Отвори го главното мени

Црква на Англија

(Пренасочено од Англиканство)

Црквата на Англија или англиканска црква (англиски: Church of England) е христијанска црква[2] во Англија и матична црква на англиканските цркви ширум светот.

Црква на Англија
Church of England
Значка на Црквата на Англија  The Archbishops' Council, 2000.
Врховен управникЕлизабета II
ПоглаварЏастин Велби, Архиепископ Кантербериски
СедиштеЧерч Хаус, Вестминстер, Лондон
ТериторијаАнглија
Ман · Каналски Острови
Гибралтар · континентална Европа
Верници26 милиони покрстени[1]
Мреж. местоwww.churchofengland.org
Кантербериската катедрала - седиште на Архиепископот Кентербериски.

Црквата на Англија се смета себеси и за католичка и за реформирана (протестантска): католичка е бидејќи смета на својот континуитет од апостолските и средновековните времиња и се потпира на најраните учења на првите црковни татковци, особено на Апостолскиот, Никејскиот и Атанасијскиот Завет.[3] Покрај тоа, таа е и реформирана бидејќи го примила влијанието на некои доктринарни начела од реформацијата од XVI век. Ова се гледа од 39-те прописи воспоставени од кралицата Елизабета I како дел од помирувањето на религијата во Англија. Обичаите и литургијата во Англиската црква се засноваат на постарите католички традиции, но се осовременети под влијанието на Реформацијата.[4]

Црквата на Англија се осамостоила од католичката во времето на кралот Хенри VIII, и оттогаш англискиот монарх го назначува Архиепископ Кантербериски кој е поглавар на црквата. Моментален архиепископ е Џастин Велби (2013-).

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Гледхил, Рут. „Католиците ќе ги надминат англиканците како водечка црква во Британија“, „The Times“, 15 февраури 2007. (англиски)
  2. „Историја на Црквата на Англија“. Совет на Архиепископот на Црквата на Англија. конс. 24 мај 2006.  (англиски)
  3. http://www.cofe.anglican.org/about/churchlawlegis/canons/church.pdf
  4. http://www.cofe.anglican.org/about/churchlawlegis/canons/church.pdf