Фредрик Кесијакоф

шведски велосипедист

Фредрик Карл Вилхелм Кесијакоф (шведски: Fredrik Carl Wilhelm Kessiakoff; р. 17 мај 1980 во Нака) — поранешен шведски професионален друмски велосипедист, кој настапувал од 2000 до 2014 година. Последно возел за UCI World Tour екипата Астана Казахстан Тим.[1] Кесијакоф се префрлил на друмски велосипедизам во 2009, откако имал успешна кариера како професионален планински велосипедист повеќе години, освојувајќи го шведското државно првенство 4 пати и завршувајќи трет на Светското првенство во планински велосипедизам. Тој двапати ја претставувал Шведска на Олимписките игри. Кесијакоф се повлекол во 2014 година.[2]

Фредрик Кесијакоф
Кесијакоф во јуни 2015 година
Лични податоци
Цело имеФредрик Карл Вилхелм Кесијакоф
Роден17 мај 1980(1980-05-17)(44 г.)
Нака,  Шведска
Висина1,75 м
Маса62 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Планински велосипедизам (порано)
Улогавозач
Професионални клубови
2000–2002
2004
2007
2008
2009
2010
2011–2014
Кресцент
Сименс-Канондале
Канондале-Вредестајн
Фул Динамикс-ИТ
Фуџи-Сервето
Гармин-Транзишанс
Астана
Значајни победи
Голема трка
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2012)

Етапни трки

Трка околу Австрија (2011)
Последна промена
4 јануари 2017

Достигнувања

уреди

планински велосипедизам

уреди
2002
1. Шведско првенство под 23 години
1. Краен пласман Шведски куп
2003
2. Шведско првенство
2004
1. Шведско првенство
2005
1. Светски куп маратон
1. Куп Саншајн Кипар
4. Светско првенство
2006
1. Шведско првенство
1. Нордиско првенство
1. Краен пласман Бундеслига - Германија
1. Инт Италија Неапол
3. Европско првенство
3. Светско првенство
2007
1. Светски куп финале
1. Шведско првенство
3. Европско првенство
4. Светско првенство
2008
1. Трка Саншајн Кипар
1. Шведско првенство
5. Светско првенство
7. Европско првенство

друмски велосипедизам

уреди
2009
4. Краен пласман Тур де Лангкави
9. Краен пласман Тур де Романди
2011
1. Краен пласман Трка околу Австрија
1. Етапа 2
2012
1. Етапа 11 ITT) Вуелта а Еспања
1. Етапа 7 (ITT) Тур де Свис
Тур де Франс
Ја носел   точкестата маичка од етапата 8 до 10 и етапата 12 до 16.
2. Џиро дел’Емилија
3. Милано-Торино
5. Светско хронометарско првенство
10. Џиро ди Ломбардија

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014
  Џиро 50 90
  Тур 40 СО
  Вуелта 72 34 61

СО = се откажал

Наводи

уреди
  1. Грегор Браун (1 септември 2009). „Гармин објави за Хантер и Ван Сумерен“. Cycling News. Посетено на 1 септември 2009.
  2. http://www.cyclingnews.com/news/kessiakoff-announces-retirement-from-cycling

Надворешни врски

уреди