Глодачи

ред цицачи
(Пренасочено од Глодач)
Глодачи
Период: Доцен палеоцен - денес
Капибара (Hydrochoerus hydrochaeris)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Поткласа: Eutheria
Надред: Glires
Нерангирано: Euarchontoglires
Ред: Rodentia
Боудих, 1821
Подредови

Sciuromorpha
Castorimorpha
Myomorpha
Anomaluromorpha
Hystricomorpha

Глодач (лат. Rodentia) е секој цицач кој се одликува со пар на широки, остри и длетовидни заби од типот на секачи кои се цврсто всадени во двете вилици и се користат за гризење (глодање) на растителноста. Предната површина на секој секач се состои од глеѓ, а задната површина од мек дентин кој се троши за време на процесот на глодање, така што секачите константно се чуваат остри. Глодачите немаат кучешки заби (песјаци), а присутна е празнина помеѓу забите за сечење и оние за мелење, односно катниците. Повеќето глодачи се одликуваат и со добро развиени уши.

Постојат повеќе видови на глодачи од било кој друг мамалиски ред; повеќе од 400 родови и околу 2,000 видови се нашироко распространети низ светот. Најголемиот од глодачите е капибарата, а повеќето други видови се релативно мали. Глодачите живеат во најразлични живеалишта: некои видови се водни, некои се копнени, а некои живеат во дупки во почвата. Другите се арбореални и околу 35 видови се летачки верверички кои се полуаериални, рипајќи од едно на друго дрво.

Многу глодачи се економски неповолни, уништувајќи ги земјоделските култури и складираната храна. Глодачите како куќниот глушец и стаорецот понекогаш пренесуваат болести. Некои видови, како мускратот и дабарот, се ценети поради нивното крзно; браните изградени од дабарите спречуваат ерозија на почвата. Белите (албино) раси на глувци и стаорци се важни во биолошкото експериментирање. Белиот глушец, хрчакот и морското прасе се популарни домашни миленичиња.

Научниците продолжуваат да пронаоѓаат нови видови на глодачи. Необичен верверицовиден глодач наречен Лаоски карпест стаорец, откриен во Лаос во 2005, припаѓа на семејство глодачи за која се мисли дека е изумрена веќе 11 милиони години. Глодачите од претходно се познати само од фосилни форми.

Систематика

уреди

РЕД RODENTIA (од латински, rodere, гризе)

Галерија

уреди