Џозеф Далтон Хукер
Сер Џозеф Далтон Хукер (англиски: Sir Joseph Dalton Hooker; 30 јуни 1817 - 10 декември 1911) — британски ботаничар и истражувач.
Џозеф Далтон Хукер Sir Joseph Dalton Hooker | |
---|---|
Роден(а) | 30 јуни 1817 Хејлсворт, Суфолк, Англија |
Починал(а) | 10 декември 1911 Санингдејл, Беркшир, Англија | (возр. 94)
Националност | Британско |
Полиња | Ботаника |
Установи | Градини во Кју |
Образование | Универзитет во Глазгов |
Влијание од | Сер Вилијам Џексон Хукер; Чарлс Дарвин; Џорџ Бентхем |
Влијаел врз | Тиселтон-Дјер |
Поважни награди | Орден за заслуги (1907); Орден на Ѕвездата на Индија; Кралско општество Копли (1887) и Дарвинови медали (1892); Лондонско Линеанско друштво (1888) и Медал Дарвин-Валас (1908) |
Потпис |
Хукер како момче учествувал во експедицијата на Џејмс Кларк Рос со која било потврдено постоењето на Антарктикот. Во текот на патувањето открил многу нови видови растенија на островите во Јужниот Океан и стекнал углед на врвен ботаничар. По експедицијата на Хималаите тој објавил значајно дело за рододендроните, а во 1865 година го наследил својот татко на местото управник на Кралската градина во Кју (Лондон). Тој станал најдобар пријател на Чарлс Дарвин и огнено ја поддржувал неговата теорија за еволуцијата.
Стандардна авторска кратенка
уредиИзвори
уреди- ↑ „Автори“. Меѓународен индекс на растителни имиња. (англиски)
- Дејвис, Адам Харт, уред. (2011). Општа наука: енциклопедија за секое семејство и дом. прев. Сашо Христовски и др. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-608-4500-27-8. (библ.)
Оваа статија за личност од Англија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |