Нешо Марковски (Тетово, 20 јули 1927 - Скопје, 17 мај 1985) — македонски новинар, сценарист и општественик.[1]

Животопис

уреди

Марковски е роден во Тетово на 20 јули 1927 година. Учествувал во НОБ. Во новинарството е од 1948 година, кога го уредувал весникот Шар во Тетово. Кон средината на педесеттите години на XX век бил соработник па уредник на Внатрешно-политичката рубрика на „Нова Македонија“. Во периодот 1957/58 год. бил еден од основачите и уредниците на седмичникот „Вечер“ во издание на НИП „Нова Македонија“. Бил и прв главен уредник на македонското издание на седмичникот „Комунист“ во 1964 година. Бил претседател на Здружението на новинарите на Македонија. Починал во Скопје на 17 мај 1985 година.

Филмографија

уреди

Марковски напишал и три сценарија на телевизиски проекти[2]:

  • 1957: Полог (економски преглед) (Сценарио)
  • 1957: Полог (туристички преглед) (Сценарио)
  • 1958: Во пазувите на Шара (Сценарио)

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија. II (I. изд.). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
  2. „Марковски Нешо - Македонски информативен филмски центар“. Посетено на 2014-05-15.