Планктон
Планктон — име за ситните микроскопски растителни и животински организми што лебдат во морето или во копнените води — бари, реки или езера и се носени од водната струја. Планктонот е највидлив во мирните води како што се барите или езерата. Со нив се хранат многу видови, вклучувајќи и некои од најголемите — китовите.
Во планктонски организми спаѓаат оние форми кои пасивно пловат со помош на водната струја (иако еден дел од нив може да се независно подвижни) и ја населуваат пелашката зона на океаните, морињата или слатководните екосистеми. Планктонските форми се сметаат за едни од најважните организми на Земјата како резултат на храната што ја обезбедуваат за поголемиот дел од живиот свет во водата.
Самиот планктон може да се подели на холопланктон (видови кои целиот свој животен циклус го минуваат како дел од планктонската заедница) и меропланктон (видови кои се планктонски за само дел од животниот циклус). Пример за холопланктонски организми се повеќето алги, копеподи, салпи и некои медузи, додека меропланктонски се најчесто ларвите од животните.
Според трофичкото ниво, планктонот е поделен на три групи:
Поврзано
уредиОваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |