Александар Смилевски

Александар Смилевски (Скопје, 17 мај 1939) — македонски архитект.[1].

Животопис

уреди

Смилевски е роден на 17 мај 1939 година во Скопје, каде што и дипломирал архитектура. Работел во “Бетон”, каде што, ги направил првите чекори во архитектурата и реализирал најголем дел од своите дела. Тој е дел од генерацијата архитекти кои активно се вклучиле во обновата на Скопје по земјотресот во 1963 година. Меѓу неговите најрани остварувања е проектот за станбени кули тип „Б”, кои се дел од Градски ѕид. Ги проектирал уште гимназијата „Орце Николов” во Скопје, станбениот блок „Грозд” и Спомен-домот на културата во Битола, станбени кули во скопски Карпош и Железарница, хотелот „Бетон” во Охрид, станбени објекти во повеќе општини, хотел од висока категорија во Дечани, Косово, а во странство работел и на проект за индустриски објект во Ирак, станбени комплекси во Запорожје, Украина. Престојувал во Русија како стручен координатор за изградба на бензински пумпи и управна зграда на „Југанс нафтегас” во Омск, Сибир. Добитник е на наградата „Андреја Дамјанов” за 2008 година и станува и член на Академијата на архитекти при ААМ[2]. Од 1980 до 1990 бил член на колективното претседателство на ААМ[3].

Наводи

уреди
  1. „Списание за архитектура“. еПорта. 2008. |access-date= бара |url= (help)
  2. „„Андреја Дамјанов" во рацете на архитект Александар Смилевски“. еПорта. 2008. Посетено на 2009-12-27.
  3. „Организација на ААМ“. ААМ. Архивирано од изворникот на 2009-08-02. Посетено на 2009-12-27.

Надворешни врски

уреди