2023-11-16.
  4. „Златото на литературата – нова книга на Кристина Николовска“. МКД.мк (англиски). Архивирано од изворникот на 2023-11-16. Посетено на 2023-11-16.
  5. Gogoska, Tatjana (2019-05-14). „„Книга за Анте" од Кристина Николовска ќе биде промовирана во Салон 19,19“. КулАрт.мк. Посетено на 2023-11-16.
  6. „Промовирана книгата „Мостови на убавината" на Кристина Николовска“. KumanovoNews. Посетено на 2023-11-16.