Ламбринос Вранас (Λαμπρινός Βρανάς) е андартски капетан, деец на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија.

Ламбринос Вранас
Роден ?
Починал 17 мај 1905

Животопис

уреди

Вранас е роден во Каликратис на островот Крит. На 13 јули 1903 година ја минал грчко-турската граница и влегол во Македонија со чета која била екипирана од страна на Георгиос Цондос. Во оваа чета покрај Вранас влегле: Георгиос Перос, Евтимиос Каудис, Георгиос Диконимос, Георгиос Сејменис, Горгиос Зауридис, Георгиос Стратинакис, Енатратиос Бонатос, Маноусос Катунатос и Николаос Лукакис [1].

Оваа чета со помошта на грчкиот костурски митрополит Германос Каравангелис почнала да дејствува во Костурско и Леринско. По избувнувањето на Илинденското востание оваа андартска чета имала судир кај Клисура со чета на Македонската револуционерна организација, а подоцна учествувала во палењето на Косинец. Потоа сите Критјани со исклучок на загинатиот Георгиос Сејменис се повлекле од Македонија, но следната 1904 година повторно се вратиле [2].

Ламбринос Вранас учствува во борбата кај Статица во која на 13 октомври 1904 година бил убиен Павлос Мелас[3].

На 17 мај 1905 година на патот за Мариово четата на Вранас била сочекана од турски аскер. Андартите сакале да се предадат но дошло до борба во која Вранас и речиси сета негова чета биле убиени, со исклучок на Антонис Цитурас кој ранет успеал да се засолни [4].

Извори

уреди
  1. „Κακουδάκης, Ιωάννης, „Η ΣΥΜΒΟΛΗ ΚΑΙ ΟΙ ΘΥΣΙΕΣ ΤΩΝ ΚΡΗΤΙΚΩΝ ΣΤΟ ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟ ΑΓΩΝΑ". Архивирано од изворникот на 2008-05-12. Посетено на 2010-12-27.
  2. Трайкова, Весела, „НАЧЕНКИ НА АНДАРСКОТО ДЕЛО В МАКЕДОНИЯ ­ КАРАВАНГЕЛИС, ЙОН ДРАГУМИС И ДЕСЕТИНАТА КРИТЯНИ“, списание "Македонски преглед", Година ХХІV, 2001, кн. 1, 45-60 с[мртва врска]
  3. „„ΠΑΥΛΟΣ ΜΕΛΑΣ: ΗΡΩΑΣ ΠΡΟ-ΚΑΤ. Η ΣΦΑΙΡΑ ΠΟΥ ΤΟΝ ΣΚΟΤΩΣΕ ΗΤΑΝ ΕΛΛΗΝΙΚΗ". Архивирано од изворникот на 2007-10-31. Посетено на 2007-10-31.
  4. „„0 ένοπλος αγώνας στην Κεντρική και Δυτική Μακεδονία κατά το 1905", преземено од http://clubs.pathfinder.gr на 13.07.10 г.“. Архивирано од изворникот на 2012-08-24. Посетено на 2010-12-27. Надворешна врска во |title= (help)