Паун
Индиски паун
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: ’Рбетници
Класа: Птици
Ред: Кокошковидни
Семејство: Фазани
Род: Пауни
Linnaeus, 1758
Видови

индиски паун (P. cristatus)
јавански паун (P. muticus)

Паун (науч. Pavo) — род од два вида птици од семејството фазани. Африканскиот паун е сместен во посебен род, (Afropavo), но оваа статија не се однесува на него. Пауните се најпознати по својата екстравагантна опашка која ја отвораат како дел од додворувањето. Женскиот паун е кафен или сивокафен.

Двата вида пауни се:

Индискиот паун води потекло од Индискиот Потконтинент и претставува национална птица на Индија. Јаванскиот паун води потекло од Мјанмар до Јава. Подложен е на истребување заради прекумерното ловење, како и намалување на големината и квалитетот на животната околина.

Таксономија

уреди

Индискиот паун е монотипен, додека пак јаванскиот има 3 подвида, P. muticus spicifer, P. m imperator и номинираниот P. m. muticus.[1]

Двата вида пауни се главно алопатрички, но се вкрстуваат во заробеништво. Додека формата на јавански паун во Јинан не е таксономски одделен, тој се разликува од другите форми по неколку аспекти, особено по неговите шумски навики, необичниот клун, интересно долгиот заден ножен прст, и подолгите и повитки крилја.[2] Според некои, тоа е нов подвид.

Некои одгледувачи на фазани велат дека јаванскиот паун може да има повеќе подвидови.[3][4]

Пауните некаде ги среќаваме во посебно семејство од фазаните.[5]

 
Јавански паун

Перје

уреди

Машкиот индиски паун има светкаво-прелеаво синозелено или зелено перје. Таканаречената „опашка“ всушност не е вистинска опашка, туку многу издолжено перје на задникот. Опашката има низа очи кои најдобро се гледаат кога таа е отворена. Обата вида имаат пувки на главата.

Женскиот индиски паун има перје по боја мешано тапо-зелено, кафено и сиво. Нема издолжено перје, но има пувка. Женките исто така можат да го рашират своето перје за да им укажат на опасност на младите или пак да се заканат на други женки-сопернички.

Јаванскиот паун е многу различен по изглед од индискиот. Мажјакот има повеќе зелено, па дури и златесто прје од индискиот, а има и појарки бои. Крилјата им се црни со син сјај. Пуфката е сосема различна по облик и е праменеста.

За разлика од индискиот паун, јаванската женка е мошне слична со мажјакот, со само пократко издолжено перје и помалку прелеани бои. Разликувањето на млад мажјак и возрасна женка е многу тешко.

Многу од јарките бои на паунот се должат на појавата на оптичка бранова интерференција (Брегов отсјај) заснована на (речиси сосема) периодни наноструктури во барбули (влакнести компоненти) на перјето.

Разните бои соодветствуваат на различни должински степени на периодните структури. за кафени перја, потребна е мешавина од црвено и сино: една боја се создава со периодна структира, а друга со врвот на Фабри-Перова интерференција од одсјаите на најнадворешните и највнатрешните граници на периодната структура.

Поведение

уреди
 
Поглед на перјето на индиски паун одзади

Пауните се шумски птици кои се гнездат на земја. Меѓутоа двата главни вида се гнездат на дрва иако се хранат од земја.

Се смета дека обата вида се полигамни. Меѓутоа, се смета и дека „женките“ кои влегуваат во територијата на мажјаците[6] се впрочем негови млади и дека јаванскиот паун е всушност во природата е моногамен. Оние кои го сметаат ова ги наведуваат сличностите помеѓу половите.

Во сезоната за парење често испуштаат многу гласни и високи крици.

Исхрана

уреди

Пауните се сејадни и јадат растителни делови, цветни ливчиња, семки, инсекти и други членконоги, влекачи и водоземци.

Заедничко со другите членови на редот кокошки им е што мажјаците имаат стапални боцки кои главно ги користат во борби.

Живеалиште

уреди

Азиските пауни спаѓаат во ниша слична на земните кукавици, секретарите и каријамата. Сите овие птици ловат мали животни како членконоги на земјата и високата трева и крапчиња во потоци. Заради човековото вмешување во нивните природни територии, пауните и луѓето доаѓаат во сѐ поголем контакт. Заради нивната природна убавина некои не сакаат да ги прогласат за штетници, но нивното присуство може да предизвикува вознемирувања.

Паунот како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Златната јаболкница јаболко и деветте пауници“ (Златна јабука и девет пауница) - српска народна приказна.[7][8]
  • „Паунот пасе, тревата расте...“ (Паун пасе, трава расте...) - српска народна песна.[9]
  • „Пауница“ — песна на македонскиот поет Славко Јаневски.[10]

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
  1. Madge, S. и P. McGowan (2002), Pheasants, Partridges and Grouse. ISBN 0-7136-3966-0
  2. „www.rdb.or.id“. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 2007-09-14.
  3. „www.pavo-muticus-muticus.de“. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2007-09-14.
  4. PDF на германски[мртва врска]
  5. www.wpadeutschland.de
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2007-09-14.
  7. Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 39-47.
  8. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 59-71.
  9. Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 50.
  10. Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 32.